Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го поддржа својот поранешен колега од тимот, Луис Хамилтон, кој нема многу успешна прва сезона со Ферари.
„Луис е шампион, победник, а во сегашната ситуација не може да го постигне сето ова. Ако Луис се смееше од уво до уво во моментов, луѓето ќе се прашуваа зошто.
Отсекогаш сум го почитувал Луис и отсекогаш ми се допаѓал како личност. И не е баш убаво да се види возач кој не ужива во трките. Прашањето е, зошто би требало да ужива во она што се случува? Впрочем, на Луис не му се важни парите, туку резултатите. И сега тој не може ништо да направи. Но, сигурен сум дека во одреден момент ќе го среди тоа“, изјавил Расел.

