Author: saso

Напаѓачот на Арсенал, Леандро Тросар, е подготвен да потпише нов договор со „топчиите“. Според Би-Би-Си, Белгиецот јасно стави до знаење дека не сака да го напушти клубот, и покрај профитабилните понуди од Саудиска Арабија. Според изворот, 30-годишниот напаѓач ја потврдил својата посветеност на проектот на Микел Артета и веќе го информирал клубот за својата желба да остане. Тековниот договор на Тросар со Лондончани е до летото 2027 година. Страните разговараат за можно продолжување на договорот уште од јануари, но засега нема финален договор. Леандро Тросар настапи на 55 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 10 гола.

Read More

Последното коло од сезоната во Серија А е пред возбудлива завршница во една од најнеизвесните трки за титулата во поновата историја. Со оглед на тоа што Наполи води пред Интер со само еден бод, Скудетото виси на конец, бидејќи двата тима денеска ги имаат клучните натпревари. Интер, кој заостанува еден бод зад лидерот Наполи, патува кон Комо со надеж за Скудето. Победата е неспорно потребна за тимот на Симоне Инзаги, кој исто така мора да се надева дека Наполи ќе изгуби бодови против Каљари за да ја обезбеди титулата. Враќањето на клучните играчи Лаутаро Мартинез и Давиде Фратеси ги зголемува…

Read More

Некои од тенисерите на АТП и ВТА натпреварите потпишаа писмо со кое бараат поголем награден фонд на Грен Слем турнирите. Писмото беше доставено пред нивната средба со претставниците на Грен слем турнирите во Париз. Средбата е закажана за денес за време на Ролан Гарос, објави „Тајмс“. На истата ќе се појават дел од играчите кои се потпишаа на писмо во март со кое бараат зголемување на наградниот фонд. Тоа се тенисери кои во тоа време беа меѓу првите 10 на двете ранг листи. За потсетување, играчите исто така сакаат Грен слем турнирите да придонесуваат во програмите за социјално осигурување финансирани…

Read More
NBA

Шеј Гилџес-Александер ја доби наградата МВП на тековната сезона од комесарот на лигата Адам Силвер. Церемонијата се одржа пред вториот натпревар од финалето на Западот со Минесота. „Секогаш си фокусиран на тимот. Но, во исто време, му помогна на овој тим да го освои првото место во лигата и да постигне рекорден број победи во историјата на клубот. Ти си МВП на оваа сезона“, рече Силвер. На гласањето на новинарите, Гилџес-Александер доби 71 глас од вкупно 100.

Read More

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија денеска ги изрече казните за прекинот на напреварот од полуфиналето на домашното првенство меѓу екипите на МКК Куманово и МЗТ Скопје во салата „Перо Наков“ во Куманово. Кумановци се казнети со еден натпревар без присуство на гледачи од серијата против Работнички во битката за третото место во првенството и парична казна од 16.000 денари. Исто така МКК Куманово ќе мора да одигра уште три натпревари без публика во следната натпреварувачка сезона 2025/26, и да плати рекордни 384.000 денари како парична казна за инцидентот.

Read More

Младиот и перспективен десен бек Урош Митровиќ (20) во иднина ќе биде член на Вардар. Доаѓа од екипата на Тулуз во Франција, а зад себе има и интернационална кариера и во Полска и Австрија. Во Вардар треба да остане најмалку до јуни 2027 година. Леворакиот Митровиќ е репрезентативец на Србја и настапуваше и во квалификациите за ЕП 2026 година. Настапувал и за младинските селекции на Србија. Во моментов е дел од тимот на Тулуз. Играше и во Лига Европа каде екипата стигнаа до главната фаза. Пред да замине за Франција , една сезона играше во Австрија во екипата на Брегенц,…

Read More

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на фудбалерот на Реал (М), Родриго. Се вели дека крилниот напаѓач на Реал Мадрид ќе разговара за својата ситуација со Чаби Алонсо, следниот главен тренер на тимот. Како резултат на разговорот, тој може да одлучи да го смени клубот. Како што тврди англискиот печат, клубовите од Премиер лигата имаат намера да се натпреваруваат за Бразилецот. Манчестер Јунајтед и Арсенал се подготвени да дадат и официјални понуди за негов трансфер.

Read More

Даниел Карвахал и Едер Милитао веројатно ќе бидат подготвени за Светското клупско првенство. Дефанзивците на Реал се во последната фаза од закрепнувањето од повредите на вкрстените лигаменти и клубот е оптимист за нивното брзо враќање во игра. Милитао се повреди во ноември минатата година, додека Карвахал во октомври, но според Релево, тој веќе е „нетрпелив да излезе на теренот“. Реал Мадрид, споре дпрограмата, првиот меч на Светското клупско првенство ќе го има на 18 јуни против Ал Хилал.

Read More

Тренерот на Наполи, Антонио Конте се надева дека титулата, Наполи ќе ја потврди во последното коло. „Блиску сме до Скудетото, но треба да го направиме последниот чекор. Ќе мора да го направиме тоа дома пред нашите навивачи“, вели Конте. „Сезоната беше полна со тешкотии, но никогаш не се пожаливме. Добро е што завршува бидејќи губиме играчи. Во исто време, ние продолжуваме да се бориме. Се надевам дека овие момци ќе станат шампиони. За мене, победата би била потврда на целиот труд што го вложив во оваа сезона. Дадов сѐ од себе. Многу сум уморен и само чекам да заврши првенството“,…

Read More

Милан нема да игра во европските купови за првпат по шест години. „Росонерите“ загубија со 1:3 на гостински терен од Рома и пред последното коло го заземаат 9-тото место во Серија А и немаат шанси за квалификација на клупските турнири на Стариот континент. За разлика од нив, екипата на Рома ја задржа реалната шанса за квалификација и во Лигата на шампионите, бидејќи заостанува само еден бод зад Јувентус.

Read More