Шеј Гилџес-Александер ја доби наградата МВП на тековната сезона од комесарот на лигата Адам Силвер. Церемонијата се одржа пред вториот натпревар од финалето на Западот со Минесота.
„Секогаш си фокусиран на тимот. Но, во исто време, му помогна на овој тим да го освои првото место во лигата и да постигне рекорден број победи во историјата на клубот. Ти си МВП на оваа сезона“, рече Силвер.
На гласањето на новинарите, Гилџес-Александер доби 71 глас од вкупно 100.

