Екипата на Сандерленд денес на „Вембли“ успеа да стигне до пласман во Премиер лигата следната сезона, откако славеше со пресврат од 2:1 против екипата на Шефилд Јунајтед. Големиот камбек на „црните мачки“ дојде во второто полувреме. Шефилд денес беше подобриот противник, имаше неколку шанси, постигнаа втор гол (кој беше дискутабилно поништен), беа на дофат на 2:0 во неколку ситуации, и на крајот – загубија! Кембел ги донесе фудбалерите на Шефилд до водство од 1:0, а пресвртот на Сандерленд го најави во 76. минута со голот на Мајенда. Длабоко во судиското продолжение една голема грешка на средината направија фудбалерите на Шефилд…
Author: saso
26-годишниот Британец Џеј Кларк е победник на годинашново издание на АТП Челинџер 75 тунриот Macedonian Open откако во финалето кое траеше 84 минути го победи квалификантот Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 (62 63). За триумфот на тунирот тој освои 75 поени и 1920 евра, додека Фатиќ освои 44 поени и 7.620 евра.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас имаше квалитетни настапи во дресот на Торино оваа пролет, но се уште не се знае дали ќе продолжи кај „биковите“ со оглед на тоа што е позајмен играч од Лајпциг со кого е под договор до 30 јуни 2028 година. Меѓутоа повеќе од јасно е дека оваа средина и Италија како држава повеќе му лежи на Елмас и тоа самиот го признава. „Се чувствувам одлично во Торино, храната е добра и животот е добар, враќањето во Италија беше прекрасно. Тука е поинаку отколку во Германија, таму се се затвора во 18 часот и нема никој…
Наполи е новиот шампион на Италија по пауза од две години што е голем успех за овој тим кој претходно долго време чекаше на Скудетото од времето на славниот Диего Армандо Марадона. Наполитанците во клучниот меч синоќа го добија Калјари со 2-0, а стрелец на еден од тие погодоци беше Ромелу Лукаку. „Чувствувам толку многу емоции во моментов. Трогнат сум за тимот и овие играчи, работевме толку напорно, но успеавме и тоа е најважното“, истакна Ромелу, кој има неверојатни бројки под водство на Антонио Конте, 78 голови и 27 асистенции на 133 натпревари. „Сите победивме, јас бев само мал дел…
Ливерпул и Баер се во засилени преговори за трансфер на Флоријан Вирц. Според новинарот Флоријан Плетенберг, Леверкузен се стреми да постигне брз договор за 22-годишникот. Сега многу зависи од првата понуда на Ливерпул. Англискиот шампион е подготвен да понуди и пари и играч за Вирц. Баер моментално бара голман, централен дефанзивец, напаѓач и замена за Вирц. Ливерпул има неколку квалитетни опции кои за Баер ќе бидат добредојдени.
„Марка“ објави дека раководството на Реал (М) дало зелено светло за ангажирање на Жулио Баптиста како тренер и тој ќе работи во некоја од категориите во младинската академија на шпанскиот клуб. Популарниот „Ѕвер“ своевремено дојде во Реал како напаѓач во 2005 година и за него на Севилја и беа платени 20 милиони евра, a остана на „Бернабеу“ до 2008 година. Според „Марка“, иако не помина многу години во Реал, тој со својот однос и начинот на кој се раздели со мадридскиот состав си оставил отворена врата и останал во одлични односи со менаџментот.
Ансу Фати е многу блиску до преселба во Монако. Францускиот клуб работи на потпис со 22-годишниот крилен напаѓач. Страните преговараат за позајмица со опција за откуп за Монако и последователна опција за откуп за Барселона. Клубовите речиси постигнаа договор. Самиот фудбалер е заинтересиран за трансферот. Ансу Фати одигра 11 натпревари за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона и не постигна ниту еден гол.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, би можел да се врати во Италија. Според информациите на инсајдерот, Фабрицио Романо, Интер се вклучил во борбата за 22-годишниот дански фудбалер. Клубот од Серија А го разгледува напаѓачот како засилување во летниот преоден рок. Претходно беше објавено дека уште два италијански тима, Јувентус и Наполи, се заинтересирани за Хојлунд. Во април се дозна дека Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со играчот за 60 милиони евра. Хојлунд играше во Серија А за Аталанта, а оваа сезона, Данецот одигра 51 натпревар на сите турнири за англискиот клуб, постигнувајќи 10 гола и запишувајќи две…
Манчестер Јунајтед им даде приоритет на продажбите на Маркус Рашфорд, Антони и Џејдон Санчо како дел од реконструкцијата на тимот за идната сезона. Рашфорд, Антони и Санчо моментално се на позајмица и Јунајтед нема намера да ги врати во својот тим следната сезона. Кристијан Ериксен и Виктор Линделоф ќе бидат ослободени по истекот на договорите, додека се очекува Џони Еванс да се пензионира. Тајрел Маласија, кој е на позајмица во ПСВ Ајндховен, исто така е пред продажба. Јунајтед ја одреди цената за Рашфорд, која изнесува на 40 милиони фунти, Антони ќе биде достапен за околу 32,5 милиони фунти, додека Челзи…
Четирикратниот и актуелен шампион во Формула 1, Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, се огласи по одлуката на ФИА да воведе два задолжителни пит-стопа на трката за Големата награда на Монако. „Мислам дека постојат неколку можни сценарија. Трката може да биде многу едноставна, па дури и директна, или може да се претвори во целосна лудост со безбедносни автомобили, грешки во донесувањето одлуки и така натаму. Две застанувања во боксот ќе додадат малку зачин на трката. Со две застанувања во боксот, нè очекува уште една интересна трка. Луѓето ќе преземаат ризици, обидувајќи се да го пронајдат оптималниот момент за застанување…
