Author: saso

На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на младинскиот Евробаскет од Дивизијата „Б“, нашите млади кошаркари од селекцијата „Под 20“ години стартуваа за подготовките. Селекторот Горан Самарџиев се одлучи за еден поширок список од 23. кошаркари, од кои во наредните денови од подготвителниот период кој ќе биде реализиран во Скопје, односно во нашата „база“, салата на СРЦ „Кале“. „Почнуваме со надеж дека ќе имаме една успешна приказна ова лето. Одлучив да им дадеме шанса на сите потенцијални кандидати, оттука на првите тренинзи ќе имаме и поголем број на кошаркари. Оправдано, на почетокот не можеме да сметаме на некои од…

Read More

Белгиската фудбалска репрезентација во Скопје ќе допатува без својот најдобар голман Тибо Куртоа. Како што потврдија денеска од Белгиската федерација, Куртоа е повреден и нема да се појави на денешниот собир на Белгијците, пред нивното доаѓање во Скопје. Станува збор за повреда на долниот дел од грбот поради која Куртоа ќе мора да се рехабилитира меѓу две и осум недели. Од неговиот клуб Реал (М) најавија дека тој ќе се опорави за натпреварите на Светското клупско првенство. Македонија ја пречекува Белгија во петок на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.

Read More

Челзи е во преговори со Борусија Дортмунд за трансфер на крилниот напаѓач Џејми Бајно-Гитенс и сака да го заврши договорот пред двата клуба да стартуваат со настапи на Светското клупско првенство. Челзи е подготвен да даде понуда од околу 60 милиони евра, додека договорот на играчот вклучува откупна клаузула од приближно ист износ. Минатата сезона, напаѓачот учествуваше во 48 натпревари на сите турнири, во кои постигна 12 гола и направи пет асистенции. Тековниот договор на Бино-Гитенс со клубот е со важност до летото 2028 година.

Read More

Чаби Алонсо ја заврши приказната со Баер Леверкузен и се врати дома каде во иднина ќе го води шпанскиот великан Реал Мадрид. Реал по лошата сезона се одлучи да направи промени и Карло Анчелоти да го замени со Алонсо кој имаше добри резултати со „фармацевтите“. Ова за Чаби е камбек на „Сантијаго Бернабеу“ со таа разлика што сега ќе има поинаква улога и како тренер ќе треба да донесе успеси за сега веќе екс европскиот и шпански шампион. Стратегот веќе ја донел првата позначајна одлука, а таа се однесува на формацијата. Познато е дека Алонсо сака да игра со 3-5-2…

Read More

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна голем успех на 37. ЕТКФ Европскиот шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети и 7. ЕТКФ Европски куп за деца, кои на 31 мај и 1 јуни 2025 година се одржа во Неа Мудања, Грција. Македонската репрезентација освои вкупно 46 медали, од кои 12 златни, 13 сребрени и 21 бронзени медали. Најуспешни наши натпреварувачи беа Антонија Белазелкоска која стана европски шампион во кати за сениорки, Камелија Недев и Матеј Мангаровски кои станаа европски шампиони во енбу за јуниори, како и Матеј Мангаровски кој освои злато во кати во кадетска конкуренција и сребро во фукуго…

Read More

Tренерот на Интер, Симоне Инзаги, на денешната официјалната прес-конференција го најави финалето со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. „Одигравме 59 натпревари оваа сезона и само трипати имав можност да сметам на сите фудбалери. Утре е четврти таков случај и верувам дека ќе го одиграме најдобриот натпревар. Како фудбалер не успеав да стигнам до финале, најдалеку отидов во четврфинале, а сега еве вторпат имам шанса да бидам дел од финале. Можеби пред две години заслуживме повеќе, но да не заборавиме дека пред нас го имавме Манчестер Сити, кој во тој момент беше најдобар тим во светот. Знаеме каков ривал…

Read More

Ракометната федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за завршницата на Купот на Македонија во машка и женска конкуренција. ​Кај мажите за првото полуфинале меѓу Вардар и Алкалоид делегирани се Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека на вториот меч меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид ќе судат нашите најдобри судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Засега не се познати арбитрите за финалниот натпревар, ама голема е веројатноста честа да им припадне на Николов и Начевски. Од друга страна, на турнирот во Радовиш кај дамите првото полуфинале во кое играат Ѓорче Петров и Вардар ќе го судат Сања Божиновска и Адриана Здравковска,…

Read More

Баерн Минхен и официјално го објави трансферот на Џонатан Тах. Гигантот од Минхен потпиша договор со 29-годишниот централен дефанзивец до 30 јуни 2029 година. Тој се пресели во Баерн како слободен агент откако му истече договорот со Баерн. Како што објавија од клубот, тој во дресот на Баерн ќе настапи со бројот 4.

Read More

Наполи е уверен дека Антонио Конте ќе остане на тренерската позиција и следната сезона. Разговорот на тренерот со Де Лаурентис бил позитивен, откриваат извори од клубот. Италијанскиот шампион е уверен дека 55-годишниот стратег ќе остане на функцијата главен тренер, откако личниот разговор на Конте со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, завршил со насмевки. Конечната одлука ќе биде донесена многу скоро.

Read More

Интер во саботното финале на Лигата на шампионите ќе настапи со својот трет дрес во златно-жолта боја. Миланезите досега играа во шест финалиња на Лигата на шампионите/Европскиот куп, првото во 1964 година, и никогаш претходно не го користеле својот трет дрес во главниот европски натпревар. Бидејќи Парижаните се подготвуваат како домаќини на финалето, тие ќе го носат својот прв дрес со темно-сини шорцеви и дресови со бели и црвени пруги, па Интер не може да игра во своите класични црно-сини дресови. Сепак, Италијанците можеа да играат во вториот дрес со бело-сина комбинација, туку се решија за третиот комплетн. Можеби постои…

Read More