Наполи тргна во офанзива за напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез. Инсајдерот Фабрицио Романо објави дека италијанскиот клуб го контактирал Ливерпул пред неколку дена во врска со напаѓачот. Наскоро се очекуваат подетални разговори. Исто така, голем број клубови од Саудиска Арабија се заинтересирани за Нуњез уште од јануари. Во исто време, самиот напаѓач потецира дека е отворен за сите опции.
Author: saso
Стрелецот на победничкиот гол за Македонија попладнево во Астана, Александар Трајковски, по натпреварот вака го прокоментира мечот. „Сите голови се важни, без разлика кој ги дал. Најбитно е да победуваме. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар и најбитно е дека одигравме како вистински тим, се боревме до крај и ги освоивме трите бода. Одиме чекор по чекои и до крај на квалификациите ќе растеме како екипа и ќе издржиме да ја исполниме целта. Денеска беше многу тешко, особено што беше испрпувачки и тој меч со Белгија, но кој и да излезе на терен мора да го даде максимумот. Ние со…
Заменикот на Благоја Милевски, Роберт Стојановски, кој денеска беше на клупата на нашата селекција во Астана, на прес-конференцијата по мечот го анализираше дуелот и победата над Казахстан. „Да, одигравме две различни полувремиња. Точно знаевме каква состојба е на нашите играчи по оној дуел со Белгија. Да, свесно во второто полувреме се повлековме и се обидовме да тактизираме, да го чуваме резултатот. Во моменти можеби и кога немавме друга опција. Не секогаш кога играме добро победуваме. Против Велс или Белгија ете игравме добро. Казахстан да одигра во вториот дел добро, но ние точно знаевме каде е силата на Казахстан и неутрализиравме.…
Иако не одигравме супер-квалитетен натпревар, сепак најважно од се победивме. Македонија се враќа со трите бода од гостувањето кај Казахстан, откако попладневво на Астана Арената, момците на Благоја Милевски го победија домашниот тим со 0:1. Стрелец на победничкиот гол за нашата репрезентација беше Александар Трајковски во 33. минута, откако искористи една одбиена топка во противничкиот шеснаесетник и успеа да ја смести во подалечниот агол од голот на Казахстан. Домашните подобро го чувствуваа домашниот терен на вештачка трева, подобро се снајдоа во сите 90 минути, имаа неколку чисти и зрели шанси за израмнување, но на крајот не посака и среќата. Мрежата…
Фудбалерот на Вест Хем, Мохамед Кудус одби да се пресели во клуб од Саудиска Арабија. 25-годишниот играч од средниот ред на Вест Хем добил понуда со трипати поголема плата од сегашната во Лондон, но Ганецот го одби трансферот. Во исто време, Вест Хем можеше да добие околу 70 милиони фунти за неговата слобода. Претходно се тврдеше дека Ал-Наср, за кој игра Кристијано Роналдо, сакал да го потпише играчот.
Интер ја разгледува можноста за позајмица на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, со опција за откуп, објави „Газета дело Спорт“. Данскиот репрезентативец имаше тешка сезона со „црвените ѓаволи“ минатата сезона. Тој постигна 10 гола, но само четири од нив беа во Премиер лигата. Извршниот директор на Интер, Пјеро Аусилио, вчера бил во Лондон. Тој направил првичен контакт со „црвените ѓаволи“ за да ја дознае моменталната ситуација на Хојлунд. Јунајтед се чини дека е отворен за продажа на Данецот, а Интер планира да предложи договор за позајмица со клаузула за откуп во вредност од 45 милиони евра.
Арсенал го направи Родриго главна трансфер цел за позицијата крилен напаѓач. Арсенал верува дека 24 -годишниот бразилски репрезентативец е играчот кој може да игра одлучувачка улога во освојувањето на трофеи. Неколку луѓе од Арсенал, вклучувајќи и фудбалери, разговарале со крилниот напаѓач на Реал Мадрид за Арсенал и животот во Лондон. Арсенал ќе даде сериозна финансиска понуда доколку Родриго биде достапен на трансфер пазарот. Родриго треба да се сретне со новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, за да разговараат за неговата иднина во клубот.
Австралиската олимписка икона, Јан Торп пријавил кражба во неговиот дом во која биле украдени предмети и пари во вредност од 150.000 долари. Наводната кражба ја пријавил во полиција во Сиднеј во четвртокот. Петкратниот освојувач на златен медал од Олимписките игри доставил и дополнителни информации за украдените предмети, кои најверојатно биле осигурени. „Украдени му се некои работи од куќата – часовници, накит, некои лични предмети“, изјави менаџерот на Торп, Џејмс Ерскин.
Центарот и лидер на Њујорк Никс, Карл-Ентони Таунс е најверојатната причина поради отпуштањето на главниот тренер на тимот, Том Тибодо, објавил еден од извршните директори на тимовите во НБА лигата. „Се сеќавате ли кој беше во Тимбервулвс кога Тибодо беше отпуштен во 2019 година? Кој го претставуваше Карл-Ентони Таунс во тоа време? Леон Роуз, сегашниот претседател на Никс. Не би ме изненадило ако Таунс им кажал директно на Леон Роуз и Џејмс Долан дека повеќе не сака да работи со Тибодо. Леон секогаш е внимателен кон своите играчи, поради што беше толку вреден како агент“, изјавил еден од првите луѓе…
Братот на Џуд Белингам, Џоб кој настапува за екипата на Сандерленд, е многу блиску до трансфер во Борусија Дортмунд. 19-годишниот англиски играч од средниот ред одлучил да се пресели во клубот каде што играше неговиот постар брат Џуд пред да замине во Реал. Според „Тајмс“, договорот е пред реализација, а Сандерленд треба да добие 25 милиони фунти (околу 30 милиони евра). Минатата сезона, Белингам одигра 43 натпревари во Чемпионшип, постигна 4 гола, направи 3 асистенции и му помогна на клубот да се врати во Премиер лигата преку плејофот.
