Центарот и лидер на Њујорк Никс, Карл-Ентони Таунс е најверојатната причина поради отпуштањето на главниот тренер на тимот, Том Тибодо, објавил еден од извршните директори на тимовите во НБА лигата.
„Се сеќавате ли кој беше во Тимбервулвс кога Тибодо беше отпуштен во 2019 година? Кој го претставуваше Карл-Ентони Таунс во тоа време? Леон Роуз, сегашниот претседател на Никс. Не би ме изненадило ако Таунс им кажал директно на Леон Роуз и Џејмс Долан дека повеќе не сака да работи со Тибодо. Леон секогаш е внимателен кон своите играчи, поради што беше толку вреден како агент“, изјавил еден од првите луѓе на НБА тимовите.

