Австралиската олимписка икона, Јан Торп пријавил кражба во неговиот дом во која биле украдени предмети и пари во вредност од 150.000 долари. Наводната кражба ја пријавил во полиција во Сиднеј во четвртокот.
Петкратниот освојувач на златен медал од Олимписките игри доставил и дополнителни информации за украдените предмети, кои најверојатно биле осигурени.
„Украдени му се некои работи од куќата – часовници, накит, некои лични предмети“, изјави менаџерот на Торп, Џејмс Ерскин.

