Дефанзивецот на Емполи, Лука Маријанучи, е нов играч на италијанскиот шампион Наполи, објави клубот од Неапол, потпишувајќи петгодишен договор со 20-годишниот Италијанец. Според информациите во италијанскиот печат, зделката е вредна 9 милиони евра. Во сезоната 2024/25, Маријанучи одигра 24 натпревари во сите натпреварувања, имаше 2 асистенции и доби 2 жолти картони и 1 црвен картон.
Author: saso
Младиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Андреј Стојчевски, кој на мечот со Белгија дебитираше во првиот состав на нашата репрезентација, останува во екипата на Словачко и за следната сезона. Како што објави чешкиот тим, кој во пролетната полуетапа од минатата сезона го позајми Стојчевски од екипата на Жилина, постигнат е договор меѓу двата клуба за откуп на договорот на нашиот репрезентативец, кој потпиша договор со Словачко до летото 2028 година.
Лучијано Спалети се повлече од селекторската функција во италијанската репрезентација и повторно може да ги разгледува опциите кои ги има за наредната етапа во тренерската кариера. Италијанските медиуми тврдат дека Спалети добил понуда од Ал Наср и истата подразбира годишна плата од 18 милиони евра, сума до која искусниот стручњак сигурно не може да се надева во Европа. Клубот од Саудиска Арабија стапил во контакт со агентот на Спалети веднаш по прес-конференцијата на која најави заминување, па сега тој треба да одлучи дали сака да се пресели во Ријад и да соработува со Кристијано Роналдо и другите ѕвезди на Ал…
Младите ракометари на Еурофарм Пелистер не успеаја да приредат сензација на завршницата на младинскиот фајнл-фор во Лигата на шампиони. Дански ГОГ славеше против македонскиот тим со убедливи 36:21. Во финалето данскиот клуб ќе игра со подобриот од Веспрем и Барселона. Хаџиќ и Буторац со по четири погодоци беа први стрелци кај македонскиот тим. За младите ракометари на Пелистер учеството на Ф4 завршницата останува големо искуство за во иднина.
Португалскиот великан Бенфика ќе настапува на Светското клупско првенство, а еден од членовите во тимот ќе биде и Алваро Карерас. Овој фудбалер одамна го привлече вниманието на Реал Мадрид и шпанскиот клуб направил конкретен чекор пред одреден период во оваа насока, но понудата била одбиена од страна на Бенфика. Тоа го потврдил претседателот Руи Кошта, кој јасно ставил до знаење дека Реал ќе треба да ги исполни барањета на Бенфика ако сака да го добие Карерас во своите редови. – Не постигнавме договор со Реал Мадрид. – Карерас е фудбалер на Бенфика и ќе игра за нас на Светското клупско…
Денеска беше потпишан договор за стратешка соработка меѓу Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) и Natura Therapy. Договорот беше официјално потпишан од страна на претсавниците на компаниите, односно потпретседателот г. Младен Ѓуроски и претставник на Natura Therapy г. Сашко Дрвошански. Со овој договор, Ad Аstra – потбренд на компанијата Натура Терапи како синоним за спортот, фитнесот и рекреацијата, станува генерален спонзор на младинската кошаркарска лига, која од денес гордо ќе го носи името „Adastra младинска кошаркарска лига“. Ова партнерство заедно со финансиската поддршка ќе овозможи и реализација на серија долгорочни активности, кампањи и едукативни иницијативи кои ќе ја поддржат физичката активност,…
Норвежанецот Карстен Ворхолм го собори светскиот рекорд на 300 метри со пречки на митингот од Дијамантската лига во Осло одржан вчера. Ворхолм се врати дома и постигна време од 32,67 секунди, подобрувајќи го својот досегашен рекорд од 33,05 секунди поставен на првиот натпревар на патеката во Сјамен, Кина. Трката на 300 метри со пречки, дисциплина на која официјален статус ѝ беше доделен претходно оваа година, сè уште нема ратификуван светски рекорд.
Брајтон потпиша со 18-годишниот Харалампос Костулас. Грчкиот напаѓач ќе добие петгодишен договор и ќе му се приклучи на клубот на 1 јули, под услов успешно да ги заврши сите потребни регулаторни процедури. Костулас е производ на Олимпијакос и минатата сезона со тимот ја освои двојната круна во грчката лига и куп. Тој постигна седум гола и имаше две асистенции во 35 натпревари во домашното натпреварување и во Лигата на Европа. Според новинарот Бен Џејкобс, Брајтон ќе плати 35+2 милиони евра за 18-годишниот фудбалер.
Џовани ван Бронкхорст му се приклучи на стручниот штаб на Арне Слот во Ливерпул. Поранешниот дефанзивец на Барселона, Арсенал и холандски репрезентативец ќе го замени Џон Хејтинга, кој го напушти Ливерпул за да стане тренер на Ајакс. Последната работа на Ван Бронкхорст беше во Бешикташ, каде што го водеше турскиот клуб од јуни до ноември 2024 година.
Денеска стартува четвртото издание на меѓународниот турнир „Марко Божиновски9“, кој се одржува во чест на младиот ракометар, Марко Божиновски, чиј живот згасна прерано. Турнирот за првпат добива репрезентативен карактер, ќе учествуваат национални тимови до 17 години. Македонија ќе има две репрезентации „А“ и „Б“. Покрај нашите две селекции дел од меѓународниот турнир ќе бидат и Катар, Босна и Херцеговина, Србија и Романија. Отварањето е закажано во 18 часот на игралиштето „Марко Божиновски“, половина час по завршување свечената церемонија први на теренот ќе истрчаат Македонија А и Катар (18:30 часот), по што ќе следи мечот меѓу Србија и Романија.
