Author: saso

Француската ѕвезда од екипата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, би можел да се врати во игра за третиот натпревар на „кралевите“ на Светското клупско првенство против Салцбург во четврток, наговести шпанскиот тренер Чаби Алонсо по победата од 3-1 над Пачука во недела. Мбапе ги пропушти првите два натпревари на својот тим поради проблеми со стомакот. Французинот дури беше накратко хоспитализиран, но подоцна беше отпуштен. „Очекуваме да се врати. Мораме да ја следиме ситуацијата ден по ден“, рече Алонсо.

Read More

Долгогодишниот белгиски фудбалски репрезентативец Дрис Мертенс објави дека се повлекува од професионалниот фудбал. 38-годишниот фудбалер изјави дека сепак ќе игра на прошталниот натпревар на Марек Хамшик, неговиот поранешен соиграч во Наполи. Дрис Мертенс ги помина претходните три сезони со Галатасарај во турското првенство. Пред тоа, тој играше и за Утрехт, ПСВ и Наполи. Белгиецот помина девет сезони во италијанскиот клуб со кој двапати го освои Купот на Италија и еднаш Суперкупот на Италија.

Read More
NBA

Оклахома Сити Тандер е новиот шампион во НБА лигата. За првпат во својата историја, тимот предводен од Марк Дано триумфираше во седмиот натпревар од финалето против Индијана Пејсерс со резултат од 103:91 и успеа да го крене шампионскиот пехар. Тандер имаа најдобар настап и во регуларниот дел од сезоната, а во плејофот ги елиминираа Мемфис Гризлис, Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс. Најкорисниот играч во регуларната сезона, Шеј Гилџес-Александер, беше предводник на Оклахома и во решавачкиот меч синоќа со 29 поени, 12 асистенции и 5 скока. Џејлен Вилијамс додаде 17 поени, а Чет Холмгрен 16. Индијана ја загуби својата голема ѕвезда…

Read More
NBA

Кошаркарите на Индијана Пејсерс израмнија во финалето на НБА лигата на 3:3 и се изборија за „мајсторка“ која ќе одлучува за новиот шампион. На домашен терен против Оклахома Сити во финалето на плејофот, Индијана синоќа славеше убедливо со 108:91. Најефикасен играч во тимот на Индијана беше Оби Топин со 20 поени, додека Ендру Нембхард додаде 17 поени, а Паскал Сиакам имаше 16 поени и 13 скока. Шеј Гилџес-Александер ја предводеше листата на стрелци кај Оклахома со 21 поен, а Џејлен Вилијамс додаде 16 поени. Ова е првпат од 2016 година финалето на плејофот во НБА да има седми натпревар.

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е отпуштен од болница откако доби гастроентеритис за време на Светското клупско првенство. „Килијан Мбапе беше отпуштен од болница попладнево и се врати во тренинг базата на Реал Мадрид. Мбапе ќе продолжи со специфичен медицински третман и постепено ќе се враќа на целосна активност“, се вели во соопштението на клубот. Францускиот напаѓач Мбапе го пропушти првиот натпревар на Реал Мадрид на Светското клупско првенство против Ал Хилал, кој заврши 1-1 во среда. Тренерот Чаби Алонсо наговести дека Мбапе е под знак прашалник за следниот натпревар на Реал, против мексиканскиот тим Пачука во недела во…

Read More

Пари Сен Жермен претрпе изненадувачки пораз од Ботафого со 1-0 на Светското клупско првенство, со што ја прекина серијата од шест победи во сите натпреварувања. И покрај притисокот на ПСЖ, Ботафого ги покажа своите способности за одличен контранапад. Кон крајот на првиот дел токму еден брз контранапад заврши со шут на Игор Хесус од работ на шеснаесетникот, а топката отскокна од еден одбранбен играч на ПСЖ и го изненади Донарума, и заврши во неговата мрежа за водство на Бразилците. Ова беше првиот гол кој ПСЖ го прими во последните четири натпревари, а на крајот се покажа и како конечен резултат…

Read More

Вицешампионот Вардар 1961 денеска потврди дека со црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигна договор за продолжување на соработката. Моќниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања. Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство беше еден од клучните играчи во освојувањето на Куп титулата оваа сезона

Read More

16 членови на ултрасите на Интер и Милан се осудени на затворски казни поради врски со мафијата. На 30 септември 2024 година, 19 лица беа уапсени под сомнение за изнуда и други кривични дела, вклучувајќи неколку членови на ултрасите на Интер и Милан. Повеќето од уапсените се поврзани со мафијашки семејства од Калабрија и се верува дека извршиле сериозни кривични дела поврзани со фудбалскиот бизнис, вклучувајќи изнуда на пари од продажба на билети и пијалоци на Сан Сиро и мито од изнајмување паркинг места во близина на стадионот, како и употреба на „мафијашки методи“. 16 членови на ултрасите на Милан…

Read More

Интер продолжува со преговори за трансферот на Анж-Јоан Бони. Миланскиот гигант понуди 22 милиони евра, плус 3 милиони во бонуси за 21-годишниот напаѓач на екипата на Парма. Страните сè уште не постигнале договор за износот на трансферот, бидејќи Парма сака да добие 25 милиони евра без да ги подели на фиксен дел и бонуси. Минатата сезона, Анж-Јоан Бони постигна 6 гола и имаше 4 асистенции во 37 натпревари во Серија А.

Read More

Манчестер Јунајтед би можел да плати 47 милиони евра за трансфер на 32-годишниот голман на Астон Вила, светскиот шампион со Аргентина, Емилијано Мартинез. Ова го објави новинарот и инсајдер Бен Џејкобс. Според изворот, договорот е во рана фаза. Самиот Мартинез јасно стави до знаење дека е заинтересиран да им се придружи на „црвените ѓаволи“. Се забележува дека клубот од Бирмингем не ја исклучува можноста желбата на Аргентинецот да биде исполнета. Исто така, се нагласува дека „црвените ѓаволи“ сè уште не одлучиле за конечната замена на Андре Онана.

Read More