Тренерот на Баерн (M), Винсент Компани, по осминафиналниот натпревар од Светското клупско првенство со Фламенго кој неговиот тим го доби со 4:2 зборуваше со голема почит кон Лерој Сане, за кого ова беше последен за во клубот од Минхен. „Немам ништо друго освен почит кон него. Кога делиш соблекувална со некого, има нешто посебно во тоа. Победивме заедно во Манчестер Сити и продолживме да победуваме тука. Мојот однос со него секогаш ќе биде добар. Му посакувам се најдобро“, рече Компани. За мечот со Фламенго и оној следниот со ПСЖ во четвртфиналето додаде: „Мислам дека беше одличен натпревар за навивачите. Среќни…
Author: saso
Македонскиот фудбалски интернационалец, Никола Ѓорѓев има нов клуб и во иднина ќе настапува во Португалија. Офанзивецот скоро низ целата своја кариера настапува во Швајцарија или поточно мал исклучок беше кратката епизода во холандски Твенте. Сега тој ќе го носи „црно-белиот“ на Фаренсе, клуб кој е формиран 1910 година. -Португалскиот фудбал отсекогаш бил атрактивен за мене и сега сакам да се покажам. Горд сум и благодарен што ќе носам дрес на ваков историски клуб, -порача Ѓорѓев кој во последната кампања за Арау постигна 7 гола и запиша 12 асистенции.
Македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ е нов главен тренер турскиот прволигаш Тофаш од Бурса. Рајковиќ во својата тренерска интернационална кариера има работено во Шљонск Вроцлав, Стал Остров Вјелкополски, Астана, Автодор Саратов и ЦСКА Москва. Во ЦСКА беше помеѓу 2022 и 2024 година, а потоа околу една година беше без ангажман. Тофаш е двократен првак на Турција, и под водство на Рајковиќ следната сезона ќе се обидат да им ги замрсат сметките на моќните евролигаши Фенербахче и Анадолу Ефес.
На плоштадот во Тетово, синоќа, свечено беше отворено годинешното издание на БВА Балканскиот шампионат во одбојка на песок до 22 години мажи и жени. Вкупно 15 екипи од шест балкански земји овие три дена ќе понудат талент, фер-плеј и спортско уживање на македонската одбојкарска јавност, особено на жителите на Тетово. Македонија веќе традиционално е организатор на БВА Балканските шампионати во одбојка на песок за помлади категории на играчи, кои се вистинска летна атракција за љубителите на одбојката. Во рамките на првиот ден од натпреварите, нашиот пар во машка конкуренција, Филип Станков/Христијан Смилков претрпеа два порази од двојките од Молдавија и…
Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е најновото име во составот на „гладијаторите“ кои за следната сезона подготвуваат сериозен проект кој треба да влезе во битка со Е. Пелистер, Вардар и Алкалоид за домашните трофеи. Ѓукиќ се враќа во Македонија по една година, со договор со охриѓани на две години. Ѓукиќ минатата сезона ја помина во Динамо Букурешт, а сега треба да биде одлично засилување за Охрид во походот кон врвот на македонскиот ракомет.
Алваро Мората се согласи на преселба во Комо. Клубот официјално му испратил понуда на 32-годишниот напаѓач за потпишување договор, а фудбалерот, кој игра за Галатасарај како позајмен од Милан, се согласил на трансферот. Тој планира да го напушти турскиот клуб и повторно да се врати во Италија. Се очекува наскоро да започнат преговори меѓу Милан и Галатасарај за раскинување на позајмицата. Комо веднаш штом се создадат услови ќе започне разговори со „росонерите“ за висината на трансферот.
Манчестер Јунајтед е многу блиску до потпис со Брајан Мбемо од екипата на Брентфорд. Според ЕСПН, главните детали од договорот веќе се договорени. Преговорите во моментов се фокусирани на дополнителни услови и структура на плаќање. Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 60 милиони фунти, а дополнителните трошоци го доближуваат договорот до 65 милиони фунти. Извори од клубот изјавија дека разговорите „напредуваат позитивно“ и дека клубот е сè поуверен дека може да се постигне договор.
Карлос Саинц Сениор одлучи да не се кандидира за претседател на ФИА. Тој потврди дека нема да учестува на претстијните избори во ФИА. Двократниот шампион на светскиот шампионат во рели и трикратен победник на релито Дакар, кој е татко на возачот на Ф1 тимот Вилијамс, Карлос Саинц, одлучи да не се кандидира на претседателските избори иако претходно беше објавено дека ќе се натпреварува со актуелниот претседател на ФИА, Мохамед бин Сулајем, за претседателското место. „Со оваа порака сакам јавно да потврдам дека донесов конечна одлука да не се кандидирам за функцијата претседател на ФИА и да не учествувам на претстојните…
Само неколку часа откако Реал (М) ја освои 16-тата титула во Шпанија, Џанан Муса најави дека го напушта Реал Мадрид и заминува во составот на Дубаи со тригодишен договор. Муса штотуку ја обезбеди својата втора титула во АЦБ лигата со Реал (М), а решавачкиот финален натпревар против Валенсија беше неговиот последен во дресот на Реал Мадрид. Откако пристигна во Мадрид во 2022 година, репрезентативецот на Босна и Херцеговина ја освои Евролигата во 2023 година, две титули во АЦБ лигата, Купот на Шпанија (2023) и два Суперкупа на Шпанија. Со преселбата во Дубаи, Муса се враќа во АБА лигата, каде што…
Далас Маверикс го избра Купер Флег како прв пик на НБА драфтот одржан синоча во Њујорк. Во неговата единствена колеџ сезона, Флег го предводеше Универзитетот Дјук до Ф4 турнирот на НЦАА лигата и беше прогласен за најкорисен колеџ играч. Сан Антонио го избра Дилан Харпер како втор пик. Поранешниот бек на Универзитетот „Ратгерс“, додека Филаделфија го избра ВЈ Еџкомб како трет пик, а Шарлот го искористи четвртиот пик за да го добие Кон Нупел, додека Јута го избра Ејс Бејли како петти пик. Втората рунда од драфтот ќе се одржи ноќта меѓу четврток и петок.
