Формула 1 тимот на Заубер објави дека отвора нов технолошки центар во Бистер, Британија. Центарот ќе служи како база за британските инженери во Заубер, кој ќе стане фабрички тим на Ауди во 2026 година. Менаџерот на проектот на Ауди Формула 1, Матија Биното, нагласи дека центарот ќе ја поддржува главната база на тимот во Хинвил, Швајцарија, и ќе игра важна улога во долгорочниот успех на тимот.
Author: saso
Американскиот фонд „Бекет Лејн Венчрс“ стана сопственик на италијанскиот клуб Монца. „Бекет Лејн Венчрс“ е фирма за ризичен капитал со седиште во Ларчмонт, Њујорк, и го предводи конзорциумот што го купи клубот. Вкупната вредност на зделката се проценува на околу 45 милиони евра, што е околу половина од годишниот промет на клубот. Конечната проценка беше под влијание на испаѓањето на тимот во Серија Б на крајот од минатата сезона. Американската група инвеститори го вклучува и Брендон Бергер, поранешен директор за маркетинг на Челзи. Договорот е структуриран на следниов начин: 80% од акциите на клубот ќе бидат префрлени ова лето, а…
Победата на Борусија Дортмунд над Монтереј (2:1) со што стана последниот учесник во четвртфиналето на Светското клупско првенство, веќе се познати комплетните четвртфинални двојки. Флуминенсе (Бразил) – Ал-Хилал (Саудиска Арабија) – 4 јули (21:00) Палмеирас (Бразил) – Челзи (Англија) – 5 јули (03:00) ПСЖ (Франција) – Баерн (Германија) – 5 јули (18:00) Реал Мадрид (Шпанија) – Борусија Д (Германија) – 5 јули (22:00)
Mинистерот за спорт во Владата на Р. Македонија, Борко Ристовски, одржа прес-конференција на која даде отчет за работата, остварувањата и предизвиците на Министерството за спорт во изминатите 12 месеци. Според Ристовски, во оваа прва година од неговото министерување се исплатени рекордни 20 милиони евра како директни инвестиции во спортот. Меѓу другото се исплатени уште 550 милиони денари кои биле заостанати од минатата година кога тој не беше Министер, како и дополнителни средства предвидени со првиот дел од субвенционирањето на клубовите за оваа 2025 година. Ристовски напомена дека се започнати голем број на инфраструктурни инвестиции за спортот од кои за дел…
Магазинот „Атлетик“ неодамна објави дека Џони Еванс, кој ја заврши својата играчка кариера, ќе остане во Манчестер Јунајтед како специјалист за развој на млади играчи. Тој ќе ги надгледува позајмувањата, ќе идентификува соодветни клубови за играчите и ќе го следи напредокот на талентите. Еванс би можел да помогне во развојот на 18-годишниот нов фудбалер на тимот, Енцо Кан-Бијик, кој ќе биде испратен во Лозана на позајмица веднаш по потпишувањето на договорот. Јунајтед, исто така, го продолжи договорот со голманот Том Хитон за една година.
Мишел Канг e новата претседателка на францускиот фудбалски гигант Олимпик Лион, соопшти прес-службата на францускиот клуб. 66-годишната корејско-американска бизнисменка, која е во одборот на Лион од 2023 година, ќе го замени Американецот Џон Текстор, кој го напушти одборот. Канг е првата жена претседател во историјата на клубот. Михаел Герлингер, кој помина 18 години во Баерн, е назначен за извршен директор на Лион. Неговата последна позиција во клубот од Минхен беше потпретседател за спортски бизнис и натпревари. Претходно, Националниот оддел за контрола и управување (DNCG) ги исфрли седумкратните француски шампиони во Лига 2 поради финансиски проблеми. Клубот не се согласи со…
Тоа што сагата за Брајан Мбемо се одолговлекува е типично за трансфер пазарот, а особено за Манчестер Јунајтед. Трансферот на Мбемо во Јунајтед изгледаше како завршена работа веќе неколку недели, а речиси еден месец се зборуваше за разлика од 5-10 милиони евра меѓу Манчестер Јунајтед и Брентфорд. Според Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, Јунајтед оваа недела доставил втора понуда за Мбемо вредна 65 милиони евра со фиксни бонуси од 9 милиони евра. Брентфорд ја одбил, сакајќи повеќе. Сем Табуто од „Стандард“, специјалист за Брентфорд, објави дека договор ќе биде постигнат наскоро, со тоа што дел од бонусите Манчестер Ј. ќе ги…
Јувентус сериозно му се закани на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, доколку тој не се согласи да си замине. Имено, од Јуве велат дека Влаховиќ ќе биде исфрлен од првиот тим. Според „Газета дело Спорт“, 25-годишниот напаѓач има намера да го одработи својот тековен договор до 2026 година, а потоа да замине како слободен агент. Договорот на Србинот со Јуве вклучува 7,5 милиони евра со годишно зголемување на платата, која ќе достигне 12 милиони во сезоната 2025/26. Јувентус бара начин како да се ослободи од него, но тој очигледно нема намера да прифати ниту една од понудите кои стигнаа за него…
Откако вчера стана јасно дека нема да остане во Милан по истекот на позајмицата од Рома, Тами Абрахам веќе има нов клуб. Тој по се изгледа ќе ја продолжи кариерата во Бешикташ. Турскиот клуб постигна договор со Рома за трансфер на англискиот напаѓач, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Договорот е вреден околу 20 милиони евра. Абрахам се согласил на трансферот, и денеска се подготвува да отпатува за Турција.
Ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Џејмс Харден (35) ќе ја одбие опцијата од неговиот тековен договор од 36,3 милиони долари и ќе потпише нов двегодишен договор од 81,5 милиони долари со Клиперси, јави инсајдерот Шамс Чаранија. Втората година од новиот договор е делумно загарантирана. Минатата сезона, Харден имаше просек од 22,8 поени, 5,8 скока, 8,7 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар, а исто така беше и лидер во лигата по број на постигнати тројки (129). Харден одигра 79 натпревари, што е негов најдобар скор од 2016-17 година.
