Author: saso

Екипата на Ливерпул ќе ги започне своите предсезонски подготовки следната недела. „Црвените“ требаше да се сретнат за првпат во петокот, но нивните планови се променети по трагедијата и смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Раководството на Ливерпул го одложи почетокот на тренинзите на тимот, а во саботата, голем дел од играчите и тренерскиот штаб на клубот присуствуваа на погребот на Жота во Португалија. Денес стана јасно дека на играчите на Ливерпул им се дадени дополнителни денови за одмор и треба да се јават на тренинг во вторник.

Read More

Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди и официјално е играч на Арсенал. Фудбалерот кој е производ на академијата на Реал Сосиедад има импресивни 236 настапи за првиот тим во сите натпреварувања, кулминирајќи со триумф во Купот на Кралот во април 2021 година, кога Реал Сосиедад го победи градскиот ривал Атлетик Билбао. Во сезоната 2022/2023, играчот од средниот ред беше непоколеблив стартер, помагајќи му на својот тим да го освои четвртото место во Ла Лига – највисокото достигнување на Сосиедад во последните години, кое му обезбеди учество во Лигата на шампионите за прв пат по една деценија.

Read More

Поранешниот играч на Парма, Анже-Жоан Бони, се пресели во Интер. Младиот 21-годишен француски напаѓач потпиша петгодишен договор со „нероаѕурите“, до летото 2030 година. Клубовите официјално не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите во последните денови објавија дека Интер ќе ѝ плати на Парма 23 милиони евра отштета, плус уште три милиони во бонуси. Бони ја започна својата професионална кариера како тинејџер во францускиот Шатору, а игра за Парма од 2021 година.

Read More

Центарот на градот Гондомар стана место на тишина, сеќавање и тага – Диого Жота и неговиот брат Андре Силва беа погребани во црквата Матриз. Во срцето на трогателниот настан беа бројни великани на португалскиот фудбал, кои се собраа да им оддадат последна почит на талентираните играчи. Меѓу присутните беа селекторот на репрезентацијата Роберто Мартинез, легенди како Абел Ксавиер и Елдер Постига, како и Рикардо Карваљо, Данило Переира, Бруно Фернандес, Жоао Феликс, Фабињо, Тиаго Алкантара, Хозе Фонте, Адриен Силва и Бернар. Присутен беше и претседателот на Португалскиот олимписки комитет, Фернандо Гомеш, кој дополнително го покажа влијанието што Жота и неговиот брат…

Read More

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на новиот Национален тренинг центар за олимписко спортско стрелаштво со воздушно оружје на 10 метри. Тренинг центарот е лоциран во подземниот дел на салата „Наум Наумовски Борче“ во Скопје и е комплетно опремен со најсовремена опрема според стандардите на Светската стрелачка федерација. Министерството за спорт го обезбеди најголемиот дел од финансиските средства потребни за реализација на овој проект кој доби поддршка и од европската и светската стрелачка федерација како и од домашни спонзори и поддржувачи на стрелаштвото.

Read More

Томас Парти од Арсенал се соочи со сериозни обвиненија, откако три жени го обвинуваат за вкупно шест точки од обвинение за наводно силување и сексуален напад. Се вели дека инцидентите се случиле помеѓу 2021 и 2022 година, а истрагата е во тек. Наскоро се очекува судска постапка. Арсенал, клубот каде што играше Парти до неодамна, издаде кратко соопштение: „Договорот на играчот истече на 30 јуни. Поради тековниот правен процес, клубот не е во можност да даде понатамошен коментар за случајот“. Парти се приклучи во Арсенал од Атлетико Мадрид во 2020 година за 50 милиони евра.

Read More

Јувентус го објави потпишувањето на петгодишен договор со канадскиот репрезентативец Џонатан Давид, откако неговиот договор со Лил истече. 25-годишниот напаѓач потврди во мај дека ќе го напушти францускиот клуб како слободен играч ова лето, откако беше поврзуван и со трансфер во англиски клубови. Тој постигна 109 гола на 232 натпревари за Лил, додавајќи 30 асистенции, додека Давид им помогна да ја освојат титулата во лигата во сезоната 2020/21. Канаѓанецот беше дел од белгискиот Гент пред да се пресели во Лил во 2020 година. Јувентус соопшти дека ќе ја плати таксата од 10,8 милиони фунти поврзана со договорот во текот на…

Read More

Ливерпул ќе го исплати остатокот од договорот на Диого Жота на семејството на фудбалерот по неговата трагична смрт на само 28-годишна возраст. Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа во раните утрински часови во четврток во сообраќајна несреќа во Шпанија. Португалскиот репрезентативец Жота имаше уште две години од неговиот тековен договор со тимот од „Енфилд“, кој го потпиша во 2022 година.

Read More

Македонскиот фудбалер и поранешен репрезентативец Дориан Бабунски се враќа во Унгарија и ќе заигра за Ниреѓихаза, клуб со кој денеска потпиша двегодишен договор. Ниреѓихаза минатата сезона беше на осмо место во унгарската лига, а Бабунски ја познава лигата бидејќи претходно настапуваше за Дебрецин. „Многу сум среќен што се приклучив на клубот. Една од најдобрите сезони во кариерата ми беше кога играв во Унгарија и голема чест е што сега можам да се борам и да играм за Њиреѓхаза. Клубот, персоналот и играчите ме пречекаа фантастично. Би сакал да им се заблагодарам на сите што ја поддржуваат нашата работа во клубот…

Read More

Шпанскиот крилен напаѓач Нико Вилијамс, денеска го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035 година, соопштија од баскискиот клуб. Претходниот договор на играчот со клубот истекуваше во летото 2027 година. Иако цело време се пишуваше дека Барселона стигнала до последната фаза од преговорите за трансферот на Нико Вилијамс и е целосно уверена дека ќе може да го регистрира во блиска иднина, Вилијамс се одличи да остане во Атлетик. Минатата сезона, Вилијамс одигра 45 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 гола и имаше седум асистенции.

Read More