Ландо Норис испиша историја со победата на домашната трка за Големата награда на Велика Британија. Возачот на Мекларен, се запиша во историјата на Формула 1 откако стана 36-тиот возач во историјата на серијата што победил на домашна патека во Ф1. Норис стана 13-тиот Британец кој ја освоил Големата награда на Силверстоун. Претходни Британци кои победиле на патеката Силверстоун се Луис Хамилтон (9 победи), Џим Кларк (5 победи), Најџел Менсел (4 победи), Стирлинг Мос, Џеки Стјуарт и Дејвид Култхард (по 2 победи), Тони Брукс, Питер Колинс, Џејмс Хант, Џон Вотсон, Дејмон Хил и Џони Херберт (сите по 1 победа). Рекордот за…
Author: saso
Со победа од 3:0 над екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, Вардар со една нога зачекори кон 2. коло од квалификациите во Конференциската лига. Вечерва во Скопје, „црвено-црните“ одиграа две различни полувремиња, но на крајот ја израдуваа неколкуилјадната публика на Националната арена. По оние 0:0 во првото полувреме, на стартот на вториот дел Азар Омерагиќ го отвори резултатот за водство на освојувачот на Купот на Македонија. Со автоголот на Мацоти во 66. минута Вардар поведе со 2:0, а конечните 3:0 ги постави Мато со гол во 68. минута. Вардар можеше да постигне и уште некој гол, со оглед на…
Денеска и официјално е промовирана официјалната химна на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, насловена „Together We Shine“, со што симболично започнува финалното одбројување до настанот што ќе ја испише новата страница на спортската историја на нашата татковина. „Together We Shine“ е музичка прослава на заедништвото, младешката сила и олимписките вредности – сè она што го претставува ЕМОФ. Песната ја изведуваат четири големи музички ѕвезди од македонската сцена: Лара Иванова, Јанг Дади, Александар Тарабунов и Сара Мејс. ЕМОФ Скопје 2025 ќе се одржи од 20 до 26 јули, во Скопје, Куманово и Осиек, и ќе обедини над 4000…
РК Вардар објави дека има нови играчи со кои го зголемуваат својот играчки ростер за новата сезна. Во следните две сезони нови членови на „црвено-црните“ ќе бидат два средни бека, Јапонецот Харуки Кавада и Аргентинецот Николас Боно. Тие ќе се појават на подготовките на екипата на крајот од месецов. Харуки Кавада е 19 годиншен јапонски среден бек кој доаѓа од младинска репрезентација која играше на последното СП во Полска. Таму Јапонја се пласираше во втората фаза и го освои 16 место. Кавада на Азиското првенство минатата година беше прогласен за МВП. Го најавуваат како еден од идните најдобри играчи на…
Германскиот второлигаш Битигхајм денеска го промовираше нашиот репрезентативен голман Мартин Томовски како ново засилување за следната сезона. Томовски се сели во Битигхајм од екипата на Потсдам и потпиша договор до 2027 година. „Мартин Томовски е искусен голман кој ги докажа своите способности и во германската Бундеслига. Мартин остави многу добар впечаток кај своите претходни клубови и соиграчи, и на теренот и надвор од него. Тој ќе биде важен фактор во нашата цел – промоција во Бундеслигата“, изјави извршниот директор на клубот, Бастијан Шпалингер. Томовски вели дека е мотивиран за новиот предизвик: „Среќен сум и со нетрпение го очекувам следниот чекор…
На синоќешниот натпреварот меѓу Флуминенсе и Челзи во полуфиналето на Светското клупско првенство присуствуваа над 70 илјади гледачи. Избраниците на тренерот Енцо Мареска го победија бразилскиот клуб (2:0) во полуфиналниот натпревар кој се одигра во Ист Радерфорд, а ФИФА објави дека за мечот биле продадени точно 70.556 билети. Рекордот на посетеност на турнирот се уште му припаѓа на натпреварот ПСЖ-Атлетико (М) (4:0), кога во Пасадена присуствуваа 80.619 гледачи. Пред натпреварот помеѓу Флуминенсе и Челзи, беше објавено дека цените на билетите за полуфиналено ќе бидат намалени од 474 на 13 долари, но и тоа не успеа да го наполни стадионот до…
По сите пишувања во медиумите, литванскиот центар Јонас Валанчиунас зборуваше пред медиумите за своите планови и претстојното патување во Денвер. „Откако ќе биде завршена размената, ќе направиме план за патување во Денвер. Тимот ќе ја изнесе својата визија за ситуацијата, медицинските прегледи и сите детали. Од нив зависи. Многу работи беа веќе кажани, секакви мисли. Сè пукна како меур. Сè ќе стане јасно кога ќе се одигра првиот натпревар“, рече литванскиот центар. Минатата недела беше објавено дека Валанчунас отпатувал во Атина за да потпише договор со Панатинаикос, но тој нема да може да потпише договор со грчкиот клуб освен ако…
Интер е подготвен да му дозволи на турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу да си замине за сума од 30 милиони евра. Тоа е цената која италијанскиот клуб ја постави за негова продажба. Во исто време, Интер е решен само на брз договор, бидејќи има намера да го задржи играчот од средниот ред, сметајќи го за клучен играч. Доколку фудбалерот се појави на тренинг кампот, ќе биде отстранет од трансфер пазарот. Претходно беше објавено дека Галатасарај покажува интерес за Хакан Чалханоглу, но досега нема ниту една официјална понуда за него.
Екипата на Милан покажа интерес за фудбалерот на Монако, Вилфред Синго. На италијанскиот клуб му е понудено да го ангажира 24-годишниот дефанзивец, а „росонерите“ размислуваа за понуда од околу 15 милиони евра и бонуси која ќе ја достава во текот на овие денови. Сепак, францускиот тим смета дека вредноста на Синго е околу 20-25 милиони евра. Милан има и неколку други опции на позицијата дефанзивец, вклучувајќи ги Гела Дуе од Стразбур и Арчи Браун од Гент, како и Александар Зинченко од Арсенал.
Хамбург, најверојатно, ќе биде германскиот град кандидат за домаќин на Летните олимписки игри во 2040 година. Хамбург кој претходно беше попречен во својата кампања за ЛОИ во 2024 година, сега се натпреварува со Берлин, Лајпциг и Минхен како еден од германските кандидати за влез со кандидатура за организација на најголемиот спортски настан на планетата. Официјалната одлука за тоа кој град ќе ја претставува Германија на изборот не се очекува да биде донесе пред есента 2026 година, но градовите уште сега почнаа со своите видео-презентации на кандидатурите. Хамбург вчера објави специјално видео со тоа како ја замислува церемонијата на свеченото отворање,…
