Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби во мечот од првото коло на Челинџер 125 турнирот во Сан Марино. Поуспешен од него беше третиот носител Матео Гиганте од Италија, кој победи со 2-1 во сетови (6:7(10); 6:3 и 6:3) за 2 часа и 40 минути игра. Ивановски за победите во квалификациите и пласманот на главниот турнир ќе добие пет поени. Турнирот се игра за награден фонд од 181.250 евра.
Author: saso
Барселона се подготвува за разделба со тројца играчи пред почетокот на нивната азиска турнеја. Во рок од една недела, Каталонците сакаат да ги раскинат договорите со играчот од средниот ред Ориол Ромеу и голманот Инаки Пења, како и да го продадат напаѓачот Пау Виктор. Ромеу и Пења имаат уште една година од договорите, а доколку бидат раскинати предвреме, ќе добијат дел од преостанатата плата. Играчот од средниот ред е баран од клубови од Ла Лига, вклучувајќи ја и Џирона, каде што Ромеу играше како позајмен минатата сезона. Пења има понуди од странски клубови, но голманот би сакал да остане во…
Кошаркарот на грчки Панатинаикос, Џериан Грант, доби покана да игра за кошаркарската репрезентација на САД ова лето. Имено, 32-годишниот дефанзивен специјалист добил покана да и се приклучи на репрезентацијата на САД за ФИБА Американ Купот, кој ќе се одржи кон крајот на август во Никарагва. Во текот на изминатите две сезони, Грант ја зацврсти својата улога како еден од клучните кошаркари на Панатинаикос во Евролигата. Оваа сезона во Евролигата, тој имаше просек од 8,6 поени, 3,2 асистенции и 2,1 скока, помагајќи му на Панатинаикос да стигне до второто учество на Фајнал Фор во исто толку години. Грант има искуство играјќи…
На три дена до долгоочекуваната боксерска пресметка меѓу Украинецот Александар Усик и Британецот Даниел Дубоа, носителот на светската титула во тешка категорија, Усик, имаше интервју во кое зборуваше за очекувањата од борбата на „Вембли“. „Даниел е млад човек, опасен. Има добар удар, добри боксерски вештини. Морам да бидам внимателен бидејќи ова е бокс. Но, подготвен сум за борбата. Секогаш се подготвувам за 12 рунди. Но, ако има шанса, ќе го нокаутирам“, рече светскиот шампион Усик На 19 јули на стадионот „Вембли“, овие двајца боксери ќе имаат реванш за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија.
Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер ги изложи резултатите од планот на Одборот на гувернери на НБА за проширување на лигата. „Сè уште има многу што треба да се анализира и нема сигурност или прецизна временска прогноза. Одборот на гувернери не гласаше за ова прашање, но изрази интерес. Општиот консензус беше дека канцеларијата на лигата треба да направи прелиминарна процена. Почнуваме да правиме длабинска анализа, нешто што не сме го правеле претходно. Но, ова е само почеток. Едно од важните прашања ќе бидат локалните телевизиски преноси. Би било непрофесионално да се организира тим во градот и целата работа со локалните…
По вчерашниот пораз од Исланд, за женската младинска репрезентација на Македонија на Европското првенство во Црна Гора, остануваат уште три меча до крајот во разигрувањето за пласман од 17 до 24 место. Утре од 17 часот избраничките на селекторот Симе Симевски се среќаваат со селекцијата на Швајцарија. Тоа ќе биде првиот натпревар кој доколку успееме да го добиеме ќе дојдеме до битка за пласман од 17 до 20 место. Доколку бидеме поразени одиме во нови два меча од кои ќе зависи нашиот пласман од 21 до 24 место. Инаку, со вчерашното одигрување на последните натпревари од разигрувањето во главната рунда,…
Машкиот шампион на Македонија, Струмица 47&72 ќе се соочи со романскиот првак Динамо Букурешт во првата рунда во ЦЕВ Лигата на шампионите. На денешната ждрепка во Луксембург струмичани го добија најтрофејниот романски клуб за нивни ривал на стартот на новата елитна сезона. Првиот натпревар Струмица го игра на домашен терен, 21/23 октомври, додека реваншот е една седмица подоцна во Букурешт (28/30 октомври). Женскиот првак Јанта Волеј Кисела Вода, пак, во најелитното европско клупско натпреварување ќе дебитира во втората рунда, каде на денешната ждрепка за противник го доби претставникот на БиХ, Гацко. Со трикратниот шампион во низа на БиХ, тимот на…
Рома тргнува во обид да го ангажира напаѓачот на Брајтон, Еван Фергусон. Според Џанлука Ди Марцио, 20-годишниот Ирец се согласил да се пресели во римскиот клуб, и покрај интересот од други тимови. Сепак, Брајтон се надева дека ќе добие 45 милиони евра за Еван, додека Рома се обидува дека ќе ја намали цената. Фергусон постигна 1 гол во 13 натпревари од Премиер лигата за Брајтон во сезоната 2024/25.
Милан никако не успева да се договори со Стразбур за потписот на Гела Дуе. Според „Л’Екип“, „росонерите“ испратиле втора понуда за 22-годишниот десен бек од Брегот на Слоновата Коска во вредност од само 3 милиони евра повеќе од претходно. Наводно, Милан е подготвен да плати 18 милиони евра за Гела, но Стразбур сака да добие значително повеќе. Според Calciomercato.com, Французите го процениле фудбалерот на 28 милиони евра. Гела е постар брат на крилниот напаѓач на ПСЖ, Дезире Дуе.
Литванскиот центар Јонас Валанчиунас и официјално е играч на Денвер Нагетс. Договорот со кој Денвер го испрати напаѓачот Дарио Шариќ (31, 208 см) во Сакраменто во замена за центарот Јонас Валанчиунас (33, 210 см) е официјален. И покрај интересот на Панатинаикос за Литванецот, Нагетс очекуваат Валанчиунас да ги исполни своите договорни обврски, кои вклучуваат уште две години и исплати од околу 20 милиони долари. Само претстојната сезона, со плата од 10,3 милиони долари, е загарантирана.
