Author: saso

27-годишниот играч од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер, кој не е во плановите на Алегри за следната сезона, најави заминување. Тој ја помина втората половина од минатата сезона во дресот на Олимпик Марсеј, а најверојатно и во првата половина од новата сезона ќе оди на позајмица. Сега неименувани руски и турски клубови се распрашуваат за играчот да го добијат на позајмица со можност за откуп на договорот. Исто така Милан се обидува да го вклучи Бенасер и во некоја можна зделка за купување или размена на фудбалери.

Read More

Нигерискиот напаѓач Адемола Лукман формално побара од Аталанта трансфер откако клубот ја отфрли првата понуда на Интер од 42 милиони евра + 3 милиони како бонуси. „Миланезите“ не ја зголемија својата понуда и разгледуваат други алтернативи како што е и Кристофер Нкунку од Челзи. Лукман сака да оди во Интер и јавно потврди дека поднел барање за трансфер. „Немам друг избор. Од непознати причини, клубот ја блокира понудата, и покрај ветувањата. Штета што дојде до ова“, изјавил Нигериецот.

Read More

Инсајдерот Фабрицио Романо потврди дека голманот Лукас Шевалие и Иља Забарњи наскоро ќе ги завршат своите трансфери во ПСЖ. „И двата договора се во завршна фаза и се очекува да бидат завршени“, напиша Романо на својата страница на социјалната мрежа X. Претходно, медиумите објавија дека ПСЖ се договорил за личните услови на договорот со Шевалие. Се тврдеше дека Парижаните би можеле да платат 40 милиони евра за неговиот трансфер. Трансферот на Забарни, според гласините, ќе ги чини околу 70 милиони евра.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изрази доверба во иднината на клубот и покрај разочарувањето од минатата сезона во Премиер лигата. „Не се сомневам дека ситуацијата ќе се подобри. Постојат работи што не можете да ги купите, а овој клуб ги има: репутација, историја, навивачи. Имаме пари дури и без Лигата на шампионите. Омар Берада и момците градат стратегија за да има уште повеќе. Тоа не е проблем. Ако создадеме вистинска култура – со оваа репутација и овие пари – ќе се вратиме таму каде што сме. Тоа е очигледно“, изјави Аморим. Во сезоната 2024/2025, Манчестер Јунајтед го освои 15-то…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги почна претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Вечерва во Куманово пред полна сала во првиот натпревар од овој циклус, нашите кошаркари беа поразени од Романија со 72:80. Романците до победата дојдоа во последната четвртина, откако Македонија имаше предност на крајот на сите минати три периоди. Вечерва новиот млад состав на селекторот Илиевски го красеше борбеноста и пожртвуваноста, но немаше искуство за завршниот чин. Искусните Романци во последните две минути направија разлика која на крајот им донесе победа. Џејкоб Вајли со 28 поени беше најефикасен во нашата репрезентација. Митревски и Мекиќ завршија со по…

Read More

Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција, ЖФК Љуботен, испиша историски успех со пласман во втората рунда од квалификациите во Лигата на шампионите на УЕФА. Фудбалерките на Љуботен денеска славеа против екипата на Пјуник со 4:0 во финалето на претквалификацискиот турнир во Скопје и со тоа се изборија за пласман во следната квалификациска рунда во најквалитетното женско клупско натпреварување во Европа. Хава Мустафа беше автор сите четири гола за Љуботен во денешната убедлива победа. Оваа победа му носи на Љуботен пласман во втората квалификациска рунда, каде сигурно ќе добие потежок противник, но нашиот шампион ќе има нова шанса за уште поголем…

Read More

Рома денеска го објави очекуваниот трансфер на дефанзивецот Даниеле Џиларди. Тој доаѓа од Верона за 10,5 милиони евра, со уште еден милион во вид на бонуси. Официјално, договорот е структуриран како позајмица за една сезона со опција за откуп. Сепак, Верона ќе добие само половина од сумата, бидејќи поради посебна клаузула, другите 50% одат кај претходниот клуб на играчот – Фиорентина. Во 2022 година, Џиларди пристигна од „Артемио Франки“ за само 380.000 евра, но со овој услов во договорот.

Read More
NBA

Учесникот во НБА плеј-офот од минатата сезона, Минесота повторно ќе носи дрес сличен на оној од ерата на Кевин Гарнет. Според новинарот Еван Снајдери, следната сезона играчите на Тимбервулвс ќе настапат во црни дресови, познати од периодот на настапите на Кевин Гарнет во тимот на волците. Гарнет ги помина првите 12 сезони од својата кариера во Минесота и го држи клупскиот рекорд за најмногу одиграни натпревари (970).

Read More

Душан Влаховиќ одамна е на излезна врата од Јувентус, но барем засега италијанскиот клуб не добил понуда која може да го реши неговиот статус и да го потврди заминувањето во друга средина. Јавна тајна е дека „бјанконерите“ сакаат да се ослободат од српскиот напаѓач една година пред да му истече договорот, со што пред се ќе ја елиминираат ставката од 12 милиони евра, односно сумата за годишна плата за овој фудбалер. Новиот директор Дамиен Комоли отворено зборувал за ситуацијата со Влаховиќ и потврдил дека тој има зелено светло да го напушти клубот под одредени услови. – Со Влаховиќ имаме договор…

Read More

Џејмс Милнер ја носеше „6-та“ на грбот во Брајтон од првиот ден и тоа е број кој целосно одговара на позицијата која ја игра на теренот, но сега Џејмс реши да направи промена, и тоа во чест на трагично загинатиот Диого Жота. Ливерпул како клуб го повлече овој дрес од сите категории за да му искаже вечна благодарност на Португалецот, но Милнер сега ќе игра токму со тој број во Премиер лигата. Некогашната ѕвезда на Ливерпул, Манчестер Сити и Њукасл реши да го промени бројот за новата сезона, па даде и кратко објаснување зошто повлекува таков емотивен потег. – Кога…

Read More