Author: saso

Давид Алаба нема намера да го напушти Реал Мадрид. Иако е познато дека мадридскиот клуб не планира да го обнови договорот на играчот, кој истекува во 2026 година, тој нема намера да бара нов клуб. Австриецот ова лето беше споменуван како еден од фудбалерите кои можеби и ќе си заминат од „Бернабеу“, но очигледно тој сака да го одработи договорот до самиот крај, бидејќи е еден од најплатените фудбалери во тимот (10,5 милиони евра годишно „нето“). Алаба изјавил дека планира да се бори за место во тимот.

Read More
NBA

Кевин Лав најверојатно жи кариерата ќе ја продол во Лос Анџелес. Според Брет Сигел, Никси губат интерес да потпишат so ветеранот, а двата тима од Лос Анџелес се чини дека се најдобрите опции за Лав. И двата клуба ќе мора да направат некои прилагодувања пред да потпишат со него. „Клиперсите и Лејкерсите сè уште имаат по едно место во тимот. Но, ако Лејкерсите сакаат да го добијат Лав и повторно да го спојат со Леброн, ќе мора да се откажат од уште еден договор бидејќи се само 1,1 милион долари под првиот праг на данок на луксуз. Клиперсите се во…

Read More

Организаторите на Струшкиот турнир ги започнаа подготовките за 53. издание на традиционалниот турнир, еден од најстарите во Европа. Оваа година на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе играат шест екипи – четири македонски и две странски. Покрај домаќинот Струга, честа на Македонија ќе ја бранат Тиквеш, Бутел Скопје и големиот ривал на стружани – Охрид. Дополнително екипите на Бурса од Турција и Раднички Крагујевац од Србија ќе го збогатат новото издание на Струшкиот турнир. Натпреварите ќе се играат од 13 до 16 август.

Read More

Машката сениорска кошаркарска репрезентација немаше многу време за одмор по мечот со Романија, па веќе денеска замина за Унгарија. Селекторот Марјан Илиевски се „враќа назад“ на она што беше забележано на дуелот со Романија: „Морам да го повторам тоа, се надевам дека во иднина нема да морам, тоа што значи како предност за екипите кои што се заедно, и играчите кои што имаат свои улоги во клубовите. Она што е наш недостаток е новото создавање на оваа репрезентација. Паралелно на сето тоа, овие наши играчи, немаат забележителна улога во екипите за кои настапуваат. Она што ќе го истакнам за последниот…

Read More

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски следната сезона би можел д ај апочне на голот на новајлијата во Ла Лига, Елче. Најновите вести од Шпанија велат дека неговиот актуелен клуб Валенсија веќе го понудил нашиот голман на новиот шпански прволигаш. Засега нема конкретни информации за преговори, но се претпоставува дека Димитриевски би можел да замине во Елче на позајмица од една сезона. Покрај Елче, како заинтересирани тимови за нашиот репрезентативец се споленуваа и Селта и Леванте, но се чини дека токму Елче во моментов е најреална опција за Димитриевски.

Read More

Ал-Хилал потврди дека усно се договорил со Ливерпул за трансферот на Дарвин Нуњез. Сега саудискиот клуб треба само да се договори со 26-годишниот напаѓач, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според изворот, Ал-Хилал преговара за личен договор со уругвајскиот репрезентативец. Тренерот Симоне Инзаги е лично заинтересиран за Нуњез и инсистира да го добие за следната сезона.

Read More

Македонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 20 до 29 април 2026 година во Скопје. Овој значаен меѓународен спортски настан ќе се реализира во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија. Договорот за организација на првенството беше официјално потпишан од страна на министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на Светската федерација за училишен спорт, Жељко Танасковиќ . Министерот Ристовски истакна дека организацијата на ова првенство претставува признание за заложбите спортот да биде во секојдневието на младите…

Read More

Некогашниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун е уверен дека времето на Хамилтон во Ф1 е завршено. Поранешниот шеф на натпреварувањето го повика Луис Хамилтон, кој потпиша договор со Ферари до крајот на 2026 година, веднаш да се пензионира. „Луис е многу талентиран – тој беше и веројатно сè уште е. Но, тоа е она што им се случува на многу спортисти: кога ќе стигнете до врвот, патот води само во еден правец, и тој не е многу пријатен. Само надолу. Луис е уморен. Тој го прави ова целиот свој живот. Треба да направи пауза од тоа – засекогаш,…

Read More

Иако му остана само уште една година од договорот, Манчестер Ј. не размислува на продажба на дефанзивецот Хари Мегваер. Според „Мејл Спорт“, клубови од Премиер лигата и Серија А изразиле интерес за него, но „црвените ѓаволи“ не размислуваат за понудите. Договорот на искусниот централен дефанзивец истекува следното лето, а двете страни сè уште не седнале да преговараат за продолжување на соработката, но Мегваер изрази желба да остане. Неговиот статус се подобри под водство на Рубен Аморим, бидејќи беше на работ да го напушти клубот и речиси се пресели во Вест Хем.

Read More

Наполи сè уште е заинтересиран за играчот од средниот ред на Милан, Јунус Муса. Шампионот е во постојан контакт со „росонерите“ околу трансферот на 22-годишниот Американец уште од јуни, кога беа блиску до купување за 25 милиони евра. Засега „росонерите“ не се решителни околу иднината на Американецот, но Наполи не се откажува и инсистира да добие конкретен одговор од Милан. На 40 натпревари минатата сезона во сите натпреварувања за Милан, играчот од средниот ред имаше три асистенции.

Read More