Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одржа прес-конференција посветена на следните Олимписки игри, кои ќе се одржат во Лос Анџелес за три лета. Една од важните теми на Олимписките игри минатото лето во Париз беа трансродовите лица. Алжирката Имане Келиф крена најголема прашина. Таа го освои златото во бокс, но еден натпреварувач ѝ излезе во двобој затоа што почувствува удари што никогаш не ги добила од жена. Обвинувањата дека таа не е жена беа поткрепени и со нејзината дисквалификација од Светското првенство во бокс во 2023 година, кога не го положи тестот за пол. Сето ова му помогна на…
Author: saso
Њујорк и Бостон се фаворити за потпишување со Бен Симонс, кој во моментов е слободен агент. Според инсајдерски информации, доколку Симонс замине во Њујорк, се очекува страните да потпишат минимален договор. Селтиксите во вторникот потпишаа со уште еден ветеран, Крис Буше, со што веројатно ќе се откажат од трката за Симонс, иако тој како опција за нив се уште е во игра. Симонс, 29, останува без клуб веќе еден месец откако стана слободен агент. Тој ја заврши минатата сезона со ЛА Клиперс, со просек од 2,9 поени, 3,8 скока и 3,1 асистенции.
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија загуби со 1:3 на првиот натпревари од 49. издание на Меморијалот „Бранко Хаџииљоски Чајка“. Вечерва во Скопје одбојкарите предводени од селекторот Миленкоски, имаа добар старт и водство од 1:0 во сетови (25:23), но потоа дозволија противникот тесно да ги освои сите три наредни сета. Во Вториот Швајцарија беше најубедлива (15:25), но во третиот и четвртиот сет испуштивме шанса да се вратиме во трка за победа (24:26, 23:25). Утре во вториот меч на турнирот (19 ч.) Швајцарија ќе се сретне со Бугарија, а во четврток во истиот термин турнирот го затвораат Македонија и Бугарија.
Ракометарите на шампионот Еурофарм Пелистер од вчера се во својата нова база, во српскиот центар Златибор. Комплетни и силно мотивирани, под водство на новиот тренер Рубен Гарабаја, ракометарите на шампионот на Македонија напорно тренираат и едвај ги чекаат првите натпревари. Дел од нив, денеска ги пренесоа и првите импресии од досегашниот тек на подготвителниот период: „Ова е мој втор ден тука, вчера првпат тренирав со новите соиграчи. Сите ми даваат поддршка и верувам дека ќе се наметнеме и ќе освојуваме трофеи. Најнапред целиме на сите домашни трофеи, а потоа посакувам добра сезона во Лигата на шампионите“, вели Ибрахим Калед Валис.…
Рома е во акција за привлекување на Клаудио Ечевери од Манчестер Сити. Според „Кориере дело Спорт“, 19-годишниот играч од средниот ред на „граѓаните“ е лична желба на тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини. Се очекува спортскиот директор на Рома, Фредерик Масара, да разговара во среда во врска со евентуалното потпишување на Ечевери. Се забележува дека Римјаните работат на изнајмување на играчот со опција за откуп. Рома понуди откуп од 25 милиони евра, но Масара ја зголеми сумата на 33 милиони. Цената на откупот која ја бара Сити изнесува 40 милиони евра.
Црвена Звезда традиционално посветува внимание на фудбалските таленти од македонското поднебје, а во иднина „црвено-белиот“ дрес ќе го носи и уште еден македонски играч со голем потенцијал. Се работи за Павел Марковски, 16-годишен фудбалер кој веќе се адаптира на новите соиграчи од редовите на српскиот гигант и добива шанса да продолжи да ја гради кариерата во младинската академија на поранешниот европски шампион. Марковски првите фудбалски чекори ги има направено во ЛЏ Битола, а по краткиот престој во Франција, се враќа во Пелистер, од каде по една сезона станува член на младинската академија на Работнички. По четири успешни години во скопскиот…
Ако успешно го мине и 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите, екипата на Шкендија ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу бугарски Лудогорец и унгарски Ференцварош. Ова е резултат на денешната ждрепка во Нион на кој се одредуваат потенцијалните двојки за плеј-оф мечевите во европските купови. Според извечените двојки, Шкендија во потенцијалниот дуел со Лудогорец/Ференцварош најпрво ќе биде гостин, па реваншот ќе го одигра на домашен терен.
Основното обвинителство во Куманово започнало предистражна постапка и му наложило на Секторот за внатрешни работи да испита можни елементи на кривично дело поврзано со говор на омраза, откако за време на кошаркарскиот натпреварот меѓу Македонија и Романија во претквалификациите за СП 2027, биле забележани скандирања со навредлива и омаловажувачка содржина од засега непознати лица. Според информациите издадена е наредба да се прибават видеоснимки од надзорните камери за полесно идентификување на инволвираните лица. Мечот во саботата во кумановската сала заврши со победа на Романија од 72:80.
Британскиот Ф1 тим Мекларен по двојната победа во Унгарија води пред Ферари со 299 поени во шампионатот на конструктори и сигурно нема да чека до финалето на сезоната за да ја прослави конструкторската титула. Со оглед на ова водство, речиси е сигурно дека Мекларен ќе ја освои титулата многу порано. Со десет трки што остануваат до крајот на сезоната, секој тим може да освои максимум 475 поени – 430 од трките и 45 од трите спринтови што ќе се одржат во САД, Бразил и Катар. Математиката вели дека Мекларен најрано титулата кај конструкторите може да ја освои во Азербејџан. Трката…
Интер Мајами потврди дека Лионел Меси избегнал сериозна повреда. Напаѓачот на составот од Флорида беше заменет на почетокот од натпреварот од 2. коло од Лига купот со Некакса (2:2, 5:4 на пенали) поради повреда на тетивата. „Резултатите од прегледот потврдија лесна повреда на мускулите на десната нога. Враќањето во акција ќе зависи од клиничката состојба и ефикасноста на третманот“, се вели во соопштението на клубот.
