Луис Диаз кој од пред неколку дена официјално е член на актулениот германски шампион Баерн Минхен кој за него издвои преку 70 милиони евра за да го доведе од Ливерпул. Колумбиецот беше доста интересен и за Барселона, меѓутоа шпанскиот клуб не беше подготвен да се наддава со Баер и кога стана јасно дека едноставно е тешко да се дојде до неговиот потпис се насочи кон Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, операција која успешно ја комплетираше. Ова за Диаз ќе биде ново искуство во кариерата, предизвикот кој го прифатил откако имал и консултација со Флоријан Вирц со кого беше соиграч во…
Author: saso
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија в недела, 20 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува селекцијата на Грција во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026. По двонеделни подготовки (една во Маврово и една во Скопје) дамите се подготвени да направат чекор напред во однос на нивната игра и претставувањето на теренот. Тоа им е и главната амбиција во пресрет на последните две средби од циклусот, со оглед на тоа дека од претходно ги загубија шансите за учество на континенталниот собир. „Мотивацијата е на повисоко ниво од претходните настапи, затоа што веќе почнавме да играме – ако…
Македонската кошаркарска репрезентација утре во Куманово ја пречекува Романија во првиот претквалификациите за СП 2027, дуелот стартуваа со почеток во 20 часот. Селекторот Марјан Илиевски на денешната прес-конференција зборуваше за очекувањата од овој циклус, каде на располагање ќе има млади кошаркари. „Можеби често се повторувам, со мојот заклучок во краток временски период има многу промени, репрезентација е драстично промената, кратко време сме заедно, во однос на моите очекувања од резултатите. Можам да бидам задоволен од пристапот на играчите во овој временски период. Сликата која ја имаме од двата пријателски меча против Швајцарија која е позитивна, не треба да се потпреме…
Никола Маркоски сезонава ќе биде најискусниот ракометар во РК Алкалоид, а неговото искуство и знаењето како да ја држи во строј одбранбената линија и да ги изнудува и казнува грешките на противниците во голема мерка ја обликува и играта на екипата. „Веќе неколку години сме заедно во клубот и ги знаеме принципите по кои се работи и по кои се реализираат подготовките. Сезонава не повторивме грешки од минатото и сите ракометари ја одржуваа формата и за време на одморите, па на подготовките дојдовме спремни за процесот што ни следи. Овој дел е многу важен за подоцна да можат да се…
Ландо Норис пред Унгарското Гран При викендов, вели дека е подготвен да се бори за нова победа. Возачот на Мекларен зборуваше за своите цели за претстојната трка за Големата награда на Унгарија и за расположението пред летната пауза во шампионатот. „Планови за летната пауза во шампионатот? Формула 1 останува мој најголем приоритет и морам да направам сè за да пристапам кон втората половина од сезоната во најдобра можна форма. Што се однесува до претстојната трка, би сакал да победувам во секоја земја и на секоја патека на која се тркаме. Неколку пати во минатото бев блиску до победа на Хунгароринг…
Закрепнувањето на Џејсон Тејтум оди побрзо од очекуваното. Кошаркарот на Бостон заработи скината Ахилова тетива во второто коло од плејофот. Процесот на закрепнување му остава шанса на играчот да се врати во акција пред крајот на сезоната 2025/26. „Се движи многу добро. Малку млитав, но бев изненаден од целосното отсуство на заштитната чизма во текот на целиот тренинг“, изјавил Тејтум. „Не можам навистина да кажам што значи тоа за тоа кога ќе се вратат. Медицинскиот персонал на Бостон има своја програма, тие ќе го одредат распоредот“, дополнил тој.
Португалскиот дефанзивен играч од средниот ред Жоао Палиња ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Според информациите на Фабрицио Романо, 30-годишниот играч од средниот ред се преселил од Баерн во Тотенхем на позајмица со опција за откуп за 30 милиони евра. Португалскиот играч од средниот ред се пресели во клубот од Минхен во летото 2023 година од Фулам за 51 милион евра, но не успеа да се етаблира во почетниот состав.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен, изрази сомнежи во врска со шансите на Манчестер Сити да ја освои титулата во новата сезона во Премиер лигата. „Мислам дека Манчестер Сити беа далеку од триумф минатата сезона и имаше многу промени во тимот ова лето. Со бројот на играчи што ги потпишаа во последната година, тие се речиси непрепознатливи. Мислам дека ќе им треба малку време да се навикнат еден на друг. Не, не мислам дека можат да ја освојат Премиер лигата. Имам голема доверба во Ливерпул. Ако има изненадување, тоа веројатно ќе биде Арсенал или можеби Челзи. Но,…
31-годишниот хрватски репрезентативец, Анте Ребиќ е новиот играч на Хајдук. Тој потпиша едногодишен договор со „белите“. Според договорот тој ќе заработува 450.000 евра годишно, а би можел да добие и бонус доколку Хајдук ја освои титулата. Хајдук го потврди трансферот со соопштение на своите официјални канали, каде што Ребиќ се сликаше облечен во белиот дрес. Тој се приклучува во Хајдук без обештетување бидејќи е слободен агент откако неговиот договор со италијанскиот Лече истече на 30 јуни. Минатата сезона тој одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, но помина само 844 минути на теренот и постигна еден гол.
Екипата на Вардар доживеа убедлив пораз (5-0) од Лозана и ги заврши европските настапи во 2. коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Гоце Седлоски на прес-конференцијата по мечот призна дека неговиот тим потфрли во сите сегменти. “Честитки за Лозана, тие одат понатаму заслужено, а ние го завршуваме европскиот пат. Тежок пораз за мене, за тимот, за клубот, за навивачите. Ќе мораме да се кренеме, затоа што сезоната во Македонија штотуку почнува. Што се однесува до овој тежок пораз, ќе го анализираме детално, но мислам дека се распаднавме по првиот примен гол. Не успеавме да се вратиме, не…
