Ландо Норис пред Унгарското Гран При викендов, вели дека е подготвен да се бори за нова победа.
Возачот на Мекларен зборуваше за своите цели за претстојната трка за Големата награда на Унгарија и за расположението пред летната пауза во шампионатот.
„Планови за летната пауза во шампионатот? Формула 1 останува мој најголем приоритет и морам да направам сè за да пристапам кон втората половина од сезоната во најдобра можна форма. Што се однесува до претстојната трка, би сакал да победувам во секоја земја и на секоја патека на која се тркаме. Неколку пати во минатото бев блиску до победа на Хунгароринг и тоа е дом на некои од најдобрите трофеи во Формула 1. Ми се допаѓа тука и отсекогаш ми се допаѓала оваа патека“, рече Норис.

