Македонската машка одбојкарска репрезентација со учеството и настапот на Меморијалниот турнир „Чајка“ во Скопје ги заврши подготовките пред последните два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство. Иако очекувавме победнички пат кон Грција, сепак, поразите од Швајцарија и Бугарија на турнирот во Скопје го запалија црвеното светло. Одбојкарите во неколку елементи од оиграта потфрлија, а грешките кои не чинеа порази против Швајцарија и Бугарија ќе мора да бидат анулирани во деновите до патувањето во Атина. „На овој турнир се покажа дека сите играат одбојка. Малку ме плаши тоа што почнуваме да губиме кога играме егал, но тоа мора итно да…
Author: saso
Попладнево со два натпревари од првото коло стартува новата фудбалска сезона во Македонија. Фаворитите за титулата, Шкендија и Вардар, уште денеска ќе се појават на терен во битка за првите бодови. Шампионот Шкендија ќе ја има честа да ја крене завесата на новиот шампионат и тоа на домашен терен во Тетово каде го пречекува чаирски Шкупи. Мечот почнува од 17 часот. Од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде многу повозбудливо, бидејќи се среќаваат вечните ривали Вардар и Пелистер. „Конечно стартува шампионатот за кој се подготвувавме цело лето. По успешната европска авантура, сега целосно сме фокусирани на домашното…
Во очекување на најголемиот атлетски настап оваа година, Светското првенство во Токио кое ќе започне на 13 септември, од 1 септември оваа година ќе почнат да важат нови правила во женска конкуренција, кои вклучуваат еднократен тест за утврдување на полот. Како што објавија од Светската атлетика станува збор за забрзан тест кој ќе се спроведува преку земање брис од образ за сите учеснички и забрана за учество на трансродови спортисти кои имаат разлики во сексуалниот хормонален развој. Ова ќе биде 20-то Светско првенство во атлетика на отворено, кое се одржува секоја втора година во непарните години од 1993 година. Првото…
Голден Стејт е сериозно заинтересиран за Џош Гиди, а размислува и за потпишување или размена со Џонатан Куминга. Според инсајдер Џејк Фишер, Голден Стејт е меѓу тимовите заинтересирани за Џош Гиди и е подготвен да разгледа потпис и размена во која ќе биде вклучен Џонатан Куминга, но сè зависи од деталите на договорот. Според Фишер, Вориорс планирале да го земат Гиди уште во 2021 година, но редоследно морале да го одберат Куминга.
Италијанскиот шампион Наполи не успеа да го комплетира трансферот на Хуанлу Санчез. Имено, Севиља одби да го продаде Санчез иако наполитанците испратиле солидна понуда. Според инсајдерот Фабрицио Романо, шпанскиот клуб ја отфрлил понудата од 17 милиони евра од „наполитанците“. Севиља наводно бара 20 милиони евра и процент од секоја последователна продажба за 21-годишниот дефанзивец, услови што Вулверхемптон ги предложи пред неколку дена. Минатата сезона во Ла Лига, Хуанлу постигна 4 гола и имаше 4 асистенции.
Астон Вила уште еднаш стави до знаење дека нема намера да го продаде капитенот Џон Мекгин. Евертон понуди 18 милиони фунти за 30-годишниот шкотски репрезентативец од средниот ред, но клубот од Бирмингем го одби. Мекгин е исто така мета на Њукасл, но „страчките“ сè уште не испратиле понуда. Договорот на играчот од средниот ред со Вила е со важност до јуни 2027 година. На 49 натпревари минатата сезона во сите натпреварувања, тој постигна 4 гола и имаше 6 асистенции.
Галатасарај се согласи да го пушти Алваро Мората, иако бараше 6 милиони евра за да ја раскине позајмицата на напаѓачот на Милан. „Скај Спорт Италија“ објави дека страните конечно успеале да се договорат за трансферот на Шпанецот во Комо, тимот каде тренер е Сеск Фабрегас. Галатасарај ќе добие 3 милиони евра, со бонуси, а Комо ќе му плати на Милан 12 милиони евра. Во турското првенство, Мората одигра 12 натпревари и постигна 6 гола за шест месеци.
Рекордни пет милиони долари ќе добијат најдобрите на претстојното Отворено првенство на САД. Секако, оваа премија важи за шампионите во поединечна конкуренција во обете натпреварувања. Во споредбата со минатата година, наградата за шампионите е значително повисока, ако се знае дека лани Арина Сабаленка и Јаник Синер добија по 3,6 милиони долари, па годинашново зголемување е во висина од дури 39 проценти. Вкупниот награден фонд ќе изнесува 90 милиони долари, од кои околу една третина ќе бидат платени за даноци. Финалистите во сингл ќе добијат по 2,5 милиони долари, а победниците во двојки и мешани двојки по 1 милион долари.
Македонската кошаркарска репрезентација синоќа пристигна во Солнок, каде в сабота против Унгарија ќе го одигра и вториот меч од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Виктор Ташовски кој е дел до бековската линија во сениорскиот тим, во пресрет на дуелот со Унгарците вели: „На натпреварот со Романија одиграме релативно добро, но пресуди нашето неискуство. Се уште сме многу млади, имаме некои играчи кои се во улога на дебитанти. Во дуелот со Унгарија, треба да пробаме да ги намалиме грешките. Што помалку грешки, толку подобро. Мислам дека нашата транзиција беше делумно добра. И сметам дека ако имаме подобра транзиција, можеме…
Дарвин Нуњез ќе добива 15 милиони евра годишно, плус бонуси од трансферот во Саудиска Арабија. Синоќа беше објавено дека Ал-Хилал се договорил со Ливерпул за трансфер на уругвајскиот напаѓач за 65 милиони евра и бонуси. Платата на фудбалерот во саудискиот клуб ќе биде значително висока, што веројатно е една од главните причини за негово заминување од Англија. Дарвин Нуњез постигна пет гола и имаше две асистенции во 30 натпревари во Премиер лигата минатата сезона.
