Author: saso

Англискиот шампион Ливерпул тргнува по потпис на еден централен стопер до крајот на летото. Новинарот Бен Џејкобс известува дека „црвените“ се заинтересирани да потпишат играчи на возраст меѓу 18 и 22 години, а дефанзивецот на Парма, Џовани Леони, моментално е сериозна опција. Ливерпул е заинтересиран и за Марк Гуехи од Кристал Палас, верувајќи дека 25-годишникот е можеби и најдобрата опција на трансфер пазарот. Трансферот на Гуехи е можен ако Кристал Палас се согласи да го продаде дефанзивецот за помалку од 40 милиони фунти. Палас сака да го продаде Гуехи сега бидејќи тој нема намера да го обнови договорот, кој му…

Read More

Нашите најдобри кошаркари ги оставија зад себе случувањата на синоќешниот натпревар против Унгарија, одигран во Солнок, во кој бевме убедливо поразени од домашната селекција. А по нешто повеќе од два часа возење, сениорската репрезентација на Македонија дојде во Орадеа, каде за неколку дена, поточно во среда навечер, ќе го одигра третиот меч од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар. Стручниот штаб на нашата селекција, предводен од селекторото Марјна Илиевски се одлучи за мали промени во распоредот на активностите за време на престојот во овој романски град. Со оглед на присутниот замор во екипата, извесно, ќе биде намален бројот…

Read More

Фудбалерот на Бетис, искусниот шпански репрезентативец Иско ќе отсуствува од терените околу три месеци поради повреда. Во саботата, Бетис загуби од Малага во тес меч со 1:3, а играчот од средниот ред претрпе силен удар во левата нога, по што го напушти стадионот на патерици и со нога во лонгета. Во официјалниот медицински извештај на Бетис е наведено дека 34-годишниот играч имал „нова фрактура без поместување на средната третина од левата фибула“. „Ова е нова повреда, не е поврзана со претходната, која веќе е залечена. Фудбалерот ќе биде подложен на конзервативен третман во наредните недели, а неговото враќање ќе зависи…

Read More

Полската кошаркарска федерација објави дека Џереми Сохан нема да учествува на Европското првенство. Кошаркарот на Сан Антонио има проблеми со мускулот на листот, што ќе го спречи да настапи на европското првенство. Се очекува тој целосно да се опорави на време за сезоната 2025-26 за НБА лигата. Пред неколку дена, Сохан се пожали на непријатност во мускулот, а се покажа дека повредата е посериозна отколку што првично се сметаше. Минатата сезона, напаѓачот одигра 54 натпревари за Спарсите, постигнувајќи просек од 11,4 поени, 6,5 скока и 2,4 асистенции по натпревар.

Read More

Најдобрата македонска тенисерска, Лина Ѓорческа не успеа да ги круниса добрите игри на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска бања. Ѓорческа во финалето загуби од Романката, Миријам Бјанка Булгару со 2-1, по сетови 5-7, 6-1 и 6-0. Ѓорческа го доби првиот сет со 5-7, но потоа следеше целосна доминација на романската тенисерка, која во следните два сета доминираше. Лина во два сета успеа да добие само еден гејм. Утре на најновата ВТА-листа нашата најдобра тенисерска се очекува да направи напредок иако денеска беше поразена во финалето.

Read More

Македонската женска кадетска репрезентација со убедлив пораз го заврши настапот на ЕХФ Европското првенство кое се одржува во Црна Гора. Нашите кадетки беа поразени од Романија со 25-40 и завршија на 22. место. Ова значи дека следната генерација оваа генерација ќе игра во Б-дивизија на континенталниот собир за две години. Лошиот вовед на мечот беше причина за поразот, кој беше најавен после првото полувреме по кое Македонија имаше негатива од дванаесет голови 10-22. Ања Лашкоска со шест гола беше најпрецизна во нашиот табор, додека кај победникот, Сара Марија Старк постигна седум гола.

Read More

Италијански Комо покажува дека е амбициозен проект, предводен од шпанската легенда Сеск Фабрегас. Клубот кој доста вложува во составот, на пат е да тргне по уште едно засилување од Барселона. „Не сакам да зборувам за пазарот, но ако има можност, ќе ја видиме, ќе ја анализираме. Се надевам дека сите нови големи играчи ќе можат да се вклопат во нашата динамика, да бидат конкурентни во тимот“, вели Фабрегас. Се зборува дека на мета на Комо е Ињаки Пења, кој во моментов не е во плановите на Ханси Флик. Тој сега е дури четврти голман, меѓутоа Барса се уште го има…

Read More

Новото ѕвездено засилување за Ливерпул, Флоријан Вирц е прогласен за играч на сезоната во Германија. Според резултатите од анкетата спроведена од магазинот „Кикер“ меѓу членовите на Здружението на германски спортски новинари, играчот од средниот ред кој го носеше дресот на Баер (Л) добил 191 глас. Второто место му припадна на играчот од средниот ред на Баерн, Михаел Олисе, со 81 глас. Третото место му припадна на напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде, кој доби 71 глас.

Read More

Во пресрет на почетокот на новата сезона во Прва МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им посака многу успех на сите клубови, тренери, фудбалери и спортски работници кои секојдневно вложуваат во напредок на нашиот фудбал. „Очекуваме возбудлива, фер и квалитетна сезона која ќе донесе позитивни моменти, на теренот, но и надвор од него. Сите заедно имаме обврска да го подигнеме нивото на натпреварување, да ја зајакнеме фудбалската култура и да бидеме вистински пример за младите генерации. ФФМ останува силен партнер на клубовите и ќе продолжи со посветена работа на обезбедување подобри услови, развој на инфраструктурата и транспарентно водење на натпреварувањето.…

Read More

Кошаркарите во Солнок се подготвуваат за утрешниот дуел со Унгарија. Андреј Митревски полека, но сигурно си го наоѓа своето место во овој подмладен ростер на нашата сениорска репрезентација. Младиот бек го остава во заборав оној прв меч од претквалификациите, против Романија. „Со Романија загубивме во еден тесен меч, каде што , можам да кажам, во поголем дел ја имавме контролата. Но одлучија последните две-три минути. Против Унгарија, треба да се држиме до планот, да играме агресивно во одбраната. И најбитно, да заградуваме под кошевите, бидејќи тоа беше најголемиот минус, зошто го загубивме натпреварот против Ромнија. Секако дека очекувам победа, бидејќи…

Read More