Најдобрите македонски одбојкари од денеска се повторно во базата СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, каде в недела, 20 часот ја пречекуваат Грузија во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026. Мечот со Грузијците ќе одлучи дали Македонија ќе се најде на четвртото континентално натпреварување во низа. Одбојкарите не успеаја да освојат сет на гостувањето во Грција и со тоа да си ја олеснат задачата во финишот на циклусот, па сега ќе мора по потешкиот пат да стигнат до ЕвроВолеј 2026. Максимална победа над Грузија во Скопје, со што поголема поен количник разлика ни носи евро-билет. Стратегот на националниот тим…
Author: saso
Милан го објави трансферот на Закари Атекаме. 20-годишниот швајцарски дефанзивец потпиша договор со „росонерите“ до 2030 година. Се вели дека Јанг Бојс добиле 10 милиони евра за играчот, плус 10% од секоја идна продажба.
Премиер лигата се враќа во фокусот веќе од денеска, преполна со амбиција, астрономски трошоци и нов бран на неизвесност. Со неверојатни над 2 милијарди фунти вложени во летни трансфери, од кои само Ливерпул потроши 253 милиони фунти, трката за титулата никогаш не била предизвикувачка. Шампионот Ливерпул, под водство на Арне Слот, ја започнува својата одбрана на титулата засилент со големи летни трансфери, вклучувајќи ги Флоријан Вирц и Уго Екитике. И покрај нивниот агресивен ремонт, оптимизмот е ублажен со претпазливост – Слот е свесен дека патот кон одбрана на титулата ветува жестока конкуренција. Арсенал, решен да се ослободи од етикетата „второпласиран“…
Манчестер Јунајтед понудил 80 милиони евра за 22-годишниот Шпанец од екипата на Барселона, Фермин Лопез. Англискиот клуб бара замена за Касемиро во средниот ред. Лопез,кој е дете на академијата на каталонскиот клуб, има договор со Барса до 2029 година. Во сезоната 2024/25, Лопез одигра 46 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 8 гола и 10 асистенции.
Напаѓачот Ерик Ламела го објави своето заминување од АЕК со објава на својата страница на социјалните мрежи. 33-годишниот Аргентинец ќе се врати во Севиља, каде што ќе се приклучи на тренерскиот штаб на тимот, објави новинарот Сезар Луис Мерло на „X“. Ламела играше за Севиља од 2021 до 2024 година пред да се пресели во Грција. Претходно играше и за Тотенхем, Рома и Ривер Плата. Има 484 клупски настапи, 84 гола и 76 асистенции.
Најважниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026 машката сениорска репрезентација на Македонија го игра денеска, 19 часот во Атина против Грција, во дуел кој може да го најави учеството на тимот на четвртиот континентален собир во низа. Движечката сила на националниот тим, капитенот Никола Ѓоргиев смета дека репрезентацијата е подготвена, дека противникот е добро анализиран и дека сè е во наши раце, и потребно е најдоброто да се прикаже на теренот. Подолнителна поддршка даваат и резултатите во другите групи кои ни одат во прилог во „трката“ да се биде меѓу петте најдобри второпласирани екипи кои обезбедуваат билет за ЕуроВолеј2025.…
Селекторот на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски ќе направи две измени во играчкиот ростер за средбата денеска од 18 часот во „Орадеа Арената“ против селекцијата на Романија. Тој најави дека ќе пријави двајца нови кошаркари. Адем Мекиќ, едeн од најискусните во нашата репрезентација, проба, но не го издржа оној „главен тренинг“ пред вториот меч со Романија во рамките од претквалификациите за Светскиот Куп во 2027 година. На неговото место, Илиевски одлучи во „финалните 12“, да го постави Марко Миловановиќ. Предводникот на „црвено-жолтите“ за овој меч, трет во претквалификациската група, се одлучи за уште една промена во ростерот. И…
Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер не верува дека Ливерпул е најголем фаворит за титулата во новата сезона во Премиер лигата. „Во моментов се зборува многу за тоа дека Ливерпул ќе биде убедлив поради тоа што го направија на трансфер пазарот ова лето. Не мислам така и бев малку загрижен за начинот на кој Ливерпул играше во неделата против Кристал Палас. Не е толку загрижувачки резултатот, туку квалитетот на играта. Се чинеше дека имаат премногу напаѓачки играчи на теренот. Ќе биде интересно да се види како Слот ќе се справи со тоа“, рече поранешниот дефанзивец на Ливерпул.
Ливерпул ќе ѝ понуди на Парма 35 милиони евра и ќе го добие потписот на младиот дефанзивец Леони. Според италијанскиот новинар Николо Шира, Ливерпул и Парма начелно се договориле. Англискиот клуб постигнал принципиелен договор со дефанзивецот на Парма кој ќе потпише договор до 2031 година. Можно е Англичаните да го остават Леони во Парма на позајмица една сезона, но тоа ќе зависи од потписот на Гуехи кој допрва треба да биде завршен.
Поранешниот Ф1 возач Ралф Шумахер не штедеше критики за регресијата на формата и квалитетот на тимот на „Ред Бул“. „Погледнете ги резултатите. Не можам, а да не кажам иако луѓето ќе ме мразат поради ова. Ред Бул се најголемото разочарување во сезоната. Секако, тимот започна добро, но сега исчезна. Најниската точка беше Будимпешта. Не можам да се сетам дека Макс Верстапен некогаш бил толку далеку, освен кога возеше за Торо Росо“, рече Ралф.
