Author: saso

Македонската одбојкарска репрезентација по четврти пат во низа ќе игра на Европските првенства, овојпат на она што е закажано за 2026 година. Вечерва избраниците на Миленкоски дојдоа до победата која е клучна, максимално славје против Грузија со која дојдовме до посакуван резултат и продолжување на низата на настапи на големите натпреварување. Одново наш лидер беше капитенот Никола Ѓоргиев кој е среќен и задоволен што тие како група Македонија останува на одбојкарската мапа. -Чувството е феноменално, би сакал да им честитам на сите играчи, стручниот штаб и цела организација. Грузија не е класа, ама да победиш 3-0 психички е многу тешко,…

Read More

Македонија ја оствари целта и ќе биде дел од уште едно големо натпреварување, Европското првенство кое наредната ќе година ќе се одржи во четири земји Бугарија, Финска, Италија и Романија. Ова за машката одбојкарска репрезентација ќе биде четврти европски шампионат во низа што е огромен успех и резултат, па ветеранот Владо Милев се надева дека токму на првенството наредната година ќе се прикажат во најдобро издание и ќе ја заокружат приказната на оваа генерација. -Не можам да бидам незадоволен, ова четврто ЕП ќе биде круна на оваа наша генерација, бидејќи сметам дека дел од нас сме на залезот на нашите…

Read More

Финската кошаркарска НБА ѕвезда, Лаури Марканен имаше 42 поени и 12 скока за 24 минути на тест-мечот против Полска. Марканен постигна 42 поени за својот тим, погодувајќи 10 од 17 шутеви од поле, 3 од 7 тројки и 19 од 20 слободни фрлања. За 24 минути на теренот, финскиот напаѓач успеа да собере и 12 скока, да направи 1 украдена топка и 3 блокади. Финците ги победија Полјаците со 97:88. Во последните три натпревари од предсезоната, Марканен постигнуваше во просек 40,3 поени со 69,6 проценти шут од поле.

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека претстојната сезона ќе понуди „најтешка борба за титулата“ досега, бидејќи конкуренцијата во Премиер лигата достигна невидено ниво. Шпанецот ја започнува својата петта целосна сезона во Северен Лондон и се надева дека ќе ја заврши 22-годишната пауза без шампионска титула, откако „топчиите“ завршија како втори во последните три години. Арсенал потроши околу 200 милиони фунти за шест нови засилувања ова лето, вклучувајќи го и големиот трансфер на Виктор Ѓокереш од Спортинг (63,5 милиони фунти). „Конкуренцијата во лигата е нешто што никогаш порано не сме го виделе. За да бидете шампиони, мора да бидете исклучително…

Read More

Пред дербито со Ливерпул следниот понеделник, напаѓачот на Њукасл, Ентони Гордон, предупреди дека атмосферата на „Сент Џејмс Парк“ ќе биде „дива“ поради сагата за трансферот на Александар Исак. Шведскиот интернационалец не играше во ремито 0-0 против Астон Вила во првото коло од Премиер лигата и сигурно нема да учествува ниту против „црвените“, откако јасно изјави дека повеќе не сака да игра за тимот на Еди Хау, инсистирајќи на преселба на „Енфилд“. Ливерпул чека зелено светло за нова понуда, а Њукасл прво треба да обезбеди замена за него, најверојатно во Јоан Виса од Брентфорд. „Со сето она што се случува, сигурен…

Read More

Шпанскиот весник „Диарио АС“ пишува дека тренерот на Мајорка, Јагоба Арасате, бил лут на контроверзниот момент на вчерашниот меч со Барселона при постигнување на вториот гол за гостите од Каталонија. „Мислам дека сите го видовме тоа. Минатата недела ни објаснија дека ако има удар во главата, играта се прекинува, а четвртиот судија пред мене му рече да застане бидејќи станува збор за удар во главата. Тој го стави свирчето во уста, сите мислевме дека дувнал, и на изненадување на сите – тој го призна голот. Не го разбирам целосно. Тој ми се обрати, за што му се заблагодарувам, и ми…

Read More

Новото засилување на Ливерпул, Уго Екитике призна дека бил изненаден од темпото и физичките барања на Премиер лигата по еден од неговите први натпревари на Островот. „Интензитетот е различен. Тие не лажат за Премиер лигата. Добив грчеви во 60-тата минута“, изјавил напаѓачот. Французинот имаше одлично деби во Премиер лигата за клубот од Мерсисајд, постигнувајќи еден гол и асистирајќи за друг во натпреварот од првото коло против Борнмут.

Read More

Жозе Мурињо постави нов анти-рекорд против Гецепе во мечот вчера во Измир кој заврши 0:0. Фенербахче имаше само еден удар кон голот на натпреварот, кој дојде од промашен пенал на Андерсон Талиска во продолжението од второто полувреме. На овој начин, гигантите од Истанбул го одиграа натпреварот со најмалку прецизни шутеви во ерата на „Специјалниот“.

Read More

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на убедлив начин стигна до пласман во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања. Таа во денешниот четвртфинале меч на противничката Аурора Ѕантедески од Италија и препушти само пет гема и оствари победа од 2-0 во сетови (64 61) за 80 минути. Ѓорческа имаше сигурен почеток на мечот и поведе со 4:1 во гемови, но ривалката успеа да изедначи на 4:4. Сепак до крајот на сетот Лина ги доби двата гема, а девттиот беше решавачки и најдолг гем бидејќи по 10 одиграни поени македонската тенисерка поведе со 5:4, а сетот го доби со 6:4. Во вториот сет…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов денеска и официјално е промовиран како нов фудбалер на бугарски Левски. Договорот на 26-годишниот централен дефанзивец со софиските „сини“ е до летото 2028 година, а зделката стана факт откако беше раскинат неговиот договор со унгарскиот Фехервар. Серафимов има 22 настапи и еден гол за репрезентацијата на Македонија. На 5 јуни 2022 година, тој го имаше своето деби за репрезентативниот тим во победата од 2:0 над Гибралтар на гости.

Read More