Author: saso

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е оптимист дека Фил Фоден ќе се врати во својата најдобра форма во тековната сезона 2025/2026 по разочарувачките последни 12 месеци за англискиот играч од средниот ред. Фоден одигра клучна улога во освојувањето на четвртата последователна титула во Премиер лигата во сезоната 2023/2024, постигнувајќи 19 гола, што му донесе бројни престижни индивидуални награди. Сепак, тој не играше активно поголемиот дел од минатата сезона, борејќи се со повреда на глуждот и проблеми надвор од теренот, вклучително и замор. „Фил е играч од врвна класа, исклучителен. Секогаш се обидувам да го убедам дека може да биде…

Read More

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека ждрепката за Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи на 5 декември во центарот „Кенеди“ во Вашингтон и не ја исклучи можноста самиот да го следи настанот. „Ова е најголемиот, веројатно најголемиот настан во спортот“, рече Трамп, кој го објави ова за време на состанокот во Овалната соба, на кој присуствуваше и претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.

Read More

Менаџерот на Вест Хем, Греам Потер, кој има само две победи во своите први 10 натпревари во Премиер лигата како тренер, со разочарување го коментираше синоќешниот тежок пораз од Челзи со 1-5. „Тешка ноќ за нас, секако. Горко сум разочаран од резултатот и начинот на кој беа постигнати головите“, рече Потер. „Примивме голови откако добро го започнавме натпреварот. Бевме домашен тим и мораше да извршиме притисок, да се обидеме да поведеме, па дефинитивно беше тешка вечер за нас“, додаде стратегот.

Read More

Денеска се отвора третото коло од Прва МФЛ. На програмата се два натпревари. Струга Трим Лум против Работнички од 17:00 часот и дуелот во вечерниот термин во 20:00 часот помеѓу екипите на Вардар и АП Брера на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Вардар во првите две кола го покажа квалитетот, ги најави нескирените амбиции за највисок пласман со две победи, против Пелистер дома (4:1) и на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш (1:2). Најтрофејниот наш клуб е фаворит во мечот против Брера, тим кој нема бод од воведните две кола, но голманот Давор Талески смета дека не треба да се…

Read More

Екипите на аргентински Индепендиенте и Универзидад де Чиле се пред исклучување од Копа Судамерикана. Оваа одлука би можела да ја донесе КОНМЕБОЛ (Јужноамериканската фудбалска конфедерација) како казна за немирите на навивачите за време на реваншот од 1/8-финалето на турнирот. За време на натпреварот, навивачите фрлаа измет, камења и стапови едни кон други. Натпреварот не беше завршен, а повеќе од 300 луѓе беа уапсени, околу 10 беа повредени. Индепендиенте се обидува да го оспори своето можно исклучување од Копа Судамерикана, тврдејќи дека навивачите на Универсидад де Чиле погрешно биле поставени на горниот ред од трибините, директно над ултрасите на домашниот тим.

Read More

Ракометарите на Вардар во загубија дербито со Еурофарм Пелистер на турнирот во Охрид. Новиот предводник на Вардар, Иван Чупиќ им честита на ривалите и истакнаа дека видел и позитивни и негативни моменти во играта на својот тим. „Честитки за Еурофарм Пелистер за заслужената победа. Од почеток до крај беа подобар противник од нас. Ние имавме блесоци, задоволем сум од играта во одбрана, од 5-1 и 6-0. По три недели тоа добро изгледаше. Има работи кои треба да се подобрат. Комбинаториката и играта во напад се фази во кои мора да се подобриме. Никогаш не е добро кога ќе се изгуби,…

Read More

Екипата на Шкендија со победа од 2:1 вчера го отвори патот кон главната фаза на Лигата на Европа. Триумфот над бугарски Лудогорец предизвика задоиволство и кај предводникот на Шкендија, Јетон Беќири, кој на прес-конференцијата по мечот им честиташе на своите фудбалери. „Видовме една убава Шкендија. Победивме со игра и тоа не беше случајност. Имавме пропусти во одбрана затоа што против нас имавме квалитетен противник. Секако, тие останувааат фаворити во овој двомеч. Мора да го дадеме максимумот на секој меч, само така ќе можеме да се надеваме и на реваншот. Ако одиграме според планот, можеме и до главната фаза на Лигата…

Read More
NBA

Според последните информации, Ал Хорфорд е на добар пат да потпише со Голден Стејт Вориорс. Повеќе извори, вклучувајќи ги и НБА инсајдерите Марк Штајн, Џејк Фишер и Ентони Слејтер, известуваат дека Вориорс се главните кандидати за потпишување на 39-годишниот ветеран центар, кој минатата сезона ја помина во Бостон Селтикс. Се вели дека постои усмен договор меѓу Хорфорд и Вориорс, но дека потпишувањето сè уште не е официјално извршено, главно поради нерешениот статус на Џонатан Куминга, кој е ограничен слободен агент. Ситуацијата со Куминга во моментов го спречува финализирањето на другите трансфери на Вориорс, вклучително и договорот на Хорфорд. Исто така,…

Read More

Kонзорциумот „БлуКо“ кој стои зад англискиот премеирлигаш Челзи се согласил да го купи Хулио Енсисо од Брајтон. Според бројни медиумски извештаи, парагвајскиот офанзивен играч за врска ќе ја помине следната сезона во Стразбур, а потоа следното лето ќе се приклучи на лондонскиот тим, кој гледа голем потенцијал во него. И нема ништо спорно, не е ниту прв ниту последен, но она што е важно, а релевантните медиуми сè уште не откриваат, е кој ќе уплати 21.000.000 евра на сметката на Брајтон (18.500.000 фиксни + 2.500.000 бонуси).

Read More

Како што се приближува Европското првенство во кошарка, интересно е да се види и како изгледа листата на фаворити за златото на најважното натпреварување во кошарката на Стариот континент. Србија оди на Евробаскетот со огромни очекувања и со сè посилен тим, а сè освен нивната титула ќе биде апсолутна сензација таму. Ова ни го кажуваат коефициентите на светските обложувалници пред почетокот на прегледот на најдобрите европски селекции. Шансите за Србија да ја освои титулата се од 2,15 до 2,30, што е далеку пред вториот фаворит Германија. Шансите за Германците се 6,0. Трет фаворит на Евробаскетот е Франција со коефициент од…

Read More