Манчестер Јунајтед повторно се активираше на трансфер пазарот, овој пат во врска со трансферот на Анџело Штилер. Рубен Аморим има потреба на ново име на позицијата дефанзивен играч за врска, па Германецот е идентификуван како соодветна опција. Претходно Манчестер Ј. се обидуваше да го купи Карлос Балеба од Брајтон, но трансферот не успеа да се реализира. Штилер има пазарна вредност од околу 45 милиони евра, па останува да се види колку Штутгарт ќе бара за неговата слобода.
Author: saso
Алехандро Гарначо ќе го комплетира трансферот во Челзи денеска. Претходно беше објавено дека „сините“ се договориле со Манчестер Јунајтед и трансферот е пред реализација. Лондончани ќе платат 40 милиони фунти за крилниот напаѓач. Манчестер Јунајтед, исто така, добива и 10% од следната продажба на Аргентинецот. Според информациите, Гарначо ќе пристигне во Лондон денеска за да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор. Договорот со 21-годишниот фудбалер ќе биде на 7 години.
Центарот на Чикаго, Никола Вучевиќ, ги откри своите планови за во иднина. „Артурас [Карнишовас] отсекогаш беше отворен со мене. Пред неколку недели, кога се појавија гласини за откуп на договорот, ми пиша да не се грижам и да не им верувам на гласините. Се чувствувам удобно играјќи тука, сакам да му помогнам на клубот да изгради победничка култура. Имам уште една година од договорот. Ќе видиме дали ќе останам или нешто ќе се промени. Но, секако, би сакал да останам и да победувам со Чикаго“, рече центарот.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се враќа во Италија. Уште синоќа инсајдерот Фабрицио Романо потврди дека договор меѓу Наполи и РБ Лајпциг е постигнат, па Елмас следнава сезона ќе ја помине како позајмен во редовите на италијанскиот шампион. Се очекува Наполи да го добие Елмас ба позајмица, но италијанскиот клуб ќе има задолжение на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор од Лајпциг. Италијанците веднаш ќе платат 2 милиони евра, а германскиот клуб ќе добие дополнителни 12 милиони евра на крајот на сезоната. Договорот ќе биде потпишан најдоцна овој викенд.
Денеска во Монако со ждрепка беше одреден комплетниот календар на натпревари во новата сезона во Лигата на шампионите на УЕФА. Екипите беа поделени во 4 шешири и секој доби по два противника од секој од шеширите. Особено атрактивни беа тимовите од првиот шешир и нивните противници:
Селекторот Благоја Милевски, денеска на прес-конференција зборуваше за очекувањата од двомечот кој ни следува. „На овој список не е Агон Елези поради повреда на рамото. Последните информации се дека нема да треба операција. Со нас нема да бидат и Ашковски, Бојан Димовски и Јован Манев, што не значи дека нема да бидат повторно повикани. Првиот дуел е за проверка на она што го имаме како потенцијал, на оние со помала минутажа. Ќе пробаме тактички варијатни. Некои играчи на други позиции, ќе ја испробаме флексибилноста на тимот. Што се однесува до вториот меч, најзначајниот во оваа кампања. Максимално се подготвуваме, максимално…
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за Светско првенство 2026. Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета нашиот предводник. Играчот од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани и напаѓачот Елмин Растодер од швајцарски Тун, прв пат добиваат повик во најдобриот национален тим. Голмани: Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија) Дејан Илиев – УТА Арад (Романија) Дамјан Шишковски – Борац Бања Лука (БиХ) Игор Алексовски – Фљамуртари (Албанија)…
Англиски Кристал Палас го финализираше трансферот на 22-годишниот шпански крилен напаѓач Јереми Пино од Виљареал. Според Фабрицио Романо, постигнат е усмен договор меѓу сите страни. Станува збор за целосен трансфер за фиксна сума од 30 милиони евра плус дополнителни бонуси. Шпанецот ќе потпише долгорочен договор. Сегашниот договор со „жолтата подморница“ е активен за уште две сезони. Пино е дете на академијата на Виљареал. Во сениорскиот тим игра од 2019 година и досега веќе има 170 натпревари, 22 гола и 23 асистенции.
Се е подготвено за стартот на еден од најочекуваните кошаркарски турнири во поновата историја – Евробаскетот 2025. Сите очи се свртени кон најсјајните европски кошаркарски ѕвезди кои ќе се борат за превласт и освојување на шампионскиот наслов. Летонија, Полска, Финска и Кипар се бидат домаќини на групите во проширениот паневропски формат. Групните фази стартуваат денеска и треба да завршат до 5 септември, а нокаут рундите ќе се префрлат целосно во Рига почнувајќи од 8 септември. Србија влегува на Евробаскет 2025 како главен фаворит. Грција повторно е засилена од Јанис Адетокумбо, кој е на чело на тимот кoј ја предводи опасната…
Џанлуиџи Донарума би можел да остане во ПСЖ и повеќе од еден месец. „Л’Екип“ објави дека голманот е подготвен да остане во сегашниот тим до јануари доколку не се најде соодветна опција за трансфер, но сепак би претпочитал да си замине. Според некои извори на весникот, Манчестер Сити неодамна понудил 15 милиони евра за Италијанецот, но тоа очигледно не е доволно. Се забележува дека ПСЖ нема да се согласи на „луди суми“. 25 милиони, можеби 30 милиони е цената за која италијанскиот голман би добил дозвола да замине, пишува францускиот весник. Манчестер Сити не брза и би можел да ги…
