Author: saso

Удинезе го купи полскиот репрезентативец Букса од дански Митјиланд за 5 милиони евра. Адам Букса од синоќа и официјално се пресели во Удинезе, откако двете страни постигнаа договор за трансфер. Полскиот репрезентативен напаѓач потпиша четиригодишен договор со италијанскиот клуб. Според инсајдер Николо Шира, Митјиланд добил 5 милиони евра. Букса беше најдобар стрелец на клубот од Хернинг во последното данско првенство со 12 гола на 24 натпревари.

Read More
NBA

Додека за него се уште трае процесот за истрага за можно учество во спортско обложување, кошаркарот Малик Бизли бара тим за следната сезона во НБА лигата. Според инсајдерот Мајкл Ското, Детроит Пистонс, Минесота, Њујорк и Кливленд неодамна изразија интерес за бекот. Адвокатите на кошаркарот чија кариера е во опасност поради истрага за измама со обложување, успеаја да потврдат дека моментално нема обвиненија против Бизли, но сè уште не можат да гарантираат дека ситуацијата ќе биде решена и дека нема да има проблеми во иднина.

Read More

Светскиот рекордер во скок со стап, Арманд „Мондо“ Дуплантис, се надева дека утре ќе ја освои петтата последователна титула во Дијамантската лига на митингот во Цирих, град домаќин на финалето на ова големо атлетско натпреварување, само две недели пред стартот на Светското првенство во Токио. „Морам да бидам фокусиран, не можам да се опуштам“, рече Швеѓанецот. „Високите очекувања се подобри од никакви очекувања. Тоа е добар проблем, искрено“, рече тој. На прашањето дали бариерата од 6,30 метри наскоро би можела да биде надмината, Дуплантис вели: „Се обидувам да ги искористам деновите колку што можам повеќе. И ако се чувствувам така,…

Read More

Од 28 до 30 август, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Регионалната ракометна лига, натпреварувачки турнир кој ќе ги обедини ракометните екипи од Македонија, Црна Гора и Србија. Овој уникатен спортски настан има за цел да го поттикне натпреварувачкиот дух, пријателството и регионалната соработка во спортот. Регионалната ракометна лига се одржува со поддршка на Министерството за спорт, а е во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). „Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Регионалната ракометна лига. Нашата цел е преку спортот да изградиме мостови меѓу земјите од регионот, да создадеме нови можности за младите…

Read More
NBA

Шпанскиот интернационалец Серж Ибака во едно интервју зборуваше за заминувањето на Кавај Ленард од Торонто во 2019 година. „Не сакам многу да зборувам за тоа. Дури и не се обидов ни да го убедам да остане бидејќи не верував дека ќе си замине. Мислев дека ќе остане. Си помислив: штотуку го освоивме првенството, имаме одличен тим, тој може да земе колку што сака слободни денови, тимот сепак ќе победи и без него. Ако има лоша игра, има момци кои ќе му помогнат. Значи, навистина не мислев дека Кавај ќе си замине. Само што го освоивме првенство, кој го прави тоа?…

Read More

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека тимот целосно го префрлил својот фокус на болидот за 2026 година, при што сите дополнителни развојни работи за надградби на тековниот болид се запрени. „Не, нема да има повеќе ажурирања на сегашниот болид. Мислам дека сите сега се целосно фокусирани на подготовка за следната сезона. Во исто време, знаеме дека ажурираниот болид на Мерцедес е постабилна платформа за оптимизирање на поставката, што би требало да биде добро за нас“, изјавил Волф.

Read More

Грција синоќа го потврди списокот на кошаркари со кои ќе настапи на претстојниот Евробаскет. 20-годишниот центар Вангелис Зугрис стана последниот кошаркар кој отпадна од списокот, откако беше одигран последниот пријателски меч со Франција. Суперѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо ќе го предводи грчкиот тим на турнирот, а во тимот ќе бидат и неговите двајца браќа, Костас и Танасис. Во комплетниот состав од 12 кошаркари се најдоа: Костас Слукас, Димитриос Кацивелис, Василис Толиопулос, Тајлер Дорси, Џанулис Ларензакис, Костас Папаниколау, Панајотис Калаицакис, Јанис Адетокумбо, Танасис Адетокумбо, Костас Адетокумбо, Александрос Самосто.

Read More

Легендата на Манчестер Јунајтед, Гари Невил го изрази своето разочарување од натпреварот на неговиот поранешен клуб и екипата на Фулам во второто коло од Премиер лигата, каде избраниците на тренерот Рубен Аморим ремизираа 1-1. „Мојот оптимизам беше малку разнишан бидејќи чувствував како повторно да се отвораат стари лузни. Мислам дека голманот е сè уште многу несигурен во себе по корнерите и ова не може да продолжи бидејќи создава тензија. Исто така, мислам дека клубот треба да реши некои проблеми во централниот среден ред. Би сакал да мислам дека Коби Мејно би можел да направи чекор напред, но очигледно е дека…

Read More

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ ја заврши својата работа на стартот на последниот Грен Слем, УС Опен за два часа и 25 минути игра. Србинот во три сета го совлада Лернер Тиен со 6:1, 7:6 (7-3), 6:2 и ја оствари својата 75-та победа по ред на почетокот од Грен слем турнирите. Новак се мачеше во вториот сет кој го доби во тај-брејк, но во остатокот од дуелот покажа дека е подготвен за уште еден добар настап. Во рамките на следното коло противник на Ѓоковиќ ќе биде 22-годишниот Захари Свајда, кој беше подобар на стартот од Пирос. Ова е втора…

Read More

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез беше најбрз во квалификациите на патеката Балатон Парк во рамките на трката за Големата награда на Унгарија во Мото ГП шампионатот. Освојувачот на титулата во „кралската класа“ во шест наврати го направи најбрзиот круг и со тоа го заслужи стартното место на утрешната трка. Од првиот ред ќе стартуваат и Италијанците Марко Безеки (Априлија, +0.290) и Фабио ди Џанантонио (VR46, +0.354). Маркез ја освои 74-тата пол позиција во својата кариера, а постави и рекорд на патеката, каде што Мото ГП се вози за првпат.

Read More