Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Овој викенд: Регионална ракометна лига во Скопје
    Ракомет

    Овој викенд: Регионална ракометна лига во Скопје

    sasoBy saso26/08/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Од 28 до 30 август, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Регионалната ракометна лига, натпреварувачки турнир кој ќе ги обедини ракометните екипи од Македонија, Црна Гора и Србија. Овој уникатен спортски настан има за цел да го поттикне натпреварувачкиот дух, пријателството и регионалната соработка во спортот.

    Регионалната ракометна лига се одржува со поддршка на Министерството за спорт, а е во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

    „Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Регионалната ракометна лига. Нашата цел е преку спортот да изградиме мостови меѓу земјите од регионот, да создадеме нови можности за младите ракометари и да им понудиме на љубителите на спортот врвни натпревари. Веруваме дека оваа лига ќе прерасне во традиција и ќе биде двигател за понатамошен развој на ракометот во регионот,“ – изјавија од РФМ.

    На овој турнир во машка конкуренција ќе настапат РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар 1961, РК Војводина од Нови Сад и РК Ловќен од Цетиње. Во женска конкуренција силите ќе ги одмерат ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Бор од Бор, ЖРК Будуќност од Подгорица.

    Натпреварите ќе се играат во текот на трите дена, а публиката ќе има можност да ужива во квалитетен ракомет, исполнет со енергија, страст и спортски фер-плеј.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.