Author: saso

Пилотот на Ферари, Луис Хамилтон постави нов анти-рекорд во составот на „црвените“. Имено, Хамилтон, на Големата награда на Холандија не успеа да избори пласман на подоимот веќе на 15 трки во кои вози за италијанскиот тим. Така, Британецот постави нов рекорд по бројот на Гран При трки за Скудерија на кои завршил надвор од првите тројца. Претходно, лидер на оваа статистика беше Иван Капели кој ја помина сезоната 1992 во болидот на Ферари (која вклучуваше 14 трки) без ниту еден подиум.

Read More

Во завршниот ден од преодниот рок, Емилијано Мартинез е пред трансфер во Манчестер Јунајтед. Аргентинскиот голман ѝ кажал на Астон Вила за својата желба да замине на „Олд Трафорд“, па се очекува денеска истиот да биде комплетиран. Претходно стана познато дека Манчестер Јунајтед ги договорил условите на договорот со голманот и упатил барање за трансфер до Астон Вила,. Останува во текот на денешниот ден да се завршат сите формалности за реализација на трансферот на искусниот голман.

Read More

Новиот тренер на Интер, Кристијан Киву по синоќешниот пораз од Удинезе на домашен терен со 2:1 изјави дека и покрај поразот не е разочаран од играта на својот тим. „Натпреварот одеше во вистинската насока, но ни недостасуваше флексибилност. Не можевме да ја пронајдеме вистинската тактика за да создадеме шанси. Во првата тешка ситуација за нас добивме казна, а потоа ја изгубивме будноста и концентрацијата. Беше јасно дека имаме проблеми. Не бевме ужасни. Гледам дека се уште се подобруваме. Треба да научиме да најдеме рамнотежа, фокус и за тоа ни треба напорна работа“, рече тренерот на Интер.

Read More

По сите перипетии, Александар Исак заминува во дресот на Ливерпул. Њукасл се согласи да го продаде 25 -годишниот напаѓач во редовите на англискиот шампион. Според информациите објавени утринава, страните постигнале договор за трансферот. Ливерпул ќе плати фиксна сума од 125 милиони фунти, со што вкупниот износ на зделката, вклучувајќи ги и заедничките плаќања, ќе достигне 130 милиони фунти. Фудбалерот ќе ги помине медицинските прегледи денеска, по што ќе потпише шестгодишен договор со Ливерпул. Трансферот на Исак во Ливерпул ќе стане рекорден трансфер во англискиот фудбал, бидејќи ќе го надмине трансферот на Флоријан Вирц, за кого Ливерпул плати 116 милиони фунти.

Read More

Македонскиот шампион Шкендија денеска на ждрепката во Монако ги доби противниците за главната фаза од натпреварите во Конференциската лига оваа сезона. Тетовци добија неатрактивни, но супе-квалитетни ривали. На трите меча кои Шкендија ќе ги игра како домаќин во Скопје ќе се сретне со Слован Братислава (Свк), Јагиелонија (Пол) и Шелбурн (Ирс), додека на гостински терен ќе има дуели со Рајо Ваљекано (Шпа), Дрита (Кос) и АЕК Ларнака (Кип). Првата рунда од мечевите во Конференциската лига е на 2 октомври.

Read More

Според последните информации, екипата на Глазгов Ренџерс постигнала договор со Џирона за потписот на македонскиот голгетер Бојан Миовски. Ренџерс ќе потпишар договор вреден 3,5 милиони евра плус клаузула за продажба, а нашиот напаѓач треба уште денеска да ги помине медицинските прегледи во Париз пред да потпише долгорочен договор, најверојатно до 2029 година. Наскоро шкотските медиуми ќе излезат и со дополнителни детали.

Read More

Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Фенербахче. Истанбулскиот гигант со соопштение потврди дека Мурињо заминува од кормилото на Фенербахче. „Се разделивме со Жозе Мурињо, кој беше менаџер на нашиот професионален фудбалски тим од сезоната 2024-2025. Му благодариме за неговите напори и работа во нашиот тим и му посакуваме успех во неговата идна кариера“, напишаа од Фенербахче. Португалскиот стратег беше на клупата на истанбулскиот тим 62 натпревари. Под негово водство, Фенер имаше победи на 37 од тие 62 натпревари, претрпе 11 порази и имаше 14 ремија. Вчера по елиминацијата од европските купови, отказ доби и тренерот на уште еден турски…

Read More

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите од квалификациите за пласман на ЕП 2027 против Полска и Италија. Новиот квалификациски циклус го отвораме на гостински терен во Краков против Полска на 5. септември, а на 9. септември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола го пречекуваме големиот фаворит во групата, Италија. На спискот на селекторот Горан Станиќ се следните фудбалери: Голмани: Васко Василев – Работнички Љупче Џеков – Силекс Славе Вргов – А.П. Брера Одбрана: Давид Даилоски – Венло (Холандија) Андрија Димески – Вождовац (Србија) Андреј Аризанкоски – А.П. Брера Ѓорге…

Read More

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје синоќа беше означен почетокот на првиот Регионален ракометен турнир „Скопје 2025“, спортски настан инициран како резултат на соработката на ресорните министерства за спорт на Македонија, Србија и на Црна Гора. Првото издание на турнирот на кој настапуваат водечки екипи од трите земји во двете конкуренции, се одржува во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со поддршка од Министерството за спорт. -Ми претставува огромно задоволство што една заедничка идеја за само неколку месеци успеавме да ја претвориме во конкретна работа. Заедно со моите колеги, министерот за спорт на Република Србија и со министерот…

Read More

Јувентус доцна синоќа потврди дека Николо Савона ќе ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Јуве се согласил да го продаде дефанзивецот на Нотингем Форест за 15 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Извршниот директор на „бјанконерите“, Демиен Комоли го потврди договорот за Скај Спорт Италија. Младинскиот играч на Јувентус минатата сезона одигра 28 натпревари во Серија А и постигна 2 гола.

Read More