Author: saso

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 2:1 на пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија одигран попладнево во Прага. Избраниците на селекторот Милевски одиграа просечен натпревар во кој тешко успеваа да креираат шанса за гол, беа деконцентрирани во дефанзивните задачи и дозволија противникот да дојде до триумф. Македонија поведе со фантастичниот гол на Александар Трајковски со ножички во 40. минута, но во финишот на првиот дел најдобриот голгетер на С. Арабија, Ал Бураикан успеа да израмни на 1:1. Во вториот дел по повеќето замени кои ги направи нашиот селектор, играта доби на динамика, но ние не успеавме да креираме ниту една зрела шанса…

Read More

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк, откако го победи Американецот Тејлор Фриц, во четири сета, со 6:3, 7:5, 3:6, 6:4. Седмиот тенисер во светот победи по три часа и 24 минути и се пласираше во полуфиналето на еден Гренд слем турнир по 53-ти пат во својата кариера. Ѓоковиќ го доби својот 11-ти меч против Фриц и се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД по 14-ти пат, израмнувајќи го рекордот на Американецот Џим Конорс. Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз, против кого има добиено пет од осумте натпревари. Српскиот…

Read More

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, призна дека сè уште не успева најдобро да се разбере во играта со новиот играч на клубот, Уго Екитике. Салах игра во новиот напад на „црвените“ заедно со Екитике и Флоријан Вирц, а Александар Исак исто така ќе му се приклучи на тимот по паузата за репрезентативни натпревари. Во разговор за подкаст тој објасни дека ќе биде потребно време работите да се вклопат и со Екитике и со останатите фудбалери. „Досега не сме ја нашле врската“, вели Салах. „До Диого или Дарвин знаев од каде да почнам и каде да ги најдам. Ја знаев нивната…

Read More

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека не планира да се натпреварува во Формула 1 до 40-годишна возраст и дека може да ја заврши кариерата во блиска иднина. Во исто време, Макс истакна дека освојувањето на петтата шампионска титула не е притисок за него и дека ќе го прифати тоа мирно доколку не успее во тоа. „Чувствувам дека веќе постигнав повеќе отколку што некогаш сум сонувал. Па да, секако дека сум многу среќен и горд на она што го постигнав и не знам дали ќе можам да ја освојам петтата титула. Можеби ќе успеам, но воопшто не размислувам за…

Read More

Според информациите од Италија, Фенербахче испратил понуда за договор до напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, но турскиот клуб сè уште не постигнал договор ниту со играчот, ниту со клубот. Лукман останува играч на Аталанта откако преодниот рок во Серија А се затвори во понеделникот вечерта, и покрај тоа што тој поднесе официјално барање за трансфер кон средината на летото, откако беше одбиена понудата од 45 милиони евра од Интер. Сепак, два турски гиганти – Фенербахче и Галатасарај – сè уште се заинтересирани за нигерискиот репрезентативец. Тие не се засегнати од затворањето на преодниот рок во Серија А, бидејќи пазарот во…

Read More

Марк Гуеи наводно размислува да се откаже од капитенската лента во Кристал Палас откако клубот од „Селхрст Парк“ го повлече неговиот трансфер во Ливерпул во последен момент. По долгата летна сага, се чинеше дека Гуеи ќе го добие трансферот што го сака кога Палас прифати понуда од Ливерпул во последните неколку часа од преодниот рок во понеделникот. Сепак, и покрај тоа што го помина првиот дел од медицинските прегледи во Ливерпул, Палас го повлече договорот откако Оливер Гласнер очигледно се заканил дека ќе си замине од клубот ако Гуеи биде продаден без да дојде замена.

Read More

Николче Новески, поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен капитен на германски Мајнц, станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија. Новески е назначен за раководител на скаутинг службата, со задача да ја координира и развива стратегијата за следење и идентификување на млади таленти со македонско потекло ширум Европа и светот. Оваа активност е дел од новите приоритети на ФФМ, со цел да се прошири базата на фудбалери за сите национални селекции и да се отвори уште поголем простор за иднината на македонскиот репрезентативен фудбал.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов кариерата ќе ја продолжи во Турција. Како што објавија утрово турските медиуми, екипата на Кочаелиспор се договорила со англиски Барнли за перманентен договор со нашиот репрезентативец, кој во последните неколку сезони постојано беше на позајмици во други клубови, последен пат во полска Јагиелонија. Кочаелиспор ќе потпише 2-годишен договор со нашиот репрезентативец, кој во Турција ќе му помогне на Кочаели во битката за опстанок во елитата.

Read More

Фудбалскиот клуб Вардар денеска и официјално се засили со двајца африкански фудбалери, Фахад Азиз Бајо и Муса Раматан. Двајцата веќе пристигнаа во Скопје и се приклучија на тренизите на тимот. Бајо, 27-годишен напаѓач од Уганда, има искуство во чешкиот Вишков, како и во израелските Ашдод и Бнеи Сакнин. Неговиот сонародник Раматан, 23-годишен дефанзивец, настапувал исто така за Вишков, потоа за Синсинати 2 во САД, а негов последен клуб беше Волвало Адиграт Универзитет од Етиопија. И двајцата се репрезентативци на Уганда и му се приклучуваат на нивниот колега од националниот тим, Роџерс Мато.

Read More

Турскиот репрезентативец Шејн Ларкин истакна дека Србија има ресурси да го замени својот капитен, Богдан Богдановиќ, кој поради повреда нема да може да продолжи со настапи на Европското првенство. „Богдан Богдановиќ е важен дел од тимот, но Србија има одлични играчи од број еден до број 12. Секогаш ќе има некој што е подготвен да излезе на теренот и да покаже што може“, рече турскиот поентер. На 3 септември, репрезентацијата на Србија ќе се сретне со Турција во последниот натпревар од групната фаза на Евробаскетот.

Read More