Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека не планира да се натпреварува во Формула 1 до 40-годишна возраст и дека може да ја заврши кариерата во блиска иднина.
Во исто време, Макс истакна дека освојувањето на петтата шампионска титула не е притисок за него и дека ќе го прифати тоа мирно доколку не успее во тоа.
„Чувствувам дека веќе постигнав повеќе отколку што некогаш сум сонувал. Па да, секако дека сум многу среќен и горд на она што го постигнав и не знам дали ќе можам да ја освојам петтата титула. Можеби ќе успеам, но воопшто не размислувам за тоа. Би сакал да се тркам уште некое време откако ќе ја напуштам Формула 1, но исто така не би ми пречело да работам менаџерска работа, лидерска работа“, изјавил Холанѓанецот.

