Мелиса Џеферсон Вуден од САД е најбрзата жена во светот. Американката ја освои титулата ма 100 метри во Токио со рекорд на шампионатите од 10,61 секунди. Најдобрата во светот оваа година, стигна до целта само 12 стотинки побавно од светскиот рекорд на Флоренс Грифит Џојнер. Среброто и припадна на Јамајканката Тина Клејтон, која заостана 15 стотинки зад победничкатасо време 10,76 што е нејзин личен рекорд. Олимписката шампионка, Жилиен Алфред од Света Луција мораше да се задоволи со бронза со 10,84. Ова беше последната трка на легендарната Шели Ан Фрејзер Прајс, петкратна светска шампионка и двократна олимписка победничка, која заврши на…
Author: saso
Македонската јуниорска кикбокс репрезентација предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко од вчера е во Лидо Ди Јесоло, Италија, каде ќе учествува на ВАКО Европското јуниорско кикбокс првенство 2025. Како и секогаш, јуниорската репрезентација е составена од најпотенцијалните кикбоксери кои според проценката на селекторот се можни освојувачи на медал. По извршената селекцијата, на првенството ќе учествуваат натпреварувачите: Марија Димовска, Лука Змејковски, Андријано Димишковски и Калин Бабовски. Во состав на делегацијата се и тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски и помошникот-тренер Александар Димовски, додека најдобрата македонската кикбокс судијка Елена Неделковска, која требаше да ја дели судиската правда како претставник од нашата земја,…
Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години оствари минимална победа од 1:0 во контролниот натпревар против Индонезија, одигран во Банско, Бугарија. Нашите фудбалери ја имаа иницијативата уште од почетокот. Првата сериозна шанса ја создаде Габриел Талевски во 30. минута со удар од 18 метри, но противничкиот голман беше сигурен. Само неколку минути подоцна, по мешаница во шеснаесетникот, најснаодлив беше Иван Танчев кој ја затресе мрежата за водство од 1:0. Селекторот го искористи пријателскиот натпревар за да им даде шанса на сите фудбалери, со повеќе измени во вториот дел. Македонија следниот контролен меч ќе го одигра на 17…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа загуби во финалето на ИТФ турнирот во Букурешт. Поуспешна од неа беше актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос, Лили Тагер од Австрија со 2-1 во сетови (64, 36, 64). Со овој пораз прекината е низата од девет победи на македонската тенисерка, а на последните 20 меча Ѓорческа има 17 победи. Финалниот меч траеше 2 часа и 35 минути. Ова за Ѓорческа беше петто финале во 2025 година или вкупно 40. во кариерата, а има две турнирски победи во 2025 и вкупно 15 во кариерата. За пласманот во финалето на турнирот во Букурешт Лина Ѓорческа освои 49…
Американката Валери Олман е новата светска шампионка во фрлање диск. Нејзиниот триумф дојде со фрлање од 69,48 метри во петтата серија, иако и фрлањето од 67,63 метри од нејзиниот прв обид ќе беше доволно за златниот медал. Холанѓанката Јоринде Ван Клинкен го освои среброто со време од 67,50, додека Кубанката Силинда Моралес, која имаше најголема поддршка од трибините, го освои бронзениот медал со време од 67,25. Сандра Елкасовиќ, двократната олимписка и светска шампионка и седумкратна европска шампионка, заврши на петтото место.
Исклучувањето на Дин Хoјсен од Реал (М) на мечот со Реал Сосиедад може да се смета за грешка. Судијата Хесус Гил Манзано му покажа црвен картон на дефанзивецот на Реал Мадрид во 32-та минута од натпреварот, но според весникот „Марка“, исклучувањето на Шпанецот се смета за контроверзен момент кој најверојатно ќе биде објаснет во рок од една недела и препознаен како грешка. Како резултат на тоа, судијата во ВАР Хорхе Фигероа Васкез, кој не го повика Манзано да го гледа сам моментот, за да ја промени одлуката би можел да биде суспендиран.
Германскиот фудбалски ветеран, Томас Милер постигна хет-трик во дресот на Ванкувер. Играчот од средниот ред постигна три гола против Филаделфија (7:0) во натпревар од регуларната сезона на МЛС. Натпреварот се одигра на денот кога Милер го прослави својот 36-ти роденден. Тој постигна три гола на еден натпревар за првпат по 2018 година.
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра уште едно финале. Денеска во Букурешт во полуфиналето на ИТФ турнирот, нашата тенисерска славеше во два сета над првата носителка на турнирот, Деспина Папамихаил од Грција. Во меч кој траеше само час и 21 минута, Ѓорческа го доби првиот сет со 6-2, а во речиси идентичен втор сет, повторно оствари триумф од 6-2. Во финалето Лина Ѓорческа ќе се сретне со подобрата од дуелот меѓу Тагер (Авс) и Нахимана (Бур).
Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие Дешамп по Светското првенство во 2026 година. Се забележува дека за време на паузата во тренерската кариера, Зидан одбил голем број понуди од различни клубови, бидејќи бил решен да работи само во француската репрезентација.
Канаѓанецот Еван Данфи и Шпанката Марија Перез ги освоија првите златни медали на Светското првенство во атлетика во Токио, со победи во дисциплините брзо одење на 35 км за мажи и жени. Данфи (34) делницата ја истрча за 2 часа, 28 минути и 22 секунди низ улиците на јапонската престолнина, претекнувајќи го Бразилецот Каио Бонфим. Јапонецот Хајато Кацуки го заокружи подиумот на воодушевување на домашната публика на Националниот стадион. Перез ја одбрани својата титула кај жените. 29-годишната тркачка, која освои двојно злато во Будимпешта во 2023 година на 20 км и 35 км, оствари време од 2:39.01 за победа. Сребрениот…
