Author: saso

Швајцарската пилотка Лаура Виларс ненадејно најави дека ќе се кандидира за да стане првата жена претседател на ФИА. 28-годишната Виларс вчера ја објави својата кандидатура против актуелниот претседател Мохамед Бен Сулајем и Тим Мејер, кој веќе ја потврди својата кандидатура во претседателските избори во ФИА. „ФИА мора повторно да биде федерација на клубови и носители на лиценци“, напиша Виларс, изложувајќи ја својата програма. „Мојата амбиција е управување кое е подемократско, потранспарентно, поодговорно и отворено за жените и новите генерации. Цврсто верувам дека на мотоспортот му се потребни разновидност и иновации за да продолжи да ги инспирира помладите генерации низ целиот…

Read More

Адемола Лукман се врати во тимот на Аталанта вчера откако 27-годишниот нигериски напаѓач разговарал со тренерот Иван Јуриќ и двајцата ги надминале разликите по неговото исклучување од тимот, откако бараше трансфер во Интер. Ситуацијата со Лукман заврши среќно и најверојатно тој ќе биде повикан за натпреварот на Аталанта против Торино овој викенд откако ќе се врати на тренинзите.

Read More
NBA

НБА ветеранот, Патрик Беверли е подготвен да се пензионира ако наскоро не најде тим. Тој веќе подолг период не може да си најде тим и размислува да ја напушти кошарката. Во својот подкаст, кошаркарот отворено ги искажа своите намери: „Ако наскоро не почнам да играм кошарка, ќе се пензионирам. Тоа е вистината.“ 37-годишниот кошаркар играше за Хапоел Тел Авив минатата сезона, но го раскина договорот со клубот во февруари 2025 година.

Read More

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за 28-годишниот играч од средниот ред на Ал-Хилал, Рубен Невеш. Главниот тренер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, ги пофали квалитетите на играчот и доколку остане на клупата и по јануари, би посакал да го види како ново засилување. Саудискиот клуб може да го продаде Невеш во Европа оваа зима за 20 милиони евра. Оваа сезона, Невеш настапи на осум натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и асистенции. Неговиот тековен договор со клубот е до летото 2026 година. Играчот од средниот ред одигра 60 натпревари за португалската репрезентација.

Read More

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау има неколку нови проблеми со повредите по поразот од Барселона во Лигата на шампионите синоќа. Според информациите, пред дуелот со Борнмут викендов, Хау се соочува со суспензијата на Ентони Гордон, додека Џејкоб Ремзи и Јоан Виса се надвор од тимот до следната репрезентативна пауза поради повреди. Шер претрпе удар во главата на мечот со Барселона, па денеска ќе оди на нови прегледи, додека Трипие беше повлечен од игра откако се пожалил на мала нелагодност. И за двајцата останува неизвесно дали ќе можат да му се стават на располагање на менаџерот за новиот меч од Премиерлигата.

Read More

Машката ракометна репрезентација договори двомеч со селекцијата на Јапонија, како дел од подготовките пред Европското првенство кое следната година ќе се одржи во три земји. Првиот меч ќе се одигра на 30 октомври, додека вториот е закажан на 1 ноември. Избраниците на Кирил Лазаров ќе имаат одлична можност за проверка на квалитетите пред заминувањето на првенството на Стариот континент.

Read More

Македонскиот ракoметен првак Е. Пелистер денеска заминува за Париз, каде утревечер ќе му гостува на ПСЖ во натпревар од 2. коло на Лигата на шампионите. По стартната победа над Загреб, битолчани се надеваат на добар резултат и на ова прилично тешко гостување. „Било каков и да е ПСЖ се работи за гигантот во спортот и во ракометот. Можеби имаат и најголем буџет во Лигата на шампионите. Ние се подготвуваме гледајќи на самите себе, имаме своја тактика. Подобро е кога се победува, се зголемува самодовербата на играчите, расте психичкиот момент кај секој играч и добро е што ги победивме Вардар 1961…

Read More

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа прес-конференција на која официјално беше промовиран „Трофеј Македонија“ и најавен почетокот на Ракометниот караван 2025. Овие два значајни спортски проекти имаат за цел да го подигнат ракометот на повисоко ниво, да ја зајакнат љубовта кон спортот кај најмладите генерации и да го доближат ракометот до сите љубители низ целата наша земја. „После повеќе од една деценија ќе се одржи, а Охрид ќе биде домаќин каде на големо задоволство ќе ни гостуваат реноминирани селекции, Египет и Тунис, како и селекцијата на Грција. Ова е добар настан, кој ќе придонесе во она…

Read More

Германската кошаркарска репрезентација во големото финале на Европското првенство во Рига ја победи Турција со 88:83 и по вторпат стана шампион на Стариот континент. Речиси од самиот почеток до крајот, двата тима беа целосно изедначени, а по голема борба, германскиот тим се искачи на врвот на Европа. Турците можат да жалат за одличната кошарка која ја покажаа и во ова финале, но во последните две минути Германците имаа помирна рака, погодија три тројки и со тоа дојдоа до пресврт за голем триумф. Бонга со 20 поени беше најефикасен во составот на Германија, каде Вагнер имаше 18, а Шредер постигна 16,…

Read More

Облик Севил од Јамајка е светски шампион на 100 метри. Тој истрча брилијантно време од 9,77 и го победи сонародникот Кишан Томпсон, кој мораше да се задоволи со сребро. Тој заостана пет стотинки зад победникот. Ова е прва титула за Јамајка на 100 метри, од триумфот на легендарниот Јусеин Болт во 2017 година. Бранителот на титулата, Американецот Ноа Лајлс, беше трет со 9,89.

Read More