Легендата на светскиот атлетски спринт, јамајканската спринтерка Шели-Ен Фрејзер-Прајс ја отфрли можноста за продолжување на кариерата по светското првенство во Токио. Таа потврди дека овој атлетски мундијал ќе биде нејзин последен настап во кариерата. На глобалниот натпревар, Шели-Ен Фрејзер-Прајс стигна до финалето на 100 метри за жени, каде шеста со време 11,03 секунди. Фрејзер-Прајс беше и во финалето на женската штафета 4×100 метри, каде што беше беспрекорна во првата етапа. Тимот на Јамајка на ова атрка освои сребро завршувајќи втор, зад тимот на САД, предводен од Ша’Кари Ричардсон. Токму ова сребро е последниот медал на Шели-Ен Фрејзер-Прајс на светската сцена.
Author: saso
Еден од клучните фудбалери на Челзи, Кол Палмер беше принуден да го напушти теренот на дербито со Манчестер Ј. во саботата само 20 минути откако почна натпреварот. Англискиот репрезентативец има проблеми со препоните уште од предсезоната, па и покрај решителниот напор да игра, мораше да биде повлечен од теренот откако му се вратиле болките, велат англиските медиуми. „Кол се обиде денеска. Имаше тест утрово за да го одигра овој натпревар. Не беше 100 проценти подготвен. Вложи фантастичен напор да го одигра овој натпревар, но не беше 100 проценти подготвен. Болките му се вратија решивме да напраиме промена“, изјави по мечот…
Дефанзивецот на Њукасл Јунајтед, Фабијан Шер ќе пропушти уште најмалку два натпревари откако не играше викендов ниту на мечот со Борнмут во Премиерлигата. Менаџерот Еди Хау потврди дела повредата на дефанзивецот на Њукасл Јунајтед, доволно сериозна за да тој мора да остане надвор од тимот уште десетина дена. 33-годишниот Шер беше принуден да се повлече од игра во второто полувреме во поразот на „страчките“ од Барселона со 2-1 во Лигата на шампионите. Шер претрпе силен удар во главата откако го блокираше силниот удар на Маркус Рашфорд. Иако се претпоставуваше дека Шер е отсутен поради потрес на мозокот, тоа не беше…
Некогашниот македонски репрезентативец и селектор, Бошко Ѓуровски се онесвести за време на говорот што го одржа на комеморацијата во чест на неодамна починатиот фудбалер Дејан Миловановиќ. Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда се онесвести додека држеше говор на комеморацијата за смртта на неговиот поранешен соиграч Дејан Миловановиќ. На средина од говорот, Ѓуровски побара чаша вода, по што падна во несвест. За среќа, минувачите брзо му помогнаа да стане, а неговата здравствена состојба моментално е стабилна.
Во вторник, УЕФА треба да одлучи за понатамошното учество на израелската фудбалска репрезентација, како и на клубовите од оваа земја во натпреварувањата под покровителство на УЕФА. Откако шпанските власти го кренаа гласот и најавија можен бојкот, откако легендарниот Ерик Кантона се огласи, токму Катар ја покрена официјалната иницијатива за исклучување на Израел од меѓународните натпреварувања. А тоа значи дека ФИФА ќе се занимава и со оваа тема, поверојатно отколку да чека Израел да не се квалификува за Светското првенство. Информацијата ја пренесоа медиумите од Израел, кои истакнуваат дека Израелската фудбалска асоцијација работи дење и ноќе за да го спречи ова…
Легендата на чилеанскиот фудбал, Алексис Санчез изрази желба да игра и на Светското првенство во 2030 година. „Малкумина Чилеанци играат во Европа на ниво, јас и уште неколку други. Доколку можам да придонесам и сум во добра физичка кондиција, секогаш сакам да бидам во националниот тим. Би сакал да одам на уште едно Светско првенство со чилеанската репрезентација; тоа ќе биде во 2030 година, кога ќе имам 42 години. Треба да бидам во добра физичка и ментална форма – тоа е знак на професионализам“, рече Санчез.
Еден од стартерите на Манчестер Сити, Бернардо Силва не го смета својот тим за главен фаворит за титулата во Англија оваа сезона. „Би рекол дека Ливерпул и Арсенал се фаворити, но ова е само почеток на сезоната, а минатата сезона сите велеа дека Манчестер Сити е фаворит. Минатата сезона, Манчестер Сити и Арсенал беа фаворити. Ливерпул не беа фаворити, но ја освоија Премиер лигата. На почетокот на сезоната, нема потреба премногу да се преиспитуваат шансите. Секако, можеме да зборуваме за себе и да кажеме дека нашето ниво не е таму каде што би сакале да биде, но знаеме дека ако…
Американецот со полски пасош и едне од најдобрите кошаркари на последното Европско првенство, Џордан Лојд се сели во Турција. Негов нов клуб ќе биде Анадолу Ефес. Турците веќе го објавијапотпишувањето на договорот со Џордан Лојд, откако тој го напушти Монако. Бекот во дресот на полската репрезентација имаше просек од 22,4 поени (54,7% од поле, 42,2% од тројки), 3,3 скока и 2 асистенции. Полјаците завршија во четвртфиналето. Минатата сезона во Евролигата, Лојд имаше просек од само 9,4 поени и 2,9 скока по натпревар.
Маркус Рашфорд беше херојот на Барселона синоќа во победата над Њукасл на гостински терен во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Англичанецот по натпреварот изјави дека ова за него е големо и одлично искуство, но и потенцираше дека сите во клубот имаат една цел. „Многу сум возбуден. Квалитетот што го имаме ме прави возбуден. Тимот е млад, игра со многу самодоверба и разбирање на играта. Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите, не размислуваме за ништо друго. Знаеме колку е тешка конкуренцијата. Оваа година се работи само за подобрување и за преминување на следниот чекор“, рече Рашфорд.
Еурофарм Пелистер не успеа да приреди сензација на гостувањето кај ПСЖ синоќа, иако во голем дел од мечот беше рамноправен противник, па дури и водеше со три гола разлика. Голманот Никола Митревски беше еден од главните причини за кам-бекот на Пелистер во мечот, запишувајќи 10 интервенции. По средбата, нашиот репрезентативец истакна: „Покажавме дека можеме да играме со големите екипи, дека имаме квалитет. Многу малку недостигаше да влеземе во незивесна завршница. ПСЖ мечот го реши во последните три минути каде што не успеавме да издржиме до самиот крај. Одиме понатаму, треба да анализираме каде згрешивме, имавме неколку технички грешки во напад…
