Author: saso

Некогашната голема ѕвезда на Манчестер Ј., Вејн Руни не е импресиониран од квалитетот на напаѓачите во Премиер лигата. Сметан за еден од најдобрите играчи во историјата, легендата на Манчестер Јунајтед, постигна 208 голови во Премиерлигата во текот на својата кариера и го крена посакуваниот шампионски трофеј петпати. „Ми се допаѓа Матета. Тој е несмасен. Не изгледа баш најдобро на око, но ги зафаќа одбранбените играчи. Тој им ја отежнува играта на дефанзивците кога се обидуваат да се справат со него. Тоа им овозможува на другите играчи да влезат во мали простори. Затоа ми се допаѓа. Но, освен тоа, играчите со…

Read More

Италијанскиот портал „Тутомеркатовеб“ пишува дека Јувентус внимателно го следи напредокот на Марко Палестра, кој моментално е на позајмица во Каљари од Аталанта. Бекот импресионираше со своите настапи оваа сезона, етаблирајќи се како еден од најистакнатите млади крилни бекови во Серија А. Неговата форма не остана незабележана, а Јувентус го гледа како потенцијално долгорочно решение во своите одбранбени редови. Интересот на „бјанконерите“ е дополнително поттикнат од фактот дека тие не успеаја да доведат нов десен бек во текот на летото, и покрај заминувањето на Тимоти Веа. Идентификувајќи го Палестра како потенцијална замена, Јувентус се чини дека е подготвен да тргне по…

Read More

Шеварге Ален од Етиопија, која беше победничка на Стокхолмскиот маратон оваа година, почина на само 30-годишна возраст. Според информациите, таа се чувствувала лошо по еден тренинг и била итно префрлен во болница, но за жал починала набргу потоа. Стокхолмскиот маратон ја објави веста за нејзината смрт, објавувајќи соопштение на социјалните мрежи во кое се вели: „Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Шеварге Ален, победничка на маратонот во Стокхолм во 2025 година.“ Ален градеше успешна кариера како маратонка, победувајќи во 12 од 27-те трки на кои учествуваше како професионалка.

Read More
NBA

Во НБА тимот Филаделфија 76ерс се чини дека никако не можат да здивнат од повреди. Џаред Мекејн, 16-тиот избор на тимот на НБА драфтот во 2024 година, претрпе повреда на десната рака. „Џаред Мекејн, претрпе кинење на тетивата на десниот палец за време на денешниот тренинг“, изјавија извори од клубот за ESPN. „Тој и тимот работат со специјалисти за да одлучат како ќе продолжат со третманот“, се вели во информацијата. Мекејн, поранешната ѕвезда на „Дјук“, не е непознат по сериозните повреди. Неговата дебитантска сезона беше прекината поради кинење на менискусот во декември, поради што отсуствуваше од терените цела сезона. Сега,…

Read More

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ одбраната на шампионската титула во Првата женска лига ќе ја стартуваат во Битола, откако ждрепката на редните броеви за новата натпреварувачка сезона, одлучи за прв противник да им го додели новиот прволигаш Пелистер Волеј. Бранителот на Куп-пехарот, Наковски Волеј, пак, на домашен терен ја отвора сезоната со уште еден „новајлија“ Газели Волеј. Финалистот во плеј-офот Работнички Скопје на стартот се соочува со Струмица жени, додека останатите две двојки се Ускана Волеј и Вардар ЕМ, односно Младост УГД и Фит Фан Волеј. Првенството во Првата лига – жени стартува на 11 октомври, а почетокот и крајот…

Read More

На состанокот на Лигашите во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2025/2026 одржан во хотелот „Александар Палас“ во Скопје беше извршена ждрепка за натпреварувачките броеви на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига – мажи. Најсилната машка лига сезонава ќе брои 12 екипи со оглед на тоа дека Вардар 1947 не достави пријава за настап во Првата лига во новата сезона. Ждрепката на натпреварувачките броеви одлучи во првото коло шампионот Струмица 47&72 одбраната на титулата да ја стартува на домашен терен против Јанта Волеј. Носителот на Куп пехарот и ланскиот финалист во плеј-офот Штип УГД, пак, ќе му гостува на…

Read More
NBA

НБА ѕвездата Дамијан Лилард зборуваше за неговото враќање на теренот по повредата на ахиловата тетива. Во интервју потврди дека планира враќање на терените на почетокот на следната сезона. Дамијан Лилард ја скина Ахиловата тетива на 27 април за време на плеј-оф натпреварот меѓу Милвоки и Индијана. Во јули, кошаркарот потпиша тригодишен договор од 42 милиони долари со Портланд, враќајќи се во тимот каде што ги помина првите 11 сезони од својата НБА кариера.

Read More

17-годишниот Рио Нгумоа го потпиша својот прв професионален договор со Ливерпул. Договорот кој беше потпишан денеска ќе важи до 2028 година. Крилниот напаѓач и се приклучи на академијата на „црвените“ во септември 2024 година од Челзи. 17-годишникот има пет настапи за првиот тим на Ливерпул , а последен пат беше во тимот во победата од 2-1 против Саутемптон во Лига купот во вторникот. Минатиот месец, тој го имаше своето деби во Премиер лигата на 16 години, постигнувајќи го победничкиот гол во 100-тата минута против Њукасл (3-2).

Read More

Јувентус ќе ја заврши финансиската година со загуба. Според „Кориере дело Спорт“, буџетскиот дефицит на клубот од Торино до крајот на сезоната 2024/25 ќе изнесува 40-50 милиони евра. Минатата година оваа бројка достигна 199 милиони евра. Планирано е буџетот да биде одобрен на утрешниот состанок на одборот на директори на Јувентус.

Read More

Патеката Матка крај Скопје во петок и сабота ќе биде домаќин на над 120 најдобри светски кајакари кои ќе се натпреваруваат на двете финални трки од годинешното издание на Светскиот Куп. Македонија е домаќин на финалните натпревари на кои ќе настапат најдобрите светски кајакари од 20 земји. „Многу е неизвесно кој ќе биде прв. На две трки до крајот има 10 натпреварувачи кои се борат за првите три места. Нашите натпреварувачи на првите три трки имаa далеку послаби резултати од очекувањата, но сега се надевам дека ќе влеземе меѓу најдобрите 15 во генерален пласман. Исто така желба ни е барем…

Read More