Author: saso

Ракометарите на Вардар синоќа во „Јане Сандански“ славеше со 31:28 во големото дерби против Еурофарм Пелистер. Победата против пшампионот беше прв голем триумф на Иван Чупиќ на клупата на Вардар. „Ова е мое прво дерби во „Јане Сандански“, но не победив јас туку овие момци во соблекувалната, сакам да им се заблагодарам за желбата, за залагањето. Вечерва победи вардаровото срце, во оваа полна сала, честитки до момците за оваа петта победа од стартот на сезонава. Тоа е тоа, сега малце да се провеселиме, а за три дена пред нас е нов натпревар. Како што кажав и сто пати досега –…

Read More

Светското првенство во водени спортови во 2026 година ќе се одржи во Пекинг од 1 до 6 декември 2026 година. Според организаторот, кој го потврди терминот на организација на настанот, се очекуваат повеќе од 1.000 елитни спортисти, со што ќе се надмине рекордот за учество поставен во Будимпешта 2024 година. Ова ќе биде третпат Кина да биде домаќин на овој настан, по претходните изданија во Шангај (2006) и Хангжу (2018). На последното првенство во Будимпешта, пливачите поставија 30 светски рекорди.

Read More

Формула 1 му честиташе на Марк Маркез за неговата седма титула во Мото ГП. Возачот на Дукати ја освои својата седма титула во врвната класа на мотоциклистички трки на Големата награда на Јапонија. Неколку возачи од Ф1 му честитаа за ова постигнување на социјалните мрежи. Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, напиша: „Неверојатно“. Двократниот шампион во Формула 1 и возач на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, ја сподели објавата на Маркез со опис: „Честитки! Шампионе“. Кон честитките се приклучија и Карлос Саинц од Вилијамс и уште неколку други пилоти.

Read More

Тренерот на Баерн (М), Винсент Компани, по убедливата победа кај Пафос на гостувањето во 2. коло од Лигата на шампионите, вели дека се уште не размислува за освојување на трофејот од ова натпреварување. „Јасно ставив до знаење пред првиот натпревар дека нашиот сон е да одиме далеку и да имаме шанса да победиме. Освојувањето на Лигата на шампионите е многу тешко. Но, сега сме во средината на турнирот и треба да се фокусираме исклучиво на победата во следниот натпревар“, рече Компани. За мечот со Пафос и убедливата победа вели: „Оваа победа изгледаше лесна, но не беше. Победивме со голема разлика,…

Read More

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, го коментираше поразот на неговиот тим во 5-тото коло од Серија А од Милан (1:2). „За жал, примивме гол прерано. Генерално, тимот можеше да игра подобро во обете ситуации. Да се ​​започне натпревар на Сан Сиро со автогол во четвртата минута не е лесно. Генерално, се држевме до нашата игра и ми се допадна како тимот играше во првото полувреме: притиснавме високо врз Милан и создадовме шанси. Сепак, треба да ја подобриме нашата игра, бидејќи во последно време примаме премногу голови. Ако ги погледнете двата гола што ги примивме против Пиза и двата што ги примивме денес,…

Read More

Арсенал за првпат оваа сезона стана фаворит на обложувалниците за освојување на титулата во Премиер лигата. Во 6-то коло, Арсенал оствари победа над Њукасл од 2-1, додека Ливерпул загуби од Кристал Палас (1-2). За првпат оваа сезона, Лондончани станаа фаворити на обложувалниците за освојување на титулата, а коефициентот на Арсенал падна на 2,35. Ливерпул е втор со 2,60, додека Манчестер Сити ги заокружува првите три со коефициент 5,80.

Read More

Барселона постигна гол во својот 44-ти натпревар по ред во сите натпреварувања, израмнувајќи го рекордот на тимот од 40-тите години на минатиот век. Претходниот рекорд ѝ припаѓаше на Барса под водство на Хуан Хозе Ногез, која од ноември 1942 до февруари 1944 година, исто така, постигна гол на 44 последователни натпревари. Тековната серија на Каталонците започна на 21 декември 2024 година, со пораз од 2-1 на домашен терен од Атлетико Мадрид во 18-то коло од сезоната 2024/25 во Ла Лига. Барселона моментално е лидер на табелата на шпанското првенство со 19 бода.

Read More

Денеска и официјално станаа познати двојките за првата рунда од натпреварите на еден од највредните тениски егзибициски турнири – „Сикс Кингс Слем“ кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија. Во четвртфиналето, Јаник Синер ќе се соочи со Стефанос Циципас, а Александар Зверев ќе игра против Тејлор Фриц. Победникот од првиот меч во рамките на првото полуфинале ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ, додека победникот од вториот ќе се соочи со Карлос Алкараз. Турнирот на кој настапуваат шесте најдобри тенисери на денешницата ќе се одржи од 15 до 18 октомври.

Read More

Серхи Бускетс потврди дека ќе се пензионира од активниот фудбал на крајот од сезоната. Договорот на 37-годишниот поранешен дефанзивен играч од средниот ред на Барселона и екипата на Интер Мајами е до 31 декември 2025 година. Тоа значи дека Бускетс ќе ја заврши кариерата во ноември или декември. „Ви благодарам од дното на моето срце на сите и на фудбалот за сè. Секогаш ќе бидете дел од оваа прекрасна приказна“, напиша Бускетс. Со шпанската репрезентација, Бускетс ги освои Евро 2012 и Светското првенство 2010. Со Барселона трипати ја освои Лигата на шампионите и деветпати Ла Лига. Во 2023 година го…

Read More

Меѓународниот спортски симпозиум „Симпосар Сараево 2025“ повторно ги собра еминентните спортски имиња од земјите од регионот и светот на едно место. Еден од предавачите на вториот ден од 14-тиотв меѓународен спортски симпозиум во Сараево (БиХ), на петтиот панел на темата “Фудбал и карактер – што останува по кариерата?“, заедно со Шкоро, Крањчар и Топиќ (модератор е прославениот Драго Чосиќ) ќе биде т и поранешниот македонски фудбалер, подоцна селектор на А и младата репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски. Тој ќе добие награда за животно дело и посебно признание за спортски успеси. Екипа на Спортско Радио 90,3 фм, и годинава, четвртипат по…

Read More