Меѓу гостите кои ги очекуваме во Скопје на ревијалниот ракометен спектакл насловен како „Легендите на сцена“, ќе биде и една од тренерските легенди на хрватскиот и светски ракомет, Лино Червар. Утрово со Лино разговаравме за неговото учество на настанот во СЦ „Јане Сандански“, а тој самиот ја потенцираше големината на истиот и важноста на македонскиот ракомет за целиот ракометен свет „Со нетрпение очекувам да се собереме во Скопје повторно. Македонија е единствената земја во регионот и пошироко каде ракометот е спорт број еден. Тоа е нешто што е од исклучителна важност за ракометот како спорт. Оттука и важноста на овој…
Author: saso
Ревијалниот ракометен спектакл насловен како „Легендите на сцена“, кој беше најавен минатата седмица, ќе биде одлична можност за публиката повторно да види на дело некои од најголемите ѕвезди на овој спорт, кои претходно дел од својата кариера поминаа во македонските клубови. На 29 октомври 2025 година, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, овој уникатен настан ќе ги обедини на едно место најголемите македонски ракометни имиња од изминатите децении: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко…
На првиот собир на фудбалската репрезентација разговаравме и со бекот Стефан Деспотовски, кој ги истакна своите очекувања од дуелите со Белгија и Казахстан. „Белгија е светска сила, покажавме против нив дека можеме. Тој меч е приоритет, секако, а потоа фокус на се останато. Со што може Белгија да не изненади, или да направи поинаку отколку во Скопје? Мислам дека може единствено поагресивно да му пристапат на мечот. Не знам дали не потценија на првиот меч, но знам дека Македонија не им даде да играат на Белгијците онака како што знаат. Ако ние ја повториме таа игра од Скопје, и бидеме…
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше разочаран од своето осмо место на Големата награда на Сингапур, каде што доби казна од 5 секунди за повеќекратно спуштање во кривини. Хамилтон беше вмешан во овие спуштања поради проблеми со сопирачките. „Момците работат толку напорно секој викенд. Сочувствувам со целиот тим – од оние што ни обезбедуваат храна до одделот за маркетинг. Сочувствувам со момците во боксот и инженерите кои даваат сè од себе. Болидот не е на исто ниво со нашите конкуренти, особено имајќи ги предвид нивните подобрувања. Не можеме да се споредиме со нив. Затоа сме на работ, обидувајќи се да…
Три клуба од англиската Премиер лига – Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Њукасл – покажуваат интерес да го потпишат голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, на позајмица со опција за откуп, објави TEAMtalk. Според изворoт, раководството на каталонскиот клуб размислува за продажба на 33-годишниот голман, бидејќи младиот шпански голман Жоан Гарсија покажа импресивни настапи на почетокот од сезоната во Ла Лига. Во тековното првенство, 24-годишниот Гарсија одигра шест натпревари, прими само четири гола и трипати ја сочува мрежата. Откако дојде во Барселона во летото 2014 година, Тер Штеген имаше 422 настапи за клубот, помагајќи им на Каталонците да освојат шест титули…
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити и на шпанската репрезентација, Родри, се повреди и веројатно ќе ги пропушти претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство против Грузија и Бугарија. Родри, кој имаше сериозна повреда на коленото речиси една година, беше принуден да го напушти теренот во 22-та минута од победата на Сити со 1-0 над Брентфорд во англиската Премиер лига. Освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година беше одморен за натпреварите против Хадерсфилд и Барнли и се врати во почетниот состав за натпреварот од Лигата на шампионите против Монако претходно оваа недела и повторно започна против Брентфорд, но повреда на…
Според инсајдерот Марк Штајн, НБА тестира нов систем оваа предсезона кој ќе ги поврзува судиите не само едни со други, туку и со центарот за повторувања на снимките. Ова ќе овозможи моментална дискусија за контроверзни одлуки, ќе го забрза процесот на видео повторувања и ќе ја подобри точноста на судењето за време на натпреварите. Судиите сега ќе можат да се консултираат едни со други и со центарот за повторување без да го напуштат теренот, што ќе ги намали одложувањата и ќе ги минимизира грешките. Системот е дел од напорите на лигата за модернизација на судењето.
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Ерменија (10. октомври, „Петар Милошевски“, Битола) и против Црна Гора (14. октомври, Подгорица) од квалификациите за ЕП 2027. На списокот на селекторот Станиќ се следните 23 фудбалери: Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (АП Брера); Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Андреј Аризанкоски (АП Брера), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Нуман Ајетовиќ (Шкендија), Меметриза Хамза (Струга Трим Лум), Џезаир Авдули (Арсими); Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Лум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска),…
Тренерот на екипата на Шкендија, Јетон Беќири, по мечот со Рајо Ваљекано во 1. коло од главната фаза во Конференциската лига на УЕФА, истакна дека е задоволен од посветеноста на фудбалерите и искуството кое тимот го добива од учеството на вакви силни натпревари. „Знаевме дека играме против многу квалитетен противник, од можеби најдоброто првенство во светот, и нормално со можностите што ги имаме, се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе. Генерално, сум задоволен од посветеноста на играчите. Единственото нешто што останува за анализа е нашето лошо прво полувреме и начинот на кој ги примивме головите. Мислам дека во првото…
Синот на Зинедин Зидан, Лука, е повикан да настапи во репрезентацијата на Алжир за натпреварите против Сомалија и Уганда. 27-годишниот голман го промени своето спортско државјанство во септември. 27-годишниот голман е вклучен во репрезентацијата на Алжир за првпат откако ја смени својата спортска националност. Во октомври, Алжир ќе игра против Сомалија и Уганда во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Лука Зидан игра за Гранада од 2024 година, а од 2014 до 2018 година играше и за младинските репрезентации на Франција.
