Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Пуштени во продажба билетите за ракометниот спектакл „Легендите на сцена“
    Ракомет

    Пуштени во продажба билетите за ракометниот спектакл „Легендите на сцена“

    sasoBy saso06/10/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ревијалниот ракометен спектакл насловен како „Легендите на сцена“, кој беше најавен минатата седмица, ќе биде одлична можност за публиката повторно да види на дело некои од најголемите ѕвезди на овој спорт, кои претходно дел од својата кариера поминаа во македонските клубови.

    На 29 октомври 2025 година, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, овој уникатен настан ќе ги обедини на едно место најголемите македонски ракометни имиња од изминатите децении: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев.

    Покрај домашните легенди, на настанот поканети се Арпад Штербик, Жоао Кањелас , Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ ,Тимур Дибиров, Во улога на селектори и судии ќе се појават: Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шундовски, Ристо Магдинчев, Маријан и Драган Начевски, Горѓи Начевски – Славе Николов, Силвана Карбеска – Марија Илиева …

    Овој настан е како дел од прославата на 20 години Спортско радио 90,3 ФМ, единствениот специјализиран спортски медиум во Македонија, кој веќе две децении е гласот на спортот и верен следбеник на сите спортски херои и успеси.

    Билетите ќе бидат пуштени во продажба од денес (06.10.2025) во 14:00 часот онлајн на ticketx.com.mk, во билетарницата на СЦ Јане Сандански како и во продажната мрежа на TicketX низ цела Македонија по следниве цени и категории:

        • Блок 3, 8, 11 и 16 – 300 ден.

        • Блок 1, 2, 9 и 10 – 400 ден.

        • Блок 4, 5, 6, 7, 12, 13, 14 и 15 – 600 ден.

        • Блок А2, А3, А5 и А6 – 800 ден.

        • Блок А1 и А4 – 600 ден.

        • ВИП Партер – 3.000 ден. (само 50 билети)

    БИЛЕТИ – ЛИНК

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.