По вчерашниот пораз од Албанија (1:0), Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати оставката на селекторот Драган Стојковиќ Пикси, па репрезентацијата на натпреварот против Андора ќе ја води Зоран Бата Мирковиќ, актуелниот селектор на младинска репрезентација до 21 година. Ова е привремено решение додека не се назначи нов селектор. Вељко Пауновиќ, кој неодамна беше отпуштен од Овиедо, се споменува како главен кандидат. Андора и Србија играат во вторник во 20:45 часот. Србија моментално е трета во Групата К со седум бода од пет натпревари. Албанија има 11 бода од шест натпревари, додека Англија е на првото место со 15 бода.
Author: saso
Легендарниот НБА кошаркар, Жилберт Аренас е уверен во предвидувањето за шампионска титула на ЛА Лејкерс. „Што да очекувам од Лејкерси? Титула. Ако ја започнеме сезоната со пет победи по ред, ќе си направам тетоважа со „шампион“ со трофеј уште на стартот на сезоната. Ќе победиме без разлика дали Леброн е тука или не. Можеме да победиме уште двапати по ред. Но, оваа година, во 2026 година, сè е решено“, рече Аренас.
Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Серу Гираси, ќе биде подготвен за дербито во Бундеслигата следниот викенд против Баерн Минхен. Самиот напаѓач го напушти кампот на репрезентацијата на Гвинеја, но ќе биде достапен за натпреварот против Баварците, изјави портпаролот на клубот. Гираси претходно се пожали на проблем со тетивата, што доведе до загриженост кај навивачите на Дортмунд дека нема да биде достапен за натпреварот од врвот на табелата во сабота. Сепак, портпаролот на клубот изјави дека неговото учество не е во опасност и дека се во контакт со 29-годишниот играч, кој зел неколку дена одмор.
Барселона е заинтересирана да потпише договор со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Каталонците наводно се заинтересирани за перманентен договор со напаѓачот. Тимот од „Камп Ноу“ го доби англискиот репрезентативец од „црвените ѓаволи“ на позајмица за една сезона. Според изворот, Барса првично се сомневала дали потпишувањето на Рашфорд е правилна одлука, но клубот е пријатно изненаден од играта на напаѓачот и е подготвен да го потпише трајно за разумна цена. Барселона ќе мора да му плати на Манчестер Јунајтед 25 милиони фунти во фиксни хонорари и би можела да плати дополнителни 5 милиони фунти во бонуси.
Столе Димитриевски ужива во минутажата која ја добива како прв голман на македонската репрезентација и од натпревар во натпревар го покажува својот квалитет, а посебно воодушеви на вчерашниот меч против Белгија на кој беше последен столб во перфектната одбрана на нашиот тим. Димитриевски во Македонија ги добива сите шанси кои му недостасуваат како член на Валенсија, но неговото ново брилијантно издание за националниот тим не остана незабележано во Шпанија. Угледниот медиум од Валенсија, „Супердепорте“ го пофали македонскиот голман за перфектното издание против фаворизираната Белгија, па иако честитка пристигна и од Валенсија како клуб, најинтересни се пораките кои пристигнуваат од фан…
Килијан Мбапе беше повреден и заменет во победата на Франција од 3-0 над Азербејџан во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година. Тој доживеа болки во глуждот и побара да го напушти теренот во 83-тата минута од натпреварот, кога Флоријан Тoвин влезе на негово место. Неговата повреда ги загрижи не само „петлите“, туку и Реал Мадрид, каде што Мбапе е најдобар стрелец на тимот. „Тој има стара повреда на глуждот. Сега чувствува непријатност, што не е добро. Болката се смирува кога одмара. Сепак, сите знаеме дека контактот е неизбежен за време на натпреварот. Тој треба да помине низ обемни…
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, предвреме го напушти кампот на аргентинската репрезентација. 18-годишниот играч од средниот ред има истегнување на тетивата. Тој беше прегледан од лекарите на тимот, а потоа беше пуштен и ќе се врати во својот клупски тим. Мастантуоно не играше на пријателската победа од 1-0 над Венецуела во Мајами вечерва, а ќе го пропушти и пријателскиот натпревар против Порторико на 15 октомври. Сè уште не е јасно колку долго аргентинскиот играч за врска ќе биде надвор од терените.
Новата сезона во одбојкарските национални првенства стартува викендов, а ја отвораат натпреварите од Првата и Втората лига – жени. Вкупно 11 натпревари низ три дена треба да го обележат враќањето на возбудувањата на домашната сцена. Во најсилното женско друштво натпреварувањето стартува в сабота во 16 часот во СЦ „Форца“ во Скопје, кога ланскиот финалист Работнички Скопје ќе го пречека составот на Струмица жени, натпревар кој ќе има и ТВ снимка. Работнички Скопје во новата сезона се потпира на домашни, пред се репрезентативни сили, кои ќе водат битки и во националното првенство и Куп, но и на меѓународна сцена како дел…
На вчерашниот дуел со Белгија, Ѓоко Зајков беше неприкосновен во дефанзивната линија. По натпреварот и самиот го прокоментира дуелот во Гент и ремито (0:0). „Одигравме храбро и дисциплинирано во одбрана. Се разбира дека со вакви противници не може да се случува секогаш да ги надигруваме. Сепак, ние покажавме дека сме храбри, оставаме срце за Македонија и на крајот освоивме бод. Според мене ова е огромен резултат на гости во Белгија, но сега треба да се симнеме на земја. За три дена играме уште еден многу важен натпревар за кој треба колку-толку да се одмориме и да победиме, да освоиме три…
Фантастичниот Столе Димитриевски синоќа правеше чуда на голот на Македонија на гостувањето во Белгија. Македонија успеа да извлече реми и да остане на првото место во квалификациката група. „Доста тежок натпревар на белгиски терен. Тие беа навистина одлични, особено во офанзивата. Но, ние одигравме перфектен натпревар во одбраната. Беше тешко да се игра против ваква селекција. Не можеме така лесно да излеземе од прва во трета зона, бидејќи нè притискаа постојано. Но, пак ќе речам – дефанзивно одигравме без грешка. Од првиот натпревар во овие квалификации ние одиме на победа. Така да за нас прво место е историја, натпреварот со…
