Author: saso

Градот Софија и арената „Софија“ ќе бидат локацијата на која ќе се играат натпреварите од групната фаза, како и осмина и четвртфиналните дуели од Европското првенство 2026 во машка конкуренција. Тоа значи дека домаќинот Бугарија, репрезентацијата на Македонија, како и Полска, Украина, Португалија и Израел, кои се дел од групата Б на ЕвроВолеј 2026 ќе играат во Софија. Бугарската одбојкарска федерација првично ја имаше пријавено Варна како град-домаќин на ЕП 2026, со сала чии капацитет е три илјади гледачи. По успехот кој машкиот национален тим на Бугарија го имаше на Светското првенство минатиот месец кога играше финале и го освои…

Read More

За капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, е неспорно дека Ливерпул ова лето сериозно загуби на квалитет со продажбата на дел од фудбалерите од минатата сезона. „Мислам дека клубот заврши одлична работа во однос на трансферите, но тие сè уште не доведоа до никакви подобрувања. Јасно е дека изгубивме многу квалитет, што беше толку важно за нас во последните неколку години. Продадовме толку вешти играчи како Лучо [ Дијаз ], Нуњез , Куанса и Елиот. Моравме да ги замениме со квалитетни играчи, а знаеме колку е тежок денешниот пазар, но клубот одлично си ја заврши работата. Сега треба да работиме…

Read More

Фудбалската федерација на Косово објави дека официјално го формализираше новиот договор со селекторот Франко Фодa за уште 2 години. Со новиот договор, Фода ќе ја предводи репрезентацијата на Косово до крајот на 2027 година, со можност за автоматско продолжување во случај на квалификација за Европското првенство во 2028 година. Франко Фода ја презеде функцијата во февруари минатата година и оттогаш го предводеше Косово на 17 натпревари постигнувајќи 11 победи, 2 нерешени средби и само 4 порази.

Read More

Британската кошаркарска федерација потврди дека машката репрезентација на Велика Британија е суспендирана од сите меѓународни натпреварувања под капата на ФИБА и дека ќе ги пропушти претстојните натпревари. Поточно, како резултат на суспензијата, репрезентацијата на Велика Британија нема да го игра својот домашен натпревар против Литванија во Лондон на 27 ноември, ниту пак селекцијата ќе учествува на некои гостувања во овој период. Одлуката следува по создавањето на работна група на ФИБА за надгледување на ситуацијата во британската машка професионална лига. Меѓународната федерација објави привремени мерки насочени кон враќање на регулаторниот интегритет и обезбедување одржливо управување со машката кошарка во Велика Британија.…

Read More

ФИА ги прилагоди прописите за моторите кои ќе се користат за 2026 година. Следната сезона, Формула 1 ќе доживее промени, а една од клучните иновации ќе биде целосно редизајнираниот погонски склоп: 50% од моќноста ќе доаѓа од моторот со внатрешно согорување, а преостанатата половина од електричната компонента. Нови производители на мотори се „Ауди“ и „Ред Бул“, кои работат на свој мотор со поддршка од „Форд“. „Хонда“ исто така ќе се врати во серијата како партнер со полно работно време со „Астон Мартин“. Со толку многу нови учесници, ФИА призна дека тие би можеле значително да заостанат зад своите конкуренти, поискусните…

Read More

Големата турска ѕвезда вод ресот на Јувентуис, Кенан Јилдиз, е едно од најспоменуваните имиња на трансфер пазарот и како таков веројатно ќе остане и во текот на зимата. Ова лето, Челзи имаше понуда за турскиот репрезентативец која беше одбиена од Јувентус, а сега се зборува дека посебна стратегија за него подготвува Барселона. Јувентус, пак, е спремен да го продолжи договорот со 20-годишниот Турчин и да му ја подобри платата во обид да ги одврати потенцијалните додворувачи. Тековниот договор на Кенан Јилдиз со клубот од Торино е со важност до 2029 година.

Read More

Данецот Виктор Фрохолт, по извонредниот старт во дресот на Порто и неговиот одличен влез во данската репрезентација, сега веќе е на мета на неколку англиски премиерлигашки клубови. Според информациите кои доаѓаат од Островот, Манчестер Јунајтед и Тотенхем ја следат младата данска ѕвезда, и нема да биде изненадување доколку се обидат да го донесат во своите редови на крајот на сезоната. Извештаите од Португалија сугерираат дека Порто има поставено сериозна цена како отштета за новата данска ѕвезда во тимот, односно откупната клаузула во догогорот на Фрохолд е во висина од 85 милиони евра.

Read More
NBA

Екипата на Милвоки Бакс го продолжи договорот со еден од најдобрите шутери во лигата. Според инсајдер Шамс Чаранија, Еј Џеј Грин се согласил на четиригодишно продолжување на договорот со Милвоки во вредност од 45 милиони долари. Целата сума е загарантирана. Доколку преговорите не успееа, 26-годишниот кошаркар можеше да стане слободен агент следното лето, но сега е врзан со „Бакс“ со долгорочен договор. Еј Џеј Грин е еден од најдобрите стрелци во НБА. Минатата сезона, тој одигра 73 натпревари за Милвоки и имаше просек од 42,7 проценти од шутеви за три поени.

Read More

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз ги почна квалификациите за Европското првенство. Вечерва во Гумерзбах, нашите девојки беа поразени од Германија со 34-18 (14-8). Иако одигравме солидно во првиот дел, во второто полувреме Германките, особено во финишот, ја зголемија разликата која на крајот не чинеше повеќе од убедлив пораз. Апсолутниот фаворит во групата уште на стартот на квалификациите потврдува дека е најголем фаворит за директен пласман на ЕП. Емилијана Ризоска беше најдобра во нашата репрезентација со 8 гола, додека Ива Младеновска постигна четири.

Read More

Барселона ја разгледува можноста напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, да биде замената за Роберт Левандовски. Претходно беше објавено дека поранешниот играч на Баерн Минхен ќе ја напушти „блауграна“ ова лето. Договорот на српскиот репрезентативец со клубот од Торино истекува на крајот од тековната сезона. Освен Барселона, за играчот е заинтересиран и Баерн Минхен. 25-годишниот Влаховиќ постигна четири гола и имаше една асистенција на осум натпревари за клубот оваа сезона. 37-годишниот Левандовски постигна четири гола на девет натпревари.

Read More