Дефанзивецот на Ливерпул, Жереми Фримпонг ќе отсуствува неколку недели од терените поради повреда. Десниот бек на Ливерпул го започна натпреварот со Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите, но беше заменет по 19 минути игра. Фудбалерот ќе отсуствува неколку недели поради повреда на тетивата. Напаѓачот на „црвените“, Александар Исак, исто така, заработи повреда на препоните на овој натпревар и тој најверојатно ќе има пауза од неколку недели.
Author: saso
Владата на Западна Австралија останува непоколеблива во ставот дека Перт ќе биде домаќин на натпревар од Серија А меѓу Милан и Комо следната година, и покрај откажувањето на планираниот натпревар меѓу Барселона и Виљареал во САД. Со оглед на тоа што „Сан Сиро“ е на работ на недостапност поради Зимските олимписки игри, италијанската фудбалска федерација (FIGC) даде зелено светло за „росонерите“ да го играат натпреварот со Комо на 6 февруари во Перт, опишувајќи ја можноста да се одржи натпревар од Серија А во Австралија како „историска“. УЕФА „неволно“ даде согласност за натпреварот, како и за натпреварот од Ла Лига меѓу…
Откако загуби и синоќа на гостувањето кај Реал (М), Јувентус нема остварено победа на седум последователни натпревари. Во неделата, тимот на Игор Тудор загуби од Комо (0:2), по серија од пет нерешени резултати во италијанското првенство и Лигата на шампионите. Последен пат клубот од Торино победи на 13 септември против Интер (4:3) во Серија А. За тренерот на „Старата Дама“ следува период на големи предизвици, ако сака да си го задржи местото на клупата. Викендов Јувентус ќе игра на гостински терен против Лацио во рамките на 8. коло од италијанското првенство и овој меч во голема мера ќе ја одлучува…
Поранешниот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, кој беше отпуштен од тимот оваа година, може да се врати во Формула 1 како ко-сопственик на еден од тимовите. Според „Тајмс“, Британецот обезбедил поддршка од инвеститори кои се подготвени да издвојат над 2 милијарди долари. Ова ќе му овозможи на Кристијан да стекне до 100 проценти од акциите во еден од тимовите во Формула 1. Според информациите може да се очекува договор со кој било од тимовите освен оние од „големата четворка“ (Мекларен, Мерцедес, Ферари, Ред Бул). Исто така, договорот за разделба со Ред Бул, според кој менаџерот добил 80 милиони фунти…
Меѓународниот олимписки комитет изјави дека ќе препорача Индонезија да не биде домаќин на меѓународни натпревари откако земјата им забрани на израелските гимнастичари да учествуваат на Светското првенство во Џакарта. ИОК исто така, соопшти дека ги суспендира сите разговори со Индонезија за организација на идните Олимписки игри, Младински олимписки игри и конференции сè додека владата не обезбеди соодветни гаранции дека на сите учесници ќе им биде одобрен пристап, без оглед на националноста. Доколку овие гаранции не бидат обезбедени, ИОК ќе им препорача на меѓународните федерации да не организираат натпревари и настани во Индонезија, се вели во соопштението.
Шпанската фудбалска лига Ла Лига објави дека го откажува планираниот натпревар од лигата меѓу Виљареал и Барселона во Мајами, САД. „Ла Лига информира дека, по разговорите со организаторот на натпреварот во Мајами, вториот донесе одлука да го откаже настанот поради неизвесноста што преовладуваше во Шпанија во последните недели“, се вели во соопштението. Лигата изрази жалење што не можеше да ја искористи „оваа историска можност“ за првпат да го организира првиот натпревар од шпанската лига во странство. Обидите на Ла Лига да одржи натпревар во САД датираат од 2018 година, кога Барселона и Жирона требаше да одиграат натпревар во Мајами, но…
Актуелниот НБА шампион, Оклахома Сити Тандер ја отворија новата НБА сезона со победа над Хјустон Рокетс со 125:124 по две продолженија, а во вториот натпревар одигран синоќа Лос Анџелес Лејкерс беа поразени од Голден Стејт Вориорс на домашен терен со 109:119. Гилџес-Александер го понесе шампионот до стартна победа со 35 поени, по пет скока и асистенции, а Чет Холмгрен додаде 28 со седум украдени топки. Дурант постигна 23 и имаше девет скока за новиот свој тим, Хјустон. Сезоната не започна добро за ЛА Лејкерс, кои беа поразени од Голден Стејт Вориорс пред домашната публика. Без повредениот Леброн Џејмс не успеаја…
Лидерот во Формула 1 шампионатот, Оскар Пјастри уште еднаш потенцираше дека се надева дека ќе стане шампион оваа сезона. Возачот на Мекларен истакна дека веќе морал да учествува во тесна борба за титулата во јуниорските категории и затоа не се плаши од притисокот од Ландо Норис и Макс Верстапен. „Веќе бев во тесна конкуренција, која на некои места беше дури и поинтензивна од оваа. Затоа сфаќам дека работите сè уште би можеле да се свртат во моја корист. Сè уште сум уверен дека можам да ја освојам титулата, вели Пјастри кој по последниот викенд во Остин има 14 бода предност…
Според информациите од инсајдерот, Матео Андреани, Олимпијакос му понудил на НБА кошаркарот Џаред Батлер двегодишен договор од 3 милиони долари со бонуси. 25-годишниот плејмејкер можеби ќе ја продолжи кариерата во Грција, доколку реши да ја прифати понудата, но за него се зборува дека се интересира и белградска Црвена звезда. Ова лето, Батлер потпиша негарантиран едногодишен договор со Феникс и одигра четири предсезонски натпревари за клубот, постигнувајќи просек од 15,5 поени и 4,2 асистенции по натпревар. Сепак, Санс на крајот се откажаа од него. Во сезоната 2025/26, кошаркарот играше за Филаделфија и Вашингтон, учествуваше во 60 натпревари и имаше просек од…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим по победата над Ливерпул во дербито на Премиер лигата вчера, изјави дека е среќен од својот тим и очекува серијата добри резултати да продолжи. „Сè е важно за навивачите, особено две победи по ред по толку години, а за мене тоа е исто многу важно. Не е важно кој е противникот; најважно е чувството на победа. Сега е важно да се размислува за три победи по ред и тоа е најважно“, рече менаџерот на Манчестер Јунајтед. Манчестер Јунајтед за првпат победи на два натпревари во Премиер лигата по ред под водство на Рубен Аморим.…
