Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го има и официјалниот собир во рамките на ЕХФ неделата во која се планирани и две пријателски средби со селекцијата на Јапонија. Селекторот, Кирил Лазаров денеска по 13 часот ќе ја направи првата прозивка на повиканите ракометари за двата пријателски натпревари против Јапонија, кои треба да бидат и генерална проверка пред настапот на Европското првенство на почетокот на следната година. Откако Дејан Манасков испрати порака дека нема да игра за Македонија поради лошите односи со селекторот, Лазаров веднаш на негово место го повика ракометарот на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ. Првиот меч со Јапонија ќе биде…
Author: saso
25-годишниот шпански централен бек во екипата на Лацио, Марио Гила по победата од 1-0 против Јувентус зборуваше околу неговото останување во Рим и потпишување на нов договор. „Тоа е нешто за кое ќе размислам. Среќен сум тука во Лацио и за мојата сегашна улога. Мојот договор истекува во 2027 година, така што сè уште има време и ќе морам да размислам за тоа. Тоа е исто така прашање што ги засега моите агенти; ќе разговараме за тоа за кратко време“, потврдил Гила. Некогашниот младинец на Реал (М) оваа сеозна има 8 настапи за Лацио во Серија А.
Возачот во Мото3, Ноа Детвилер, ќе мора да оди на неколку операции по страшната несреќа пред трката во Сепанг. Во соопштението објавено во неделата навечер тимот на Детвилер соопшти дека тој ќе биде подложен на повеќе операции, откако беше удрен во задниот дел од Хозе Антонио Руеда во воведниот круг на правецот помеѓу третата и четвртата кривина. Двајцата возачи беа префрлени со хеликоптер во блиската болница. Руеда претрпе тежок потрес на мозокот, скршеница на раката и повеќекратни контузии. „Детвилер беше однесен во болница во Куала Лумпур и ќе треба да се подложи на повеќе операции. Тој е во добри раце…
Аналитичарот Сем Матерфејс го нарече Вест Хем Јунајтед веројатно најлошиот тим што го видел во Премиер лигата оваа сезона и ги критикуваше за недостаток на борба. „Чеканите“ се во големи проблеми во Премиер лигата бидејќи се наоѓаат на претпоследното место на табелата со само четири бода од девет натпревари. Промената на менаџерот, со Нуно Еспирито Санто кој го наследи Греам Потер, сè уште не дала посакуван ефект, а тактиките на Португалецот сега се доведуваат во прашање по поразите од Брентфорд и Лидс Јунајтед. „Тие можеби се најлошиот тим од Премиер лигата што сум го видел оваа сезона. Им недостасува дух,…
Уште еден кошаркар на ЛА Лејкерс се повреди. Овој пат станува збор за бекот Гејб Винсент. Винсент го извитка глуждот во третата четвртина од натпреварот против Сакраменто Кингс и куцајќи се упати кон соблекувалната. Рентгенските снимки покажаа дека нема фрактура. За 18 минути на теренот, бекот постигна 3 поени. Лејкерси, ќе бидат и без Лука Дончиќ најмалку една недела.
Иако го освои само 8 место, Луис Хамилтон пронајде некои позитивни страни во настапите во Мексико Сити овој викенд. Пилотот на „Ферари“ по казната од 10 секунди мораше да се задоволи со пласман само на осмата позиција. Хамилтон ги блокираше гумите во четвртата кривина додека се бореше со Макс Верстапен и потоа влезе во боксот. Првично, се претпоставуваше дека казната е поради тоа што Луис не успеа да се врати на патеката по пропишаната рута. Сепак, судиите беа незадоволни од фактот дека, откако доби предност со скратување на кривината, Британецот не успеа да го врати водството од Верстапен, кој претходно…
Тренерот на Јувентус, Игор Тудор се огласи по трите последователни порази на Јувентус во кој неговиот тим не успеа да постигне ниту еден гол. Синоќа тимот од Торино загуби од Лацио (0:1) во Серија А, а серијата без гол за Јуве достигна 4 натпревари. „Севкупно, тимот играше добро од самиот почеток, освен грешката на Дејвид и тој гол. Во тешка, тешка ситуација сме; треба да останеме обединети и да работиме заедно. Има разочарување бидејќи мислам дека добро се подготвивме, но секогаш се чини дека нешто ни недостасува. Стигнуваме до шеснаесетникот, но не можеме да постигнеме гол. Исто така, постојано си…
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, информираше за повредите на Вилијам Салиба и Деклан Рајс по победа против Кристал Палас во последното коло во Премиер лигата. Салиба беше заменет од Кристијан Москера на полувремето, а Рајс мораше да ја напушти играта во последните 10 минути. Артета призна дека не е сосема сигурен за сериозноста на повредите. „Вилијам Салиба почувствува болка. Деклан Рајс исто така. Салиба се опорави од нокаут што го претрпе. Со Деклан, навистина не знам што е точно, бидејќи беше болно, дали беше на листот или на Ахиловата тетива ќе видиме“, потврди Артета.
Американскиот кошаркар Џаред Батлер е новото засилување на Црвена Звезда. Поранешниот играч на Филаделфија и поранешен шампион на НЦАА со Бејлор потпиша договор со Црвена звезда. „Тој во нашиот тим внесува бројни квалитети на позициите плејмејкер и шутер бек, кои во моментов се ослабени поради отсуството на бројни играчи поради повреди“, објави белградскиот клуб. Џаред Батлер, кој има 25 години и е висок 191 сантиметар, беше избран од Њу Орлеанс Пеликанс на НБА драфтот во 2021 година. Тој досега одигра 148 натпревари во НБА, со просек од 6,7 поени, 1,5 скока и 2,8 асистенции, играјќи за Јута, Оклахома, Вашингтон и…
Капитенот на Лидс, Итан Ампаду, би можел да го пропушти петочниот натпревар со Вест Хем во Премиерлигата. Лидс се приближува кон зоната за испаѓање, откако нивниот позитивен почеток на сезоната почна да се расипува. Судирот на „Еланд Роуд“ е речиси битка да се остане надвор од „црвената зона“, а менаџерот на Лидс Ј, Даниел Фарке има сериозен проблем со повредите во тимот. Хари Греј исто така нема да биде во тимот за овој меч, а Фарке на прес-конференцијата пред натпреварот потврди дека Вилфред Њонто и Ноа Окафор постигнале одреден напредок, но не биле во можност да го завршат тренингот, што…
