Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Шошкиќ извонредно ја почна својата одисеја во американската колеџ лига (НЦАА). Тој со екипата на Стоуни Брук славеше со 66-59 над Фармингдејл стејт рфеализирајќи 20 поени во победата во стартното коло од новата сезона. Поранешниот кошаркар на Работнички реализираше 5/6 за два поени, ¾ за три поени, а имаше и 4/4 од линијата за слободни фрлања. На својата статистика додаде и четири скока и две украдени топки.
Author: saso
Легендата на Јувентус, Џиџи Буфон, во интервју беше прашан за тренерската промена во редовите на „Старата Дама“ и отказот за Игор Тудор. „Ми се чини дека имало некаков проблем со емпатијата со менаџментот. Читајќи ги весниците, се чини дека тоа е јасно. Само оние внатре ја знаат вистината. Гледајќи ги последните две или три интервјуа што ги даде… мислам на она по Комо. Новинар кој го слуша ова не може да постави следно прашање за тоа, но очигледно не го сфатиле. Изборот на Лучијано Спалети може да им гарантира на навивачите на Јувентус серија резултати што ги чекаат и навивачите…
Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство 2026, што ќе се одржи во Србија, откако во последниот квалификациски натпревар ја совлада селекцијата на Луксембург со 25-17. Овој триумф им го гарантираше првото место во групата на избраниците на селекторот Горан Кузманоски, кои на крајот собраа четири бода, исто колку и селекциите на Финска и Грција, но со најдобар меѓусебен скор.
Плејмејкерот на Атланта Хокс, Трае Јанг, ќе отсуствува најмалку четири недели поради повреда на коленото. Бекот на „Хокси“ се повреди пред четири дена во натпреварот против Бруклин (117:112) во НБА. „Јанг беше подложен на магнетна резонанца, која потврди скинат лигамент на десното колено. Играчот започна со рехабилитација и ќе биде повторно евалуиран за приближно четири недели“, се вели во соопштението на Атланта. Јанг (27) досега оваа сезона во НБА има просек од 17,8 поени, 7,8 асистенции и два скока по натпревар. Американските медиуми објавуваат дека кошаркарот на Атланта ќе пропушти најмалку 15 натпревари од НБА поради повредата.
Арсенал е прв фаворит за титулата во Премиер лигата. „Топчиите“ продолжуваат да напредуваат на врвот на табелата и сега се 7 бода пред најблискиот противник. Арсенал ја продолжи својата серија без пораз на 12 натпревари во сите натпреварувања. Тимот ја забележа својата седма последователна победа без примен гол, израмнувајќи го клупскиот рекорд поставен во 1987 година. Победничката серија на Арсенал е девет натпревари. Последниот тим што не загуби од „топчиите“ беше Манчестер Сити по нерешениот резултат 1-1 на 21 септември. Единствениот пораз на тимот досега оваа сезона беше од шампионот Ливерпул, со 0-1 на „Енфилд“ кон крајот на август.
Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, би можел да се врати на теренот пред крајот на календарската година, објави Скај Спортс. Тој е надвор од терените од јули, кога заработи скршеница на ногата за време на Светското клупско првенство во САД. Мусијала веќе ги продолжи тренинзите и Баварците очекуваат негово враќање наскоро. „Веруваме дека може да се врати во првиот тим некаде во декември. Нашите очекувања се дека ќе запише неколку минути во последните натпревари од годината и ќе биде 100 проценти подготвен во јануари“, изјави Макс Еберл за Скај.
40-годишниот Кристијано Роналдо изјави дека ќе игра фудбал сè додека му дозволуваат нозете. „Ал-Наср победи, а јас постигнав два гола, што е секогаш важно. Секогаш велам дека долговечноста се постигнува само преку страст. И сè уште ја чувствувам таа страст. Без разлика дали постигнувам голови или не, ова е мојот живот. Секогаш било така. Играм фудбал 23 или 24 години и ова е мојот живот. И затоа сакам да продолжам сè додека моите нозе ми дозволуваат“, рече Роналдо.
Витор Переира повеќе не е менаџер на Вулверхемптон откако беше отпуштен, само 45 дена откако потпиша нов тригодишен договор со клубот. Последниот натпревар на Португалецот како тренер беше поразот од 3-0 од Фулам во саботата, што 57-годишникот го опиша како „најлош настап“ на неговиот тим откако ја презеде функцијата. Резултатот ги остави Вулверхемптон на дното на табелата во Премиер лигата и без победа во првите 10 натпревари од сезоната.
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, нагласи колку му е важна поддршката од навивачите, по вчерашната победа над Астон Вила од 2:0. „Поддршката што ја добив повторно е она што го прави овој клуб посебен. Навивачите ми скандираа, беше одлично и навистина ми помогнаа. Кога ние, клубот и тимот, поминувавме низ тежок период, беше тешко и за мене“, рече Слот. Ливерпул се врати во ТОП 4 на табелата во Премиерлигата со надеж дека серијата лоши резултати остануваат во минатото.
Управниот одбор на Македонскиот Олимписки комитет ја одржа својата редовна седница на која едногласно беа донесени низа клучни одлуки за успешното работење и идниот развој на олимпизмот. Во главните точки спаѓаа усвојувањето на извештајот за ЕМОФ, именувањето на нов менаџерски тим и одобрувањето на новите олимписки стипендии за ОИ Лос Анџелес 2028, по што беа свечено потпишани и договорите со стипендистите. Во фокусот на седницата беше извештајот за Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, кој беше едногласно усвоен. Претседателот Даниел Димевски истакна дека настанот, со рекорден број учесници, е препознаен од Европските олимписки комитети (ЕОК) како настан на највисоко…
