Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство 2026, што ќе се одржи во Србија, откако во последниот квалификациски натпревар ја совлада селекцијата на Луксембург со 25-17.
Овој триумф им го гарантираше првото место во групата на избраниците на селекторот Горан Кузманоски, кои на крајот собраа четири бода, исто колку и селекциите на Финска и Грција, но со најдобар меѓусебен скор.

