Плејмејкерот на Атланта Хокс, Трае Јанг, ќе отсуствува најмалку четири недели поради повреда на коленото.
Бекот на „Хокси“ се повреди пред четири дена во натпреварот против Бруклин (117:112) во НБА.
„Јанг беше подложен на магнетна резонанца, која потврди скинат лигамент на десното колено. Играчот започна со рехабилитација и ќе биде повторно евалуиран за приближно четири недели“, се вели во соопштението на Атланта.
Јанг (27) досега оваа сезона во НБА има просек од 17,8 поени, 7,8 асистенции и два скока по натпревар. Американските медиуми објавуваат дека кошаркарот на Атланта ќе пропушти најмалку 15 натпревари од НБА поради повредата.

