Author: saso

NBA

Бранителот на титулата Оклахома Сити Тандер го победи Мемфис со 114-100 на гостински терен со што ја оствари својата 10-та победа во новата НБА сезона.Шеј Гилџес-Александар го предводеше својот тим до нова победа со 35 поени, седум скока и шест асистенции. Чет Холмгрен и Аџаји Мичел додадоа по 21 поен. Оклахома Сити е лидер во Западната конференција со скор од 10-1, додека Мемфис е 10-ти со четири победи и седум порази. Детроит ја победи Филаделфија со 111-108 на гостински терен за својата шеста победа по ред. Кејд Канингем го предводеше Детроит со 26 поени и 11 асистенции. Филаделфија, која беше…

Read More

Македонската репрезентација до 21 година на 13 и 18 ноември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе одигра два домашни натпревари од квалификациите за Европското првенство 2027. Продажбата на билети за натпреварите на македонската репрезентација против Шведска и Полска се одвива преку електронската платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола. Цената на билет изнесува 200 денари. Бидете поддршка за нашите фудбалски надежи во важните квалификациски натпревари.

Read More

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 13 и 18 ноември ќе биде домаќин на два квалификациски натпревари за Европското првенство 2027 против селекциите на Шведска и Полска. Двата натпревара ќе се одиграат на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Селекторот Горан Станиќ за претстојните натпревари со Шведска и Полска се одлучи да ги повика следните фудбалери: Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (А.П. Брера); Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Реџеп Мурати (Башкими), Меметриза Хамза (Струга Трим Љум), Џезаир Авдули (Арсими); Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека тимот треба повеќе да се фокусира на одбраната за да го намали бројот на шутевите кон нивниот гол. Јунајтед ремизираше 2-2 на гостински терен со Нотингем Форест во 10-то коло од Премиер лигата, а Аморим вели дека премногу лесно примаат голови. „Ако ја погледнете табелата, ќе видите дека тимот што води не прима голови. Ова е првенствено тимско прашање, бидејќи сè е меѓусебно поврзано. Понекогаш, ако напаѓате подобро, се браните поефикасно. Но, не можеме да продолжиме да примаме толку голови како што примаме сега. Треба да бидеме поагресивни. Во последниот натпревар, се…

Read More

Поранешниот фудбалер и тренер на Лацио, Роберто Рамбауди истакна дека „римските орли“ во јануарскиот преоден рок мора да се фокусираат на изнаоѓање решение за левата бековска позиција. „На Лацио во јануари му требаат бекови. Ако би можел, би потпишал со двајца, но лев бек е приоритет. Еве ќе кажам дека ми се допаѓа Миранда. Би го потпишал и Сом, а потоа и еден централен напаѓач, па дури и крилен играч би бил добар. На Лацио му требаат засилувања“, смета Рамбауди.

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го најави неделното дерби со Ливерпул истакнувајќи дека Ливерпул е нивен главен ривал и оваа сезона. „Тие се наши главни ривали во последните девет или десет години, па затоа нема потреба да се зборува колку се добри. Но, ние сме подготвени. Разговаравме многу за овој натпревар оваа недела, колку е важен. Задоволство е да се игра против Ливерпул и се надевам дека ќе можеме да одиграме добро. Искрено, возбуден сум и среќен што се подготвувам за натпреварот во недела. Со нетрпение очекувам повторно да играм во недела против Ливерпул. Ќе видиме што ќе се…

Read More

Управното тело на Светската федерација за водени спортови објави дека на руските ватерполисти ќе им биде дозволено да се натпреваруваат на меѓународни турнири почнувајќи од јануари. Руските спортисти ќе учествуваат на натпревари под неутрален статус и ќе им биде забрането да се поврзуваат со Русија на кој било начин. Истите правила ќе важат и за белоруските ватерполисти. Федерацијата на водени спортови е првата меѓународна федерација што им дозволува на руските спортисти да се натпреваруваат како неутрални учесници во тимски спортови.

Read More
NBA

Голден Стејт Вориорс се соочуваат со мноштво предизвици пред нивниот натпревар вечерва против Денвер Нагетс, откако Џими Батлер е под знак прашалник по повредата на грбот, а Стеф Кари е надвор од тимот поради влошување на симптомите на грип. Батлер го пропушти поразот на Вориорс од Сакраменто Кингс во среда, но се очекува да биде дел од тимот за овој меч. Главниот тренер Стив Кер ја опиша повредата на Батлер како „ништо сериозно“ и нагласи претпазливост. „Ќе играме на сигурно“, им рече Кер на новинарите. „Само сакаме да бидеме сигурни дека е добро“, дополнил тој.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија ја отвори продажбата на билетите за натпреварот меѓу Македонија и Летонија, кој ќе биде последен на фудбалерите оваа година во Скопје. Средбата ќе биде од пријателски карактер, а за нас доаѓа во клучен момент и пред решавачкиот натпревар од квалификациите за Светското првенство. Македонија ќе му гостува на Велс, па против Летонците ќе треба да се воиграат и последните детали во борбата за мундијалски бараж. ФФМ објави дека билетите ќе чинат по 200 и 300 денари, а отворени ќе бидат само јужната и северната трибина.

Read More

Токму кога Џан Пјеро Гасперини се чинеше дека го пронајде клучот за конечно да го среди нападот на Рома, дојде студен туш. Пауло Дибала, кој во последните недели стана клучна фигура во нападот како лажна деветка, е принуден да оди надвор од терените на одреден период. Аргентинецот заработи повреда на флексорниот мускул на левата бутина по промашениот пенал во последните минути од натпреварот со Милан. Денес тој ќе биде подложен на рутински тестови за да се процени степенот на повредата. Првичните впечатоци не се охрабрувачки, а и самиот Гасперини, по натпреварот на Сан Сиро, наговести дека Дибала веројатно нема да…

Read More