По вчерашното реми со Летонија на пријателскиот меч во Скопје, нашиот репрезентативец Андреј Стојчевски истакна дека ремито без голови е резултат кој не го радува никого. „Има разочараност од екипата затоа што не победивме денес. Теренот беше ист за двете селекции, во дефанзивата добро функциониравме. Ни фалеше гол во нападот, но што е тука е, одиме во Велс да покажеме што знаеме и дека ништо не е случајно од ова што го градевме. Добра е атмосферата во екипата, одиме на победа и се надевам дека ќе се вратиме со три бода“, изјави Стојчевски. Македонија сега се подготвува за мечот со…
Author: saso
Фудбалската репрезентација на Македонија го одигра контролниот натпревар против Летонија, а дуелот во Скопје на Арената „Тодор Проески“ заврши со резултат 0:0. Овој тест-натпревар беше увертира за мечот против Велс во Кардиф, кој ќе одлучи кој ќе биде второпласиран во групата од квалификациите за СП 2026, позиција која носи и повеќе поволна позиција во баражот за настап на СП во САД, Канада и Мексико. Селекторот Милевски дуелот го почна со мешан состав. Немаше неколку носители во играта во првиот тим, на нивно место играа Ашковски, Стојчевски, Растодер, Ристовски и други. Дуелот почна со многу жестоки дуели, без многу шанси и конкретни закани. Се чекаше на првиот обид до 24. минута, кога…
Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, ги повика своите навивачи да „продолжат да сонуваат“ за Скудетото (италијанската титула) додека се на врвот на Серија А. Интер и Рома се изедначени со 24 бода на врвот на табелата, при што двата тима имаат осум победи и три порази од почетокот на сезоната. „Секој е слободен да продолжи да сонува“, изјави Гасперини за телевизијата TG1, додавајќи: „Можеме само да се надеваме дека кога ќе дојде време да се разбудиме, глетката ќе биде пријатна, но во меѓувреме мора да уживаме во моментот“. Џан Пјеро Гасперини нема намера да ги спречи навивачите да ја…
Капитенот на германската фудбалска репрезентација, Џошуа Кимих, ќе го пропушти утрешниот квалификациски натпревар за Светското првенство против Луксембург, објави Германскиот фудбалски сојуз. „Нашиот капитен заработи лесна повреда на десниот зглоб за време на вчерашниот тренинг. Тој ќе патува со тимот во Луксембург, но нема да учествува во натпреварот“, напишаа од Германскиот фудбалски сојуз. Кимих, кој има 105 натпревари и 10 гола со дресот на Бундестимот, ја носи капитенската лента од 2024 година. Германија гостува во Луксембург во петок за претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Тимот е прв во Групата А со 9 бода, додека нивниот противник…
Француската фудбалска репрезентација би можела да одигра пријателски натпревар против Бразил напролет 2026 година, објави „Канал+“. Натпреварот меѓу двата светски шампиони е закажан за 28 март во Бостон, но неговата конечна реализација зависи од тоа дали „петлите“ ќе обезбедат место на Светското првенство овој месец. Бразил е веќе меѓу учесниците на Светското првенство, додека Франција ја предводи групата „Д“ во квалификациите и ѝ е потребна само една победа во последните два натпревари за да го обезбеди пласманот. Селекцијата на Дидие Дешамп вечерва е домаќин на Украина во Париз, а на 16 ноември ќе гостува кај Азербејџан во својот последен натпревар…
Манчестер Јунајтед е заинтересиран да го врати играчот кој потекнува од нивната академијата, а моментално е играч на Наполи, Скот Мектоминеј, објавија неколку медиуми на Островот. Според изворот, клубот од Наполи не одредил цена за 28-годишниот фудбалер, но тимот што го бара ќе мора да плати најмалку 50 милиони евра. Њукасл и Тотенхем исто така покажуваат интерес за Мектоминеј. Се нагласува дека, најверојатно, шкотскиот играч од средниот ред нема да инсистира да го напушти Наполи, во кој се пресели од Манчестер Јунајтед во летото 2024 година. Мектоминеј одигра 255 натпревари за сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, постигнувајќи 29…
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година попладнево со почеток од 17:00 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, ќе го одигра петтиот натпревар во овој циклус квалификации за Европското првенство. Противник е селекцијата на Шведска, која исто како и нашиот национален тим има забележано само една победа. Избраниците на селекторот Горан Станиќ се подготвуваа во Охрид и од таму најавија далеку подобар пристап на денешниот дуел. Младите надежи се надеваат на многу подобар настап од последните неколку средби и атак на втор триумф.
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ќе го одигра пријателскиот натпревар против Летонија, во пресрет на завршницата од овој квалификациски циклус, гостувањето против Велс во Кардиф. Селекторот Благоја Милевски и неговите избраници најавија дека на мечот нема да се влезе калкулантски, туку со желба за победа и дополнителна самодоверба пред гостувањето кај Велс. “Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот против Велс во Кардиф. Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции, како на тактички план, а и да видиме физички во каква состојба се сите фудбалери. Летонија…
Шампионот на Еурофарм Пелистер го совлада Пик Сегед со 25:24 во средбата од 7. коло во групата Б во Лигата на шампионите. „Зелено-белите“ покажаа карактер, истрајност, упорност и водени од навивачите се изборија за голем триумф во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. „Го започнавме натпреварот со неверојатна одбрана, мислам дека ПИК Сегед го сфати тоа и почна да игра „седум на шест“. Имавме неверојатен голман во првиот дел, но со таа игра „седум на шест“ противникот дојде до лесни шутеви и ни направи проблем. Во вториот дел се боревме и ние и тие, плус еден за нас, плус еден за…
Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 ќе започнат со финалето на 100 метри за жени на првиот ден и финалето на 100 метри за мажи на вториот ден, вели претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу. Церемонијата на отворањето на Игрите ќе биде на 14 јули, а церемонијата на затворање на 30 јули, при што атлетиката – која ќе се одржува во текот на сите денови на Игрите – ќе започне во првата недела, а пливањето во втората. Додека го изложуваа распоредот, организаторите на Игрите рекоа дека тоа ќе бидат најголемите Олимписки игри „со 36 спортови и 51 дисциплина на 49…
