Македонската машка клупска одбојка ќе има претставник во европските клупски купови и во Новата година, со оглед на тоа дека Штип УГД запиша историски триумф од максимални 3:0 (25:18, 25:23, 25:16) против норвешки Кол Ил и преку “златен сет”, кој го доби со убедливи 15:8, обезбеди пласман во следната рунда на ЦЕВ Челинџ купот. Синоќа во салата “25 Мај” во Радовиш, македонскиот претставник одигра натпревар како по ноти, во кој беспрекорно функционираа сите елементи. Дисциплинираната игра овозможи Штип УГД да ја анулира негативата од 3:1 што ја имаше од првиот меч во Осло и по само 80-тина минути игра да…
Author: saso
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје А. вечерва во салата „Јане Сандански“ ќе го одигра и четвртиот меч од новата сезона во регионалната АБА 2 лига. По две победи и еден пораз, „штрковите“ се надеваат на трет успех против екипата на Јахорина. „Пред нас е натпревар во кој мораме да одиграме најдобро што знаеме и да дојдеме до значајна победа, со која ќе останеме во горниот дел од табелата. Јахорина можеби е дебитант во АБА2, но е екипа за почит, со состав кој никако не смее да биде потценет. Двете досегашни победи го потврдуваат тоа. Но, сигурен сум дека квалитетот и…
Со скоро комплетен ростер и голем ентузијазам, ракометарите на Е. Пелистер денеска во Унгарија го очекуваат возвратниот меч до групната фаза на Лигата на шампионите против екипата на Пик Сегед. Тренерот Гарабаја во очекување на дуелот вечерва (18.45 ч.) вели дека внимателно му пристапуваат на мечот денеска. „Секогаш е убаво кога се добиваат натпревари во Лигата на шампионите. Тоа можат да го прават само топ-тимови од континентот. Задоволни сме од триумфот во Битола, но во исто време сме внимателни пред возвратниот дуел. Ќе биде потешко од првиот меч, тоа е сигурно. Добро е што полека се враќаме после сите оние…
Денвер го победи Њу Орлеанс со 125:118 на гостински терен и ја оствари 11-тата победа во тековната сезона. Уште едно блескаво издание имаше српскиот центар Никола Јокиќ кој го запиша својот деветти трипл-дабл оваа сезона. Тој запиша 28 поени, 12 асистенции и 11 скока за 36 минути на теренот. Најефикасен играч на Денвер беше Пејтон Вотсон со 32 поени. Кошаркарите на Торонто ја победија Филаделфија со 121:112 на гостински терен. Најефикасни играчи кај Торонто беа Ар Џеј Барет и Брендон Инграм со по 22 поени. За Филаделфија, Тајрис Макси постигна 24 поени. Мајами го победи Голден Стејт со 110:96 на…
По убедливиот пораз од Велс во последното коло од квалификациите за СП 2026 со 7:1, шпекулациите околу селекторското место во националниот тим полека добиваат интензитет. Се погласно се зборува дека во Фудбалската федерација на Македонија размислуваат за ново селекторско име кое ќе го замени досегашниот предводник Благоја Милевски, чиј договор заврши со последниот меч во Кардиф. За позицијата ќе се разговара на следната седница на управниот одбор на федерацијата која ќе се одржи најверојатно веќе следната недела. Милевски денеска ќе биде во Цирих на ждрепката за одредување на двојките за баражите, а таму ќе бидат и првиот човек на ФФМ,…
Шеснаесет репрезентации меѓу кои и Македонија, денеска ќе се најдат во садовите од каде ќе се одредуваат двојките за плеј-оф натпреварите за пласман на Светското првенство во 2026 година. 12 второпласирани селекции од групната фаза на квалификациите плус четири репрезентации кои се квалификуваа преку Лигата на нации на УЕФА ќе ги добијат своите ривали во плеј-оф полуфиналето, но и можните ривали за финалниот бараж меч кој ќе води на Мундијалот. Потврдени во плеј-офот како второпласирани од квалификациите во Европа се: Албанија, Босна и Херцеговина, Чешка, Данска, Италија, Косово, Полска, Република Ирска, Словачка, Турција, Украина, Велс, додека четирите селекции кои преку…
Од Кардиф, САШО КУЗМАНОВСКИ (Спортско радио 90.3 фм) Во очекување на утрешниот натпревар со нашата фудбалска репрезентација, денеска прв на прес-конференција се појави селекторот на Велшаните, Крег Белами. Тој зборуваше за огромната важност на утрешниот дуел за неговиот тим, особено за обезбедување подобро место во бараж натпреварите во март. „Што и да кажеме, ова за нас е еден голем натпревар, огромен. Мислам, можам да ве излажам ако сакате и да ви кажам дека не е така, но знаете, ајде, да завршиме втори и да имаме домашен натпревар во плеј-офот, тоа е голем влог. Ако завршиме четврти, натпреварот на гости и…
По разделбата со тренерот Алпарслан Ердем, Работнички денеска го претстави новото тренерско решение за тимот. Станува збор за 50-годишниот српски стратег Ален Тупајиќ. Тупајиќ денеска беше промовиран во тимот од Дебар Маало и ќе има исклучително тешка задача во преостанатиот дел од сезоната да го „крене“ тимот кој се наоѓа при самото дно на табелата. Тупајиќ е тренер кој претходно работеше на кормилото на екипата на Бор, а беше асистент, па подоцна и тренер во бугарскиот клуб Литекс од Ловеч.
ПСЖ го продолжи договорот со дефанзивецот Вилијан Пачо за една година, објавиј афранцуските медиуми. Ова официјално ќе биде објавено за две недели. Во исто време, парискиот клуб ја зголеми платата на 24-годишниот еквадорски репрезентативец. Претходниот договор на Пачо со ПСЖ траеше до јуни 2029 година. Пачо се пресели во ПСЖ во летото 2024 година од Ајнтрахт Франкфурт за 40 милиони евра.
Карло Анчелоти верува дека Чаби Алонсо ќе биде успешен како менаџер на Реал Мадрид. „Мислам дека тој има солиден тим, особено во одбраната, и многу силен напад. Мбапе се снаоѓа одлично, Белингам се врати. Мислам дека Чаби ќе може да успее без никакви проблеми“, рече поранешниот тренер на Реал Мадрид, кој сега ја предводи бразилската репрезентација.
