Author: saso

NBA

НБА натпреварите емитувани на американските телевизии привлекоа повеќе од 60 милиони гледачи во текот на првиот месец од регуларната сезона. Лигата објави дека ова е највисоката почетна гледаност во последните 15 години. Овие бројки не ја вклучуваат сезоната 2011-12, која започна на Божиќ. Содржината поврзана со НБА собра повеќе од 30 милијарди прегледи на страниците на социјалните медиуми на лигата и платформите на трети страни, што е рекорд за оваа фаза од сезоната. Претплатите за NBA League Pass пораснаа за 10%, додека времето поминато во гледање натпревари на платформата се зголеми за 8%. Посетеноста на арените е на исто ниво…

Read More

Легендарниот хокеар Александар Овечкин стана само шестиот играч во историјата на НХЛ кој постигнал хет-трик со навршени 40 или повеќе години. Капитенот на Вашингтон постигна хет-трик и асистенција во натпреварот од регуларната сезона на НХЛ против Монтреал (8:4). Русинот стана 6-тиот играч во историјата на лигата кој постигнал 3 гола во натпревар од регуларната сезона на возраст од 40 години. Тој им се придружи на Горди Хау, Џони Буцик, Никлас Лидстром, Тиму Селан и Јаромир Јагр, кои досега успеаја да го направат ова.

Read More
NBA

Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Домантас Сабонис, заработи скинат менискус на левото колено и ќе биде повторно надвор од терените во пеирод од три до четири недели. Сабонис го пропушти натпреварот против Оклахома Сити поради, како што ја опиша тимот, болка во левото колено. Понатамошните тестови покажаа кинење на менискусот, поради што Сабонис ќе отсуствува барем до Нова година. Центарот го пропушти првиот натпревар од сезоната поради истегнување на тетивата, како и уште два натпревари претходно овој месец поради проблем со ребрата. Сега, скинатиот менискус ќе го оневозможи да настапи и на следните 10 натпревари.

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, ќе биде отсутен од терените во период од три недели поради повреда на солеусот. Дефанзивецот на Јуве има делумно кинење на мускулот на десната нога, потврдија синоќа од италијанскиот состав. 31-годишниот играч ја здобил повредата за време на тренинг во вторникот. Во исто време, дефанзивците Хуан Кабал и Лојд Кели се вратија во првиот тим и денеска ќе тренираат со екипата подготвувајќи се за викенд натпреварот.

Read More

Манчестер Сити сака да го продолжи договорот со еден од своите најдобри фудалери, Фил Фоден. Манчестер Сити е пред продолжување на договорот со фудбалерот, а според „Дејли меил“, се очекува преговорите да започнат наскоро. Сегашниот договор важи до 2027 година. Договорот на Родри исто така истекува за сезона и пол очигледно нема да биде продолжен наскоро, бидејќи Сити нема да брза со неговиот трансфер. Тие прво сакаат да го видат како ќе тече конечното закрепнување на Шпанецот од повредата на коленото поради која мораше да ја пропушти речиси цела мината сезона. Договорот на Џон Стоунс, кој важи до 2026 година,…

Read More

Столе Димитриевски вчера се врати во Валенсија на клупски обврски по тешкиот пораз кој го претрпе Македонија во Кардиф, но пречекот во шпанскиот град не беше воопшто добар, пред се поради фактот што новинар на „Ел Чирингито“ го следеше македонскиот голман од аеродромот, па се до влегувањето во автомобилот. Причина за тоа беа експлозивните изјави кои ги даде Димитриевски при гостувањето во подкастот на Стефан Лазаров, па иако Столе вчера не сакаше ништо јавно да каже пред камерите, ова утро имал разговор со тренерот Карлос Корберан, по кој заклучил дека направил голема грешка. Македонскиот чувар на мрежата лично му се…

Read More

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, кој го следеше извлекувањето во Цирих, вели дека во оваа фаза нема лесни противници. „За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме било каква прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме…

Read More

Против селекцијата на Данска, Македонија досега има одиграно три натпревари. Од нив два беа официјални и тоа во првиот наш циклус квалификации за ЕП 1996 година. На домашен терен одигравме 1:1, а на гости бевме поразени со 1:0. Единствената победа над Данска ја имаме на пријателски натпревар одигран во 2013 година, кога славевме со 3:0. На тој натпревар во Скопје головите за победа на Македонија ги постигнаа Пандев, Ибраими и Новески. Против селекцијата на Чешка со која може да се сретнеме во финалето на плеј-офот, на четири меѓусебни средби немаме ниту една победа (едно реми и три порази), додека против…

Read More

Денес во Цирих се одржа ждрепката за плејофот за квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Македонската фудбалска репрезентација за противник во полуфиналето на баражите ја доби селекцијата на Данска. Полуфиналето ќе го играме на гостински терен на 26 март, но и доколку направиме изненадување, во финалето на баражот (31 март) ќе бидеме гости и тоа против победникот од дуелот меѓу Чешка и Р. Ирска. Во останатите бараж дуели ќе се сретнат: Патека А Полуфинале Италија – Северна Ирска Велс – Босна и Херцеговина Патека Б Полуфинале Украина – Шведска Полска – Албанија Патека Ц Полуфинале Турција – Романија Словачка…

Read More

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на првиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029. Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а првиот собир е закажан за 24 ноември (понеделник), со почеток во 10:30 часот во салата на СРЦ „Кале“. Кошаркарите ќе одиграат два натпревари во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“, и тоа против соодветните национални селекции на Азербејџан и на Ирска. На 27 ноември го пречекуваме Азербејџан на домашен терен, а на 30 ноември гостуваме кај Ирска. На списокот на повикани кошаркари се најдоа:Војдан Стојановски –…

Read More