Легендарниот хокеар Александар Овечкин стана само шестиот играч во историјата на НХЛ кој постигнал хет-трик со навршени 40 или повеќе години.
Капитенот на Вашингтон постигна хет-трик и асистенција во натпреварот од регуларната сезона на НХЛ против Монтреал (8:4).
Русинот стана 6-тиот играч во историјата на лигата кој постигнал 3 гола во натпревар од регуларната сезона на возраст од 40 години. Тој им се придружи на Горди Хау, Џони Буцик, Никлас Лидстром, Тиму Селан и Јаромир Јагр, кои досега успеаја да го направат ова.

